News
Честитка од Македонско друштво “Илинден“-Тирана по повод празникот Свети Климент Охридски
По повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски, македонското друштво “Илинден“-Тирана, упати честитка до Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустиниана Прима, господин, господин Стефан и до сите Македонци каде и да се. Од мое лично име, во име на друштвото и на сите Македонци во Албанија упатуваме честитки по повод утрешниот голем христијански празник, денот на Свети Климент Охридски чудотворец – учителот и просветителот кој е доказ дека љубовта се мери според жртвата. Честитајќи им го празникот на г.г. Стефан, на членовите на Светиот архијерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, и на сите верници посакуваме денот посветен на патронот на МПЦ-ОА да го поминат во добро здравје, стои меѓу другото во честитката, потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај. Се додава дека огромна е почитта кон Свети Климент Охридски, кој остави не само големо духовно и просветителско наследство, туку и со личен пример на дело покажа што значи милост, трудољубивост, трпение и солидарност.
Mакедонско друштво “Илинден”-Тирана доби ИТ опрема од „Донирај компјутер“
Неколку години по ред, вниманието на македонската и светската јавност го привлекува една акција наречена „Донирај компјутер“. Тоа е самоиницијативна акција од г-динот Борче Стаменов од Кавадрци за прибирање половни компјутери, нивно репарирање и донирање на граѓани од ранлива категорија. Акцијата беше започната во 2016 година и до сега има донирано 1240 компјутери на семејства низ цела Македонија. Оваа акција беше од голема полза за децата од ранливите категории во периодот кога училишните обврски се одвиваа преку интернет. Во тој период, „Донирај компјутер“ и Борче Стаменов им помогнаа на десетици деца да не изостануаат од часовите поради недостаток на компјутер. За прв пат „Донирај компјутер“ донираше ИТ опрема за потребите на Mакедонско друштво “Илинден”-Тирана. Со оглед на тоа што централната канцеларија на Mакедонско друштво “Илинден”-Тирана смета дека ова опрема е многу покорисна за огранкот на Друштвото во областа Голо Брдо. „Донирај компјутер“, согласно потребите, во иднина ќе продолжи со овој тренд на донирање ИТ опрема за Mакедонско друштво “Илинден”-Тирана. Mакедонско друштво “Илинден”-Тирана упатува јавна благодарност до г-дин Борче Стаменов за донацијата. Во ова прилка нашето Друштво апелира до сите што можат да ја поддржат ова прекрасна самоиницијатива и да донираат компјутер.
Честитка од Македонско друштво “Илинден“ за 28 – 29 ноември денот на Независноста и денот на ослободувањето од наци-фашистичката окупација
Македонското друштво “Илинден”-Тирана Ви ги честита 28. ноември 1912- денот на независноста на Република Албанија и 29. ноември 1944 – денот на ослободување од наци-фашистичката окупација.
Македонското друштво “Илинден”-Тирана доби верски календари од МПЦ-ОА за Македонците во Албанија
Македонското друштво “Илинден”-Тирана доби верски календари за 2022 господово лето, кои бесплатно ќе бидат распределени на Македонците во Албанија, информираше за Македонски весник “Илинден”, Никола Ѓурѓај претседател на друштвото.
Во име на друштвото и на Македонците тој искажува голема благодарност до Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и архиепископот г.г. Стефан што и годинава доделува одреден број верски календари за кои постои се поголем интерес меѓу Македонците.
Како друштво, веќе неколку години по ред, добиваме бесплатни верски календари од МПЦ-ОА, кои потоа им се распределуваат на Македонци во Албанија. Од мое лично име, од име на друштвото и на Македонците искажувам голема благодарност за МПЦ – ОА на поглаварот г.г. Стефан за покажаната добра волја да им подари на Македонците од Албанија дел од своите верски календари, рече Ѓурѓај.
Додава дека интересот меѓу Македонците од година во година е се поголем и посочува дека календарите веќе се достапни а за да се добие календар треба само да се контактира со друштвото.
Македонско друштво “Илинден“-Тирана изразува длабоко жалење за страотната несреќа во Бугарија каде загина 46 Македонски државјани
Македонско друштво “Илинден“-Тирана, со голема тага и болка ја прмвме страшната вест. Од име на Македонците во Република Албанија изразуваме искрено и длабоко сочувство до семејствата на 46 загинати од трагичниот собраќајна несреќа. Македонско друштво “Илинден“-Тирана упатува искрено сочуство до семејствата на загинатите и посакува најбрзо заздравување на повредените.
Фатри Фетаху се именува за претседател, Ули Халилај се именува за подпретседател на Македонско друштво “Илинден“- Огранок Голо Брдо
Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, врз основа на Статутот и согласно своите надлежности на 07. 11. 2021 година донесе одлука:
- Фатри Фетаху се именува за претседател на Македонско друштво “Илинден“-Огранок Голо Брдо со мандадниот период 2021 – 2025 година;
- Ули Халилај се именува за подпретседател на Македонско друштво “Илинден“- Огранок Голо Брдо со мандадниот период 2021 – 2025 година.
Фатри Фетаху е роден во село Требиште, област Голо Брдо, со живеалиште во село Требиште, областа Голо Брдо. Фетаху од 2015 година е член на Mакедонското друштво “Илинден“-Тирана, активист во сите настани на македонското национално малцинство во областа Голо Брдо. Од 2019 до 2021 година е подпретседател на Македонско друштво “Илинден“- Огранок Голо Брдо, а во исто време се јавува и како дописник на Македонскиот весник “Илинден“. За својата ангажираност Фетаху, во 2016 година, беше добитник на благодарница “Илинден“.
Ули Халилај роден е во село Требиште, областа Голо Брдо, со живеалиште во село Требиште, областа Голо Брдо. Халилај, од 2015 година, е член на Mакедонското друштво “Илинден“- Тирана, активист на македонско национално малцинство во областа Голо Брдо. Во периодот од 2015 до 2021 година ја вршеше претседателската функција на Македонско друштво “Илинден“- Огранок Голо Брдо. Неговата актовност во Друштвото и надвор од него, а во полза на македонската кауза во Албаија, во 2011 година му го донесе признанието благодарница “Илинден“.
Македонското друштво “Илинден“- Огранок Голо Брдо во периодот од 2021 – 2025 година, ќе работи на реализирање на задачите и проектите почнати во минативе години од активистите на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана. Претседателството и членовите за областа Голо Брдо ќе работат на заштита на етничкиот, јазичниот, културниот и верскиот идентитет на македонското национално малцинство во областа Голо Брдо и унапредување на положбата на Македонците во областа Голо Брдо.