Македонија во Топ 10 дестинации кои треба да се посетат според “Њујорк Тајмс“
Престижниот весник “Њујорк Тајмс“ објави листа со 52 земји како дестинации за посета во 2015 година, а Македонија се најде на високотo 10 место. Според весникот, тоа се должи на фактот што Македонија е богата со планински предели, манастири, а го има и прекрасното Охридското езеро. Во текстот е наведено и дека во земјата се произведува најубавото вино, а мора да се вкуси и вкусната традиционална кујна, издвојувајќи ги чорбата и пастрмајлијата. Во првите 10 места на оваа листа се најдоа Италија, Куба, Филадејфија, Сингапур, Јужна Африка и многу други светски локалитети.
www.ilinden-tirana.com