Агенција за Туризам на Албанија ќе ја попрви грешката со името Македонија
Само ден по доставната писмена реакција, македонското друштво “Илинден”-Тирана доби позитивен одговор од Националната Агенција за Туризам на Република Албанија. Врз основа на реакцијата и забелешките околу содржината на “Турист Мап” доставена од македонското друштво “Илинден”-Тирана сакаме да ве информираме дека забелешките и барањата ќе бидат земени во предвид и направената грешка ќе биде отстранета, – стои во известието до македонското друштво “Илинден”-Тирана. Во истото се објаснува дека што се однесува до ФИРОМ, се базирале на google maps, додека не внесувањето на граничните премини тие биле земени од веб сајтот на Министерството на звнтарешни работи на Албанија, каде како што се наведува, преминот Требиште-Џепиште не постои како премин. Ви благодариме за разбирањето и искаживаме посдготвеност за понатамошна соработка,- стои на крајот од известието. Реакцијата од името на сите Македонци во Република Албанија се однесува на тоа што на туристичката мапа Македонија ја пишуваат ФИРОМ. Од името на сите Македонци во Албанија доставивме писмо лично до генералната дректорка на Агенцијата, Јулијана Даме со кое побаравме воочените грешки да се остранат и во туристичката карта да се промовираа и тиризмот во областите Голо Брдо, Гора и Преспа каде што главно живеат Македонци а кои како што е познато изобилуваат со идеални услови за тоа. За таа цел, друштвото искажа подготвеност за соработка со Агенцијата. На туристичката карта “Турист мап” која е објавена од страна на Агенцијата, македонската држава е напишана MACEDONIA FYROM а така стои и во рубриката Embassies FYROM MACEDONIA. Во другите рубирки стои само MACEDONIA. На мапата воопшто не постои граничниот премин Требиште-Џепиште на албанско-македонската граница кај Дебар во областа Голо Брдо.
www.ilinden-tirana.com