Македонско друштво “Илинден“-Тирана бара итно асфалтирање на патот меѓу селото Врбник и Билишта
Македонско друштво “Илинден“-Тирана ја повикува Владата на Албанија, Општина Девол, Округот Корча да ги преземат сите неопходни мерки за итно асфалтирање на патот меѓу селото Врбник и Билишта, што е во катастрфална состојба. Патот што го поврзува селото Врбник со Билишта секојдневно е во се полоша состојба.Имено, на само 5 километри од градот Билишта се ноаѓа село Врбник, кое се наоѓа во Егејска Македонија, непосредно до албанската граница со Грција. Селото гравитира кон планинскиот предел на најисточната точка на Албанија и според населението во селото, веќе 30 години ништо не е инвестирано во оваа област. И покрај многуте пробеми, најголем проблем што ги мачи Македонците во село Врбник претставува главниот пат што го поврзува село Врбник со градот Билишта, бидејќи секојдневните обврски на Македонците од селото во градот Билишта невозможно е да се извршуваат со оглед на катастрофалната состојба на патот кој треба да го поминат. За овој проблем информирани се сите институции во Албанија, но состојбата не се менува. Поради тоа, согласно добиените информации од Македонците од Врбник, Македонско друштво “Илинден“-Тирана бара Владата на Албанија, Општината Девол и Округот Корча да преземат итни мерки за асфалтирање на патот со што треба да се подобри ситуацијата и животот на македонското население од село Врбник.