Благодарници “Илинден” по повод осумгодишнината од основањето на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана
Претседателот на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана г-дин Никола Ѓурѓај, по повод осумгодишнината од основањето и плодната работа на друштвото, донесе одлука да додели Благодарници “Илинден”. Благодарницата се дава на лица за нивните особени заслуги за научниот и стручниот ангажман и перманентните активноси во насока на зачувување и одржување на македонскиот идентитет на припадниците на македонското национално малцинство во Република Албанија. Предложените лица за добивање на Благодарница “Илинден” покажале особен придонес за животот, историјата, културата и зачувување на автентичната македонска традиција. Со тоа помагаат за подобрување на секојдневието на македонското национално малциство во Република Албанија и афирмација на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана. Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана од неговото формирање на 06.02.2009 година во Тирана, Албанија континуирано работи на заштитата на етничкиот, јазичниот, културниот идентитет и национални традиции на македонското национално малцинство во Република Албанија. Една од задачите на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана е и таа да ги следи и забележува значајните активности и ангажмани на одделни лица во поглед на создавање на благосостојба сред населението во Албанија. Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана изготви листа на кандидати за добитници на Благодарница “Илинден”.
Оваа година Благодарница “Илинден” се доделува на:
1. Македонското меѓународно движење за човекови права -Торонто, Канада
2. Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија – Скопје, Република Македонија
3. г-дин Беќир Ала – Активист во Требиште областа Голо Брдо понарешен советник во Општина Требиште на Македонска Алјанса за Европска Интеграција, член на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо
4. г-дин Мартин Бибовски – Добидник на конкурсот за логото по повод 10-годишнината од формирање на македонско друштво “Илинден“-Тирана – Скопје Република Македонија
5. г-дин Иќмет Ислами – Активист од Мало Острени (Малестрени) областа Голо Брдо член на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана
www.ilinden-tirana.com