News

Соопштение за медиумите:

 

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо категорично ги негира тврдењата на Друштвото за бугарско-албанско пријателство дека во Албанија живеат Бугари. Објавените соопштенија во веб порталот татковина.мк им порачуваме да не бидат ментори и со нивното помагање во однос на соопштенијата со кои се обидуваат да ја оцрнат и омаловажат борбата на Македонско друштво ‘’Илинден’’-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо во однос на правата на македонското национално малциство во Албанија. Согласно реалната состојба во Албанија, Македонско друштво ‘’Илинден’’-Тирана уште еднаш ги отфрла тврдењата Друштвото за бугарско-албанско пријателство од Корча, дека во Албанија има население кое се чувствува како Бугари. Според тоа македонското национално малцинство во Албанија ја оценува како груб фалисфикат на историјата и вистината. Во територија на Република обидот нивноата националност да се прикаже како бугарска, и нагласуваат дека во Албанија ниту имало, ниту денес има Бугари. Секако, ова не се однесува на членовите на Друштвото за бугарско-албанско пријателство од Корча, кои со своето одродување и со земените бугарски пасоши се обидуваат да создадат привид за постоење на Бугари во Албанија. Секако, нивниот број е беззначаен, податок кој е познат на целата јавност и број кој е недостоен за разговор. Поради тоа бугарската политика манипулира со цифрата која е валидна за постоечкото македонско национално малцинство во Албанија.


www.ilinden-tirana.com

Соопштение:

 

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана го осудува тврдењето на Друштвото за бугарско – албанско пријателство од Корча. Категорично ги негираме тврдењата на Друштвото за бугарско – албанско пријателство дека во Албанија живеат Бугари. Македонско друштво ‘’Илинден’’-Тирана ги отфрла тврдењата Друштвото за бугарско – албанско пријателство од Корча, дека во Албанија има Бугари, како груб фалисфикат на историјата и вистината. Во територија на Република Албанија ниту имало ниту има Бугари, така било, така и ќе остане. Членовите на Друштвото за бугарско – албанско пријателство од Корча со земените бугарски пасоши се обидува да создава Бугари во Албанија кои ги нема.


Македонско друштво “Илинден”-Тиранa

Претседател Никола Ѓурѓај

Пети роденден на Mакедонскиот весник “Илинден”

Пред пет години, како двоброј за фебруари и март, беше испечатено првото издание од македонскиот весник “Илинден” весник на Македонското друштво “Илинден”-Тирана. Имајќи го во предвид фактот што во изминативе пет години, весникот предизвика голем интерес кај читателската публика во Република Албанија и сред Mакедонската дијаспора ширум светот. Според бројната дописка, која пристигнува на електронската пошта на Редакцијата на Македонски весник “Илинден” како и од другите преписки со читателите, забележително е дека во петгодишниот период весникот прерасна во медиум кој со сериозноста и пристапот во објавувањето на темите, е интересен и корисен за Mакедонско национална малцинство во Република Албанија, но и за промоција на активностите на Македонската дипломатија во правец на подобрување на животот на Македонското население вон границите на својата држава. Во дел од дописите се истакнува и тоа дека читателите искажуваат „особена почит кон Редакцијата, која на најдобар можен начин одбра да ја промовира македонштината во овие бурни времиња преку пишаниот збор. Нивната мисија да го одржуваат и поттикнуваат македонскиот идентитет во Република Албанија преку културен израз целосно ја остваруваат. Сакаме да веруваме дека ваквата нивна активност ќе биде соодветно поддржана од државните институции како во Република Албанија така и во Република Македонија, но и од Македонците ширум светот. По повод петгодишниот јубилеј на Македонски весник “Илинден” од Тирана, Редакцијата има чест да ги поздрави и да им се заблагодари на сите свои соработници, кои несебично помогнаа во конципирање на тематската и визуелната содржина на весникот. Воедно, Редакцијата се заблагодарува и на читателската публика, која со покажаниот интерес кон содржините што ги понуди весникот покажа дека тој навистина ја допре сржта на проблемите на Македонците во Република Албанија.

 

 

 

www.ilinden-tirana.com

Благодарници “Илинден” по повод осумгодишнината од основањето на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана

Претседателот на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана г-дин Никола Ѓурѓај, по повод осумгодишнината од основањето и плодната работа на друштвото, донесе одлука да додели Благодарници “Илинден”. Благодарницата се дава на лица за нивните особени заслуги за научниот и стручниот ангажман и перманентните активноси во насока на зачувување и одржување на македонскиот идентитет на припадниците на македонското национално малцинство во Република Албанија. Предложените лица за добивање на Благодарница “Илинден” покажале особен придонес за животот, историјата, културата и зачувување на автентичната македонска традиција. Со тоа помагаат за подобрување на секојдневието на македонското национално малциство во Република Албанија и афирмација на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана. Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана од неговото формирање на 06.02.2009 година во Тирана, Албанија континуирано работи на заштитата на етничкиот, јазичниот, културниот идентитет и национални традиции на македонското национално малцинство во Република Албанија. Една од задачите на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана е и таа да ги следи и забележува значајните активности и ангажмани на одделни лица во поглед на создавање на благосостојба сред населението во Албанија. Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана  изготви листа на кандидати за добитници на Благодарница “Илинден”.

Оваа година Благодарница “Илинден” се доделува на:

1. Македонското меѓународно движење за човекови права -Торонто, Канада

2. Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија – Скопје, Република Македонија

3. г-дин Беќир Ала – Активист во Требиште областа Голо Брдо понарешен советник во Општина Требиште на Македонска Алјанса за Европска Интеграција, член на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо

4. г-дин Мартин Бибовски – Добидник на конкурсот за логото по повод 10-годишнината од формирање на македонско друштво “Илинден“-Тирана – Скопје Република Македонија

5. г-дин Иќмет Ислами – Активист од Мало Острени (Малестрени) областа Голо Брдо член на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана


 

 

 

 

 

 

www.ilinden-tirana.com

Потпишана семакедонската платформа за македонците во соседството

На 15-тиот семакедонски собир по повод 145 години од раѓањето на револуцонерот Гоце Делчев, 4-ти февруари 2017 годиина во Прилеп, представници на македонските организации од Р. Македонија, Р. Грција, Р. Бугарија, Р. Србија, Р. Албанија, Р. Косово, Р. Хрватска и дијапората ја донесоа следната:


Д Е К Л А Р А Ц И Ј А


1. Согласно со општите меѓународни акти за правото на слободно изјаснување и самопределување, правото на слободна мисла и слободно изразување, личните права и слободи на личноста и граѓаните, ние, Македонците, како и сите други нации од соседството, имаме своја матична држава Република Македонија. Која е и држава на другите национални заедници кои живеат во неа и ги уживаат сите граѓански права, исто како македонскиот народ, а кои национални заедници, имаат, културни матици како држави, во соседството (Албанија, Грција, Бугарија, Србија и др.), Р.Македонија исто така е и културна матица на македонскиот народ кој живее во соседните држави и диаспората. На различните национални заедници во државите на Балканот треба да се гледа како на своевидно богатство и разноличност, кои треба да бидат мост за соработка на Балканот, а не предмет на манипулација за остварување на големодржавничките идеи.

2. Македонскиот идентитет и ентитет се потврдени со неприкосновени, аргументирани и содржајни сознанија – културни, историски, демографски, лингвистички, антрополошки и тие не треба да бидат тема на никакво оспорување или негирање.

3. Националните симболи на Република Македонија се дел од македонскиот идентитет, македонската култура и историја и не смеат да бидат предмет на пазарење за создавање на сегашни или идни владини коалиции или за други политички пазарења.

4. Негирањето на македонскиот идентитет, македонската нација, македонскиот јазик и култура, кое доаѓа од официјалните власти и политичари на соседните држави, Албанија, Грција, Бугарија, Србија, не значи ништо друго, туку само грубо кршење на основните права на Македонците, гарантирани со општите меѓународни акти.

5. Република Македонија, да застане на браникот на правата на Mакедонците во соседните земји, и таа обврска да биде вратена во Уставот на Р. Македонија.Поради фактот што Р. Македонија е држава во која се применуваат највисоките стандарди во остварувањето на правата на другите национални заедници, бараме да се применува принципот на реципроцитет, односно Р. Македонија да бара и другите држави да ги имаат истите стандарди за македонските национални заедници во тие држави

6. Бараме Скопје и Тирана да потпишат билатерален договор за основните права на Македонците во Албанија и на Албанците во Македонија, на реципроцитетна основа.

7. Владата на Република Македонија, под итно, да ги прекине преговорите за разликите околу името на Република Македонија со Република Грција и членството во Обединетите нации и во сите меѓународни организации да го продолжи под нејзиното уставно име Република Македонија, без латинична транскрипција на македонски јазик (Republika Makedonija), туку на англиски јазик – Republic of Macedonia, со нотифицирање на македонскиот народ и македонскиот јазик што е и дирекна разлика со северната грчка провинција Македонија и југозападната бугарска провинција Македонија и претставува основа за потврда од страна на Генералното собрание на Обединетите нации со донесување на Резолуција од негова страна.

8. Бараме политичките фактори на Европската Унија да разберат дека цената која ја бараат од Македонците од Република Македонија, за влез во Европската Унија, солидаризирајќи се со Р. Грција за промена на нашето вековно име е превисока. Промента на името на Р. Македонија, заедно со невидениот притисок од страна на соседите на Република Македонија, кои не ја признаваат ни територијата, ни границите, ни народот, ни јазикот, ни државата, ни црквата, ќе доведе до долгорочна и трајна дестабилизација на Македонија, регионот и Балканот во целина. Само влезот во ЕУ под уставното име Р. Македонија може да ги запечати сите аспирации на соседите и обезбеди стабилност на Балканот.

ОМО -“Илинден” – Р. Бугарија
ОМО – “Илинден Пирин” – Р.Бугарија
“Македонско Едукутивно културно движење” – Воден Р. Грција
“Македонска алијанса за Европска интеграција”- Р. Албанија
Друштво “Илинден” – Тирана Р.Албанија
Друштво “Мост” – Голо Брдо Р.Албанија.
Друштво “Гора” – Р.Албанија.
“Заедница на ислмизираните Македонци” – Р.Макеоднија
Друштво “ГОРА” – Косово Р.Албанија
“Заедница ма Македoнците” – Р.Србија
Граѓанска иницијатива “Не-Има” – Р.Македонија


Средбата на Здруженија на Македонците од соседните државни започна вчера вечер во градската библиотека “Борка Талески”, каде претставниците на здруженијата разговараа за проблемите со кои се соочуваат нашинците во Албанија, Грција, Бугарија, Србија, Хрватска.

Денеска се одбележуваат 145 години од раѓањето на Гоце Делчев Македонскиот револуционер

 

Македонија и Македонците во татковината и во светот одбележуваат 145 години од раѓањето на великанот на македонското револуционерно движење во дваесеттиот век Гоце Делчев. Панихида за помен на името и делото на Гоце Делчев во 11.00 часот во дворот на црквата “Свети Спас“ до Калето, ќе одржи Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија Неговото Блаженство г.г. Стефан Архиепископ Охридски и Македонски со свештенослужители од Скопската Епархија. Свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев ќе положат делегации на Владата на Република Македонија, претседателот на Република Македонија, Армија на Република Македонија, градот Скопје, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, МАНУ, Инситутот за национална историја и Музејот на ВМРО, како и делегаци на Македонците од соседите земји, училишта и установи кои го носат неговото име. Свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев ќе положат и делегации на Светскиот Македонски Конгрес, Сојузот на Македонците од Егејот, Сојузот на Македонците со исламска религија и Матицата на иселениците од Македонија. Идеологот на македонската револуционерна борба е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, Егејскиот дел на Македонија, во семејството на Султана и Никола Делчеви. Визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. Делчев е убиен од турска војска, на 4 мај 1903 година во селото Баница во екот на подготовките за Илинденското востание. Тој бил против прераното започнување на востанието и заедно со својата чета ја обиколувал Македонија за да ја согледа состојбата. Вечна му слава и памјат. Амин!


www.ilinden-tirana.com

Македонско друштво “Илинден”-Тирана го осудува барањето на бугарските европратеници

 

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана го осудува барањето на бугарските европратеници Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски во ЕП за признавање на бугарско малцинство во Република Албанија. Македонско друштво ‘’Илинден’’-Тирана ги отфрла тврдењата на бугарските претставници во ЕП, дека во Албанија има Бугари, како груб фалисфикат на историјата и вистината. Во регионите Голо Брдо, Преспа, и Гора како и цела територија на Република Албанија ниту имало ниту има Бугари, така било, така и ќе остане. Македонско друштво ‘’Илинден’’-Тирана ги осудува активностите на бугарската држава, во обидите за фалсификат на историјата. Бугарија продавајќи бугарски пасоши на Македонците во албанија се обидува да создава Бугари во Албанија кои ги нема. Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара од албанската влада и од македонската влада да го осудат овој чин на бугарските претставници во ЕП и да побара Македонците од Албанија да не бидат злоупотребувани за стопирање на патот на Албанија кон интеграциските процеси кон ЕУ.


Македонско друштво “Илинден”-Тирана

Претседател Никола Ѓурѓај

 

 

www.ilinden-tirana.com

Промоција на книгата “Македонскиот народ во Албанија“ од Спасе Мазенковски

Во организација на Иницијативата за семакедонско обединување од Прилеп, на 4 февруари 2017 година, со почеток во 18 часот во градската библиотека “Борка Талески“ во Прилеп, ќе се одржи промоција на книгата “Македонскиот народ во Албанија“ чиј автор е Спасе Мазенковски од Леска, Мала Преспа. Промотори на книгата се професор д-р Виолета Ачкоска. Книгата содржи повеќе податоци за Македонците во Република Албанија, нивниот живот, културна афирмација и организација. Промоцијата на книгата е по повод одбележувањето на 145. годишнината од раѓањето на великанот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев.

 

 

 

www.ilinden-tirana.com

Заврши конкурсот за логото по повод 10-годишнината од формирање на македонско друштво Илинден Тирана

 

 

Заврши конкурсот за логото по повод 10-годишнината од формирање на македонско друштво “Илинден“-Тирана. Конкурсот кој друштвото го објави кон крајот на јули се бараше логото да ги одразува досегашните активности на друштвото. Победник со најмногу лајкови на профилот на фејсбук на Македонско друштво “Илинден”-Tирана е предлогот на Мартин Бибовски. Логото на Бибовски е облик на округло лого во стил на монограм, со двете бои жолто и црвено, во центарот е претставен обликот на споменикот “Македониум“ во Крушево, како симбол на празникот Илинден и во преден план е истакнато “10 години“ со сонцето од Кутлеш во нулата. На рабовите е испишано името на друштвото на македонски јазик и албански јазик. Логото ќе се користи во сите официјални документи и сите активности на Македонско друштво “Илинден”-Тирана од 1 февруари 2017 до шести февруари 2018 година се прават 10 години Македонско друштво “Илинден”-Тирана.


 

 

www.ilinden-tirana.com

ХРВ одбива да ги идентификува преговорите за името како напад врз најосновните права на Македонците

 

 

И покрај барањата од Македонското меѓународно движење за човекови права до Хјуман Рајтс Воч, која важи за една од најголемите и највлијателни организации за човекови права во светот, да ги осуди од Обединетите Нации спонзорираните преговори за името со цел да се смени името на Македонија, оваа организација го одби тоа. Бенџамин Ворд, заменик директор на Дивизијата на ХРВ за Европа и Централна Азија како причина го наведе следново: „Ја разбирам вашата загриженост во врска со прашањето за името, но бидејќи тој проблем, кој што е всушност меѓудржавен спор, може да биде поврзан со последиците за човекови права кои што имаат влијание врз македонското малцинство во Грција (или на било кое друго место), не е според нас прашање поврзано со човекови права, бидејќи државите не се тие што имаат човекови права.“

Името на државата е во директна корелација со тоа како се нарекува народот. Претседателот на ММДЧП Бил Николов го објаснува тоа: „Причината што Грција се спротивставува на името на Македонија е заради негирање на постоењето на македонскиот народ во целина, како и прогонување на македонското малцинство во Грција. Тие не сакаат некој тие луѓе да ги знае како Македонци, па името на државата директно влијае врз основните човекови права (и име) на целиот македонски народ. Тоа што го наведувате дека државите немаат човекови права е неприфатливо, затоа што ние зборуваме за луѓето во оваа држава, на кои што дури и етничкиот идентитет не им е прифатен“.

Хјуман Рајтс Воч во минатото имаше големо влијание врз прашањата за македонските човекови права, а нивниот историски извештај од 1994 „Негирањето етнички идентитет – Македонците во Грција“ му помогна на се’ уште непризнатото и прогонувано македонско малцинство да си ги објават своите маки. Како и да е, Македонците воопшто не беа спомнати во годишниот извештај на ХРВ од 2017 година, во делот за Грција, а останатите етнички малцинства беа само летимично спомнати. Во делот од извештајот на ХРВ за Србија и Косово, Македонците исто така не беа спомнати, а за Албанија и Бугарија воопшто немаше извештај од Хјуман Рајтс Воч.

Поради одбивањето да се осудат преговорите за името, Бил Николов им го потенцираше на ХРВ следново: „За жал, Грција се потпира на овие позиции со намера да го негира постоењето на Македонија и Македонците.“

Како основа за негирање на Македонците и другите етнички малцинства и нивните човекови права, Грција употребува квази-аргументи. Според официјалната политика на Грција, македонското малцинство во Грција „не постои, но и кога би постоело…”, според нив „човековите права не можат да се применуваат колективно, туку важат само за поединци”. Грција се осмелува да тврди нешто што очигледно не е точно, а тоа е дека сите во Грција уживаат „еднакви човекови права нешто што е со децении дискредитирано од страна на Обединетите нации, Европскиот суд за човекови права и од други организации што ги анализирале човековите права во нивната земја. За жал, сегашната позиција на ХРВ за прашањето за името, несвесно, спаѓа во категоријата на користење на семантиката како основа за негирање на човековите права на Македонците.

Како што Хјуман Рајтс Воч направи во својот извештај од 1994, ММДЧП се надева дека ова движење ќе заземе значајна улога во одбрана на основните човекови права, согласно нивниот мандат, па веднаш ќе побара прекин на преговорите за името. ММДЧП ги повикува и другите организации за човекови права да го направат истото, а го повторува и повикот до меѓународната заедница, до оној поголем дел кои што ја признаа Македонија под нејзиното вистинско име, да го преземат логичниот чекор и да побараат крај на преговорите за името. Ваквите чекори би значеле и крај на, од Обединетите нации спонзорираниот напад врз Македонија и врз правата на Македонците за самоопределување, самоидентификација и најосновните човекови права.


www.mhrmi.org