Македонско друштво „Илинден“-Тирана упати телеграма со сочувство до премиерот Рама

Македонското друштво„Илинден“-Тирана, од име на Македонците што живеат во Албанија упати телеграма со сочувство и подршка до албанскиот премиер Еди Рама, во која се искажува и солидарност со настраданите,која Македонците веќе ја потврдија. Господине премере, во мое лично име, во име на македонското друштво „Илинден“-Тирана и на македонското национално малцинство во Република Албанија, Ви упатувам искрено и длабоко сочувство до Вас и до семејствата на загинатите во земјотресот. Во исто време испорачувам желби за што побрзо закрепнување на повредените, стои во телеграмата, потпишана од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај. Се искажува жалење за жртвите и за големата материјална штета предвикана од разорниот земјотрес, што земјата ја погоди утрото на 26 ноември. Сигурен сум дека овие тешки моменти ќе бидат надминати и уште еднаш изразувам поддршка и охрабрување за надминување на оваа состојба. Во овие тешки моменти срцата на македонското национално малцинство во Република Албанија се со вас, стои во телеграмата. Македонското друштво „Илинден“ веднаш по катастрофалниот земјотрес изрази жалење за згубенте животи и упати апел до Македонците во Албанија и надвор од неа, да се солидаризираат и да покажат хуманост со настрадати под мотото: Биди хуман! Секому може да му се случи! Македонците од Пустец и Голо Брдо масовно се одѕваа во собирањето хуманитарна помош за настаданите,во прехрамбени артикли, вода, средства за одржување на хигена, ќебиња, како и финансиски средства.