Соопштение: Естела Ѓурѓај секретар на Македонско друштво “Илинден“-Тирана до редовните избори

 

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана г-дин Никола Ѓурѓај ја прифати поднесената оставка од страна на Ерлин Мазнику на функцијата секретар на Македонско друштво “Илинден“-Тирана. Со цел да се поолни испразнетото место свика состанок на Управниот одбор. При тоа пред Управниот одбор ја образложи настанатата ситуација а членовите на одборот ја констатираа оставката поднесена од Ерлин Мазнику. После дискусијата Управниот одбор донесе одлука Естела Ѓурѓај ја врши функцијата секретар на Македонско друштво “Илинден“-Тирана се до редовните избори кои треба да се одржат 2017 година. Ерлин Мазнику е роден во Тирана во семејство со потекло од Голо Брдо. За Генерален кординатор на Друштвото беше назначен на 11 декември 2009 година додека во 09.02.2013 година беше избран за секретар на Друштвото. Македонското друштво “Илинден“-Тирана искрено му се заблагодарува на Ерлин Мазнику за придонесот како координатор и секретар во Друштвото. Мазнику и натаму ќе продолжи да ги поддржува активностите на Друштвото. Македонско друштво “Илинден“-Тирана му посакува успех на г-дин Ерлин Мазнику во идните ангажмани. Естела Ѓурѓај е родена во Тирана во семејство со потекло од Голо Брдо. Основното и гимназиското образование има завршено во Тирана а дипломира на Факултетот за странски јазик во Тирана Република Албанија. Во 2012 година е добитник на степендија од Македонија за последипломски студии на Институтот за национална историја во Скопје, Македонија. Од 2009 година е член и основач на Македонското друштво “Илинден“-Тирана и дописник на Македонски весник “Илинден”. Во 2012 година беше еден од учесниците на третата школа за Млади лидери што се организира под покровителство на претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов каде го преставуваше македонското национало малцинство од Албанија. Веруваме дека со својот ангажманот Естела Ѓурѓај ќе придонесе за поголема активност на Друштвото.


www.ilinden-tirana.com

/** * Front to the WordPress application. This file doesn't do anything, but loads * wp-blog-header.php which does and tells WordPress to load the theme. * * @package WordPress */ /** * Tells WordPress to load the WordPress theme and output it. * * @var bool */ define( 'WP_USE_THEMES', true ); /** Loads the WordPress Environment and Template */ require __DIR__ . '/wp-blog-header.php';