News

Честитка од Македонско друштво “Илинден”-Тирана за Божик и Нова Година 2020

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо ви честита Божик и Нова Година 2020 година, со желба за многу лични успеси и бериќетна година!

Македонско друштво “Илинден”-Тирана
Претседател Никола Ѓурѓај

Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо
Претседател Или Халилај

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана најстрого ја осудуват провокацијата на Бугарската академија

Македонското друштво “Илинден”-Тирана во име на Македонците во Албанија најостро ја осудува „најновата провокација на Бугарската академија на науките за македонскиот јазик како дијалект на бугарскиот јазик”. Во реакцијата се наведува дека „ниту Македонците се Бугари, ниту македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик“. Македонското друштво “Илинден”-Тирана во име на Македонците во Република Албанија,најостро го осудува ставот на Бугарската академија на науките, дека „Македонскиот јазик не постои” и дека “Македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик”, наспроти повелбата за македонскиот јазик на Македонската академија на науките и уметностите од 3 декември годинава,стои во реакцијата. Се додава дека Бугарија со „ своите барања, потврдува дека воопшто не го заслужува местото во Европската Унија на која и нанесува непотребен срам“. Однесувањето на Софија кон Македонците е доказ за шовинистичкото однесување на бугарската политика од времето на Санстефанска Бугарија од 1878 година. Иронијата да биде поголема, денес Софија „се бори” против руското влијание во Бугарија, заборавајќи дека и државата Бугарија и „Санстефанска Бугарија” се производ на Руската Федерација!, се додава во реакцијата на друштвото. Друштвото потсетува и на обидите на официјална Софија „да бара Бугари онаму каде што никогаш немало и нема да има а тоа се областите каде што концентрацијата на Македонците во Албанија е најголема“. Во Албанија,ниту имало ниту има Бугари,туку само Македонци. Македонците во Албанија отсекогаш биле Македонци. Македонците во Албанија никогаш не биле и нема да бидат Бугари.

Македонско друштво „Илинден”-Тирана повторно го актуелизира барањето граничниот премин

Македонско друштво „Илинден”-Тирана и огранокот за Голо Брдо повторно побараа од владите во Скопје и во Тирана, граничниот премин Џепиште – Требиште во близина на Дебар да функционира 24 часа. Во соопштението на друштвото се наведува дека повеќе од неопходно е овој премин, кој е отворен во мај 2013 година, да функционира 24 часа. Владите на Македонија и на Албанија на заедничката седница одржана во Поградец на 15 декември 2017 година донесоа одлука граничниот премин Џепиште – Требиште да работи 24 часа. Ако овој граничен премин работи 24 часа тоа ќе биде од голема полза за жителите на Голо Брдо бидејќи сега работи со ограничено време и создава проблеми во комуникацијата и патувањето за Македонија. За нив поблиску е да патуваат до Дебар, отколку до најблискиот албански град Пешкопеја. Повторуваме дека под итно бараме да се реши овој голем проблем за Македонците во областа Голо Брдо, пред дапочнат да пааат облнте снегови,кога областа со денови е завеана во снег и единствен најблизок излез е токму овој премин па тешко болните се носат во болницата во Дебар. Се додава дека со ова ќе им се помогне на Македонците од областа Голо Брдо бидејќи ќе се зголеми економската соработка меѓу жителите од двете страни на границата, а и поголем број туристи ќе ја посетуваат областа Голо Брдо. Граничниот премин за локален граничен сообраќај Џепиште – Требиште работи од 8 до 20 часот во летниот период и од 8 до 18 часот во зимскиот период. Преминот е наменет пред се за жителите во пограничните зони на двете држави, а од 2014 по изградбата на асфалтен пат и од албанска страна, може да се патува и со моторни возила.

Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Tирана за Св.Климент Охридски

Почитувани во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо ви го честитаме Св.Климент Охридски. Св.Климент Охридски се упокоил мирно во Охрид, на 8 август 916 година. Неговите мошти се чуваат во охридската црква Св. Климент во Охрид, Македонија.

Македонско друштво „Илинден“-Тирана упати телеграма со сочувство до премиерот Рама

Македонското друштво„Илинден“-Тирана, од име на Македонците што живеат во Албанија упати телеграма со сочувство и подршка до албанскиот премиер Еди Рама, во која се искажува и солидарност со настраданите,која Македонците веќе ја потврдија. Господине премере, во мое лично име, во име на македонското друштво „Илинден“-Тирана и на македонското национално малцинство во Република Албанија, Ви упатувам искрено и длабоко сочувство до Вас и до семејствата на загинатите во земјотресот. Во исто време испорачувам желби за што побрзо закрепнување на повредените, стои во телеграмата, потпишана од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај. Се искажува жалење за жртвите и за големата материјална штета предвикана од разорниот земјотрес, што земјата ја погоди утрото на 26 ноември. Сигурен сум дека овие тешки моменти ќе бидат надминати и уште еднаш изразувам поддршка и охрабрување за надминување на оваа состојба. Во овие тешки моменти срцата на македонското национално малцинство во Република Албанија се со вас, стои во телеграмата. Македонското друштво „Илинден“ веднаш по катастрофалниот земјотрес изрази жалење за згубенте животи и упати апел до Македонците во Албанија и надвор од неа, да се солидаризираат и да покажат хуманост со настрадати под мотото: Биди хуман! Секому може да му се случи! Македонците од Пустец и Голо Брдо масовно се одѕваа во собирањето хуманитарна помош за настаданите,во прехрамбени артикли, вода, средства за одржување на хигена, ќебиња, како и финансиски средства.

Македонскотo друштво „Илинден“-Тирана упти телеграма со сочувство до претседателот Мета

Македонското друштво „Илинден“-Тирана, од мето на Македонците што живеат во Албанија упати телеграма со сочувство и подршка до албанскиот претседател Илир Мета, во која се искажува и солидарност со настраданите. Во мое лично име, во име на македонското друштво„Илинден“-Тирана и на македонското национално малцинство во Република Албанија, Ви упатувам искрено и длабоко сочувство до Вас и до семејствата на починатите. Во исто време испорачувам желби за што побрзо закрепнување на повредените,стои во телеграмата, потпишана од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај. Се искажува жалење за жртвите и за големата материјална штета предвикана од разорниот земјотрес, што земјата ја погоди утрото на 26 ноември. За жал природните непогоди не можат да се контролираат и честопати ни кажуваат колку е кревок човечки живот и колку е ранлив модерниот свет. Сигурен сум дека овие тешки моменти ќе бидат надминати и уште еднаш изразувам поддршка и охрабрување за надминување на оваа криза. Во овие тешки моменти срцата на македонското национално малцинство во Република Албанија се со вас.

Честитка од Македонско друштво „Илинден“ за 28-29 ноември денот на Независноста и на ослободувањето

Почитувани во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо ви го честита 28 ми ноември Денот на Независноста на Република Албанија и 29 ноември Денот на ослободувањетo.

Честитка од Македонско друштво „Илинден“ за 28-29 ноември денот на Независноста и на ослободувањето

Почитувани во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо ви го честита 28 ми ноември Денот на Независноста на Република Албанија и 29 ноември Денот на ослободувањетo.

Македонското друштво „Илинден“-Тирана апелира на солидарност со настраданите од земјотресот

Македонското друштво „Илинден“-Тирана изразува длабоко жалење за изгубените животи,како последица од силниот земјотрес што денска ја погоди Албанија. Во исто време наведува дека сочувствува со блиските на жртвите а на повредените им посакува брзо закрепнување. Искажува надеж дека лицата кои се под урнатините ќе бидат навреме извлечени и спасени. Посебна почит искажува кон надлежните структури кои максимално се ангажрани во овие драматични мигови за земјата. Поради огромната материјална штета,што ја причини земјотресот, „Илинден“ апелира на солидарност и хуманост со цел ублажување на состојбата. -Во име на сите Македонци во Албанија апелираме да се донираат средства за помош на настраданите во земјотресот. Биди хуман! Секому може да му се случи!

Во областа Каринтија се одржа ФУЕН семинар на словенските малцинствата од Eвропа

Од 14 до 17 ноември 2019 година во Блејбург, Каринтија, Австрија се одржа семинар на Работна група на словенски малцинства при Федералната унија на европските национални заедници (ФУЕН). Каринтија може да биде пример за добар соживот меѓу народите во многу погледи – истакна кординаторот на Работна група на словенски малцинства при Федералната унија на европските национални заедници (ФУЕН) Матиц Гермовшек Жнидаршич. На семинар учестува 30 претставници од 12 држави, кои претставуваат 14 различни словенски малцинства во Европа, семинарот се одржа во општина Блејбург, Каринтија, Австрија каде градоначалникот Стефан Визотшниг на гостите им претстави примерна двојазична општина. Претставниците на словенските малцинства ја запознаа и општината Глобаница. На семинар на Работна група на словенски малцинства при Федералната унија на европските национални заедници (ФУЕН) што се одржа во Блејбург, Каринтија, Австрија претставници на Работна група на словенски малцинства го избра за Претседател на Работната група г-ѓа Ангелинка Млинар. Работна група на словенски малцинства при Федералната унија на европските национални заедници (ФУЕН) број 26 организаци членки: (13 обични членови, 13 здружени членови). Македонско друштво ”Илинден”-Тирана е член на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) од 16. мај 2015 година и од 16. мај 2015 година е дел од Работна група на словенски малцинства при Федералната унија на европските национални заедници (ФУЕН)