News

Македонско друштво “Илинден”-Тирана единаесет години рамноправен член на Федералната унија на европските националности

Македонско друштво “Илинден“-Тирана, пред единаесет години беше примено во Федералната унија на европските националности (ФУЕН) највисоката малцинска организација во Европа.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана стана прво друштво од Република Албанија рамноправен член на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) во конгресот што се одржа на 15.05.2015 година во Комотини, Грција.

Од тогаш до денес, Македонско друштво “Илинден”-Тирана дава голем придонес во евидентирањето и надминувањето на голем број прашања од интерес на Македонците во Република Албанија. Континуирано работи на заштитата на етничкиот, јазичниот, културниот идентитет и националните традиции на Македонците во Република Албанија.

Покрај тоа, Македонско друштво “Илинден”-Тирана редовно учествуваше во овие единаесет години на сите конгреси на Федералната унија на европските националности (ФУЕН).

На сите конгреси, Македонско друштво “Илинден”-Тирана поднесуваше резолуци чија содржина и намера беше подобрување на животот на Македонците во Република Албанија и сите беа освоени од страна на Федералната унија на европските националности (ФУЕН).

Истите се пратени до сите државните инситуци на Република Албанија и меѓународни институции кои се поврзани со малцинствата. Овие резолуции придонесуваат за подобрување на положбата на Македонците во Република Албанија.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана во функција на рамноправен член во Федералната унија на европските националности (ФУЕН) и како дел од Работната група на словенските малцинства (АГСМ ) при Федералната унија на европските националности (ФУЕН), активно го покренува прашањето за Македонците во Република Албанија на меѓунаротната сцена.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана во ова прилика упатува искрена благодарност до раковоството на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) и Работната група на словенските малцинства (АГСМ ) за соработката и разбирањето покажано за интересите на македонското национално малцинство во Република Албанија.

Истовремено упатуваме искрена благодарност до Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада со претседател г-дин Бил Николов кое помага на Македонско друштво “Илинден“-Тирана да е рамноправен член во Федералната унија на европските националности (ФУЕН).

Да ни се множат јубилеите и пријателствата со сите народи и малцинства во европа.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана
Претседател Никола Ѓурѓај

 

 

Честитка од Македонското друштво “Илинден”-Тирана по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

Македонско друштво “Илинден”-Тирана по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик упатува искрена честитка до сите Македонци.

Негувањето на мајчиниот македонски јазик значи јакнење и зачувување на националниот и културен идентитет, со што нашите деца ќе бидат воспитани соодветно да ги негуваат своите национални, културни и верски традиции, образованието на мајчин македонски јазик е најважниот сегмент во негувањето на основните обележја на еден народ.

Македонците во Албанија ги има во четири области: Голо Брдо, Преспа, Гора, Врбник, како и во најголемите градови – Тирана, Елбасан, Драч, Каваја, Корча, Билишта, Подградец, Скадар, Кукс, Берат, Либражд, Валона, Фиер, Патос.

Бројноста на Македонците во Република Албанија е над 120.000 според процена на македонските организации но за жал во 21 век само во Преспа имаат право на овразование на мајчин македонски јазик.

Македонското друштво “Илинден”-Тирана од 2009 година бара образование на мајчин македонски јазик за децата Голо Брдо, каде настава на македонски, имало до 1950 годинa потоа во Гора, како и во другите делови каде концентрацијата на Македонците е поголема, но нема позитивен одговор.

 

Се одбележуваат 123 години од смртта на Македонскиот револуционер Гоце Делчев

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно национално ослободително движење во крајот на XIX и почетокот на XX век. Бил рожба на својата епоха, кој го изразувал стремежот на македонскиот народ за ослободување од отоманското ропство. Загина во предвечерието на Илинденското востание на 4 мај 1903 година во селото Баница, Егејска Македонија во борби со османлиската војска која го опколила селото. Посмртните останки на Гоце Делчев на 11 октомври 1946 година се пренесени во Скопје, во црквата “Свети Спас“ каде и денес се наоѓаат.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ја поздравува денешната акција на албанската полиција во општина Булќиза, при што беа уапсени функционери инволвирани во издавање лажни потврди за бугарско потекло

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ја поздравува денешната акција на полицијата во општина Булќиза, при што беа уапсени функционери инволвирани во издавање лажни потврди за бугарско потекло во административната единица Острени, областа Голо Брдо.

Го повикуваме Министерството за внатрешни работи и сите надлежни органи да ја прошират истрагата и во другите општини каде што постојат сомнежи за слични незаконски активности, како и да се разбие целосната мрежа што стои зад овој организиран криминал поврзан со издавањето бугарски пасоши.

Воедно, бараме надлежните институции да ја прошират истрагата не само за незаконското издавање лажни потврди за бугарско потекло, туку и за влијанието што мрежата на посредници за бугарски пасоши го имала за време на пописот во 2023 година на целата територија на Албанија. Постојат сериозни индикации дека преку злоупотреба на позицијата и влијанието биле инсталирани свои попишувачи, а врз граѓаните бил вршен притисок, закани и поткуп со цел да се изјаснат како Бугари, што претставува класичен пример на пописен инженеринг.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана останува цврсто посветена на заштитата на идентитет на македонското малцинство во Албанија и на почитувањето на законите и европските вредности.

Свечено одбележани петнаесет години од излегувањето на првиот број на македонскиот весник “Илинден“ во Тирана

Свечено одбележани петнаесет години од излегувањето на првиот број на македонски весник “Илинден“ во Тирана. Имено, пред точно петнаесет години, на први март 2011 година како двоброј (март/април) беше испечатен првиот број од македонскиот весник “Илинден“ како гласило на Македонското друштво “Илинден“-Тирана.

Во Тирана свечено беше одбележан петнаесетгодишниот јубилеј од излегувањето на првиот број на македонскиот весник “Илинден“, на кој се обрати главниот и одговорен уредник, Никола Ѓурѓај.

Свеченоста се одржа во хотел и ресторан “Дрери” во Тирана, на настанот присуствуваше, Радмила Стојмировска, вршителка на должност амбасадор на Република Македонија во Тиранa, Репубика Албанија,  Атанас Плоча, Заменик градоначалник на Општина Пустец, Васил Стерјовски, претседател на Македонска Алијанса за европска интеграција, Верица Мукоска, лекторка по македонски јазик на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана, Адвокат Никола Ангеловски, потпретседател Здружение „ВАРДАР-МКД“-Подгорица, Република Црна Гора, претставници на мисијата на ОБСЕ во Тирана и на здрженија на малцинствата , како и претстаници на македонско дрштвото “Илинден“ и македонци од Тирана, Корча, Голо Брдо, Преспа, Гора и други гости.

Македонскиот весник “Илинден“ предизвика голем интерес кај „македонската читателска публика во Република Албанија, во татковината Македонија како и меѓу македонската дијаспора во светот“.

Македонскиот весник “Илинден” досега има испечатено 71 изданија, а почнувајќи од март 2017 година, покрај печатената верзија весникот може да се следи и преку своето интернет-издание: www.vesnik-ilinden.com

На тој начин нашиот весник стана достапен за целокупната јавност, како за сите Македонци во Република Албанија, регионот и цел свет. Исто така, од септември 2017 година, македонскиот весник “Илинден“ е стандардизиран според меѓународните норми за печатени и електронски периодични списанија со ISSN и дел од најголеми читачи на вести во Македонија: time.mk, grid.mk и vesti.mk

Македонскиот весник “Илинден” исто време сите изданија cе достапен за сите заинтересирани, во Националната библиотека во Тирана, Библиотеката на Собранието на Република Албанија, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопјe, Библиотеката на Институтот за старословенска култура – Прилеп, Библиотеката на Академијата на науките и уметностите на Македонија, Библиотеката „Григор Перличев“ – Охрид и Државниот архив на Република Македонија.

Мисијата на нашиот весник беше и останува да го поттикнува и одржува во континуитет македонскиот јазик и идентитет во Република Албанија.

Остануваме со вербата дека нашите активности ќе бидат соодветно поддржани од државните институции на Република Албанија и Република Македонија, како и од Македонците ширум светот.

Во измнатиот период весникот дава голем придонес во евидентирањето и надминувањето на голем број прашања од интерес на Македонците во Република Албанија и континуирано работи на заштита и афирмација на македонскиот етнички, јазичен и културен идентитет и националните традиции на Македонците во Република Албанија.

Вредно е да се спомне дека многу од македонските и светските информативни гласила користат податоци објавени во весникот “Илинден“. На тој начин, за многу значајни настани од животот на Македонците во Албанија, се информира пошироката светска јавност, посочи Ѓурѓај.

Во оваа прилика, од име на редакцијата на македонскиот весник “Илинден” им се заблагодарувам на сите свои соработници и сите што помагат на весникот.

Благодарност до г-дин Трајче Трајковски од Перт Австралија што помогна свечено да се одбележуват петнаесет години на македонски весник “Илинден“.

Благодарност секако и до верната читателска публика, која со покажаниот интерес кон содржините што ги понуди весникот “Илинден“, покажа дека со објавуваните информации навистина ја допре сржта на проблемите на Македонците во Албанија.

Македонскиот весник “Илинден” денес свчено ја прославува својата петнаесетгодишна работа и постоење, а за неговото значење оставаме повеќе да каже историјата, го заврши своето обраќање уредникот Ѓурѓај.

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, и врачи Благодарница “Илинден“ на Марјана Дода, главен и одговорен уредник на “Аргументум.ал“ во Тирана

Благодарницата и беше доделена по повод 17-годишнината од формирањето на друштвото.

„Ми претставуваше посебна чест, во име на Македонското друштво “Илинден”-Тирана и Македонското национално малцинство во Република Албанија, лично да ѝ ја врачам благодарницата “Илинден” за 2026 година на г-ѓа Марјана Дода, главен и одговорен уредник на ”Аргументум.ал“, изјави Ѓурѓај.

Фото: Македонскиот весник “Илинден”

Благодарницата беше доделена и по повод 15-годишнината од издавањето на македонскиот весник „Илинден“, како знак на благодарност за нејзините напори и континуираната поддршка на Македонците во Република Албанија, како и за нејзиниот придонес во Македонското друштво “Илинден“- Тирана.

Фото: Македонскиот весник “Илинден”

„Честитки и благодарност за вашата неуморна посветеност“, рече Ѓурѓај.

Главната и одговорна уредничка на “Аргументум.ал“, Марјана Дода, изрази искрена благодарност до Македонското друштво “Илинден“-Тирана и неговиот претседател Никола Ѓурѓај за доделената благодарница “Илинден“, оценувајќи ја оваа чест како мотивација за понатамошен професионален ангажман во служба на информирањето и вистината.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана потпиша Меморандум за соработка со Здружение “ВАРДАР-МКД“ од Подгорица, Црна Гора

Македонско друштво “Илинден“-Тирана преставувано од претседателот г-дин Никола Ѓурѓај, во Тирана потпишаа Меморандум за соработка со Здружение „ВАРДАР-МКД“ од Подгорица, Црна Гора, преставувано од Потпретседател Адвокат Никола Ангеловски, со цел промоција на македонските национални малцинства во Република Албанија и Република Црна Гора на национално и меѓународно ниво.

Двете Здруженија покажаа интерес за градење на партнерство во спроведување на конкретни проектни активности со намера да ги реализираат заедничките цели преку взаемни проекти.

Нивна цел ќе биде да спроведуваат истражувања, креирање, развој и промоција во разни манифестации, како и промовирање и поддршка на научни, културно-уметнички, спортски и хуманитарни активности и манифестации.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви честита Фитер Бајрам

Почитувани верниците со Исламска Вероисповед во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви честита Фитер Бајрам, со желба за многу лични успеси и бериќетна година. Ви посакуваме во вашите фамилји да владеат здравјето, мирот и среќата!

Слика: Џамија Етхем Беут во Тирана

Македонско друштво ”Илинден”-Тирана
Претседателот Никола Ѓурѓај

Македонското друштво “Илинден”-Тирана му го честита изборот на Ферит Хоџа за шеф на дипломатијата и очекува  подобрување на положбата на Македонците 

Македонското друштво “Илинден”-Тирана му го честита изборот на новиот албански прв дипломат Ферит Хоџа, со очекувања да се заложи за подобрување на правата на Македонците во Албанија.

“Дозволете ми, во име на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, во мое лично име, како и во име на македонското национално малцинство во Република Албанија, да ви го честитам изборот на оваа клучна функција и во посакам успех на вашата позиција како министер за Европа и надворешни работи. Mакедонското национално малцинство во Република Албанија му изразува целосна поддршка и оти е убедено во неговиот успех.

“Во исто време, веруваме дека под ваше водство ќе помогнете во подобрувањето на правата на македонското национално малцинство во Република Албанија. Ви посакуваме здравје и успех во вашата работа како министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана
Претседател Никола Ѓурѓај