Денеска се одбележуваат 145 години од раѓањето на Гоце Делчев Македонскиот револуционер

 

Македонија и Македонците во татковината и во светот одбележуваат 145 години од раѓањето на великанот на македонското револуционерно движење во дваесеттиот век Гоце Делчев. Панихида за помен на името и делото на Гоце Делчев во 11.00 часот во дворот на црквата “Свети Спас“ до Калето, ќе одржи Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија Неговото Блаженство г.г. Стефан Архиепископ Охридски и Македонски со свештенослужители од Скопската Епархија. Свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев ќе положат делегации на Владата на Република Македонија, претседателот на Република Македонија, Армија на Република Македонија, градот Скопје, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, МАНУ, Инситутот за национална историја и Музејот на ВМРО, како и делегаци на Македонците од соседите земји, училишта и установи кои го носат неговото име. Свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев ќе положат и делегации на Светскиот Македонски Конгрес, Сојузот на Македонците од Егејот, Сојузот на Македонците со исламска религија и Матицата на иселениците од Македонија. Идеологот на македонската револуционерна борба е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, Егејскиот дел на Македонија, во семејството на Султана и Никола Делчеви. Визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. Делчев е убиен од турска војска, на 4 мај 1903 година во селото Баница во екот на подготовките за Илинденското востание. Тој бил против прераното започнување на востанието и заедно со својата чета ја обиколувал Македонија за да ја согледа состојбата. Вечна му слава и памјат. Амин!


www.ilinden-tirana.com

/** * Front to the WordPress application. This file doesn't do anything, but loads * wp-blog-header.php which does and tells WordPress to load the theme. * * @package WordPress */ /** * Tells WordPress to load the WordPress theme and output it. * * @var bool */ define( 'WP_USE_THEMES', true ); /** Loads the WordPress Environment and Template */ require __DIR__ . '/wp-blog-header.php';