News

Македонското друштво “Илинден”-Тирана упати честитка до лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по повод двојната изборна победа, на претседателските и парламентарните

Македонското друштво “Илинден”-Тирана во име на членовите и Македонците во Албанија денеска упати честитка до лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по повод двојната изборна победа,на претседателските и парламентарните.

Татковината Македонија уште еднаш ја покажа својата зрелост со одржувањето на мирни и демократски избори. Македонските граѓани одбраа кој ќе ги води во наредните четири години. ВМРО-ДПМНЕ со која Вие успешно раководите има направено огромен исчекор, имате огромна поддршка од Македонците од Република Албанија, стои во честитката.

Тоа, се додава понатаму, бидејќи напредокот и благодатта на македонскиот народ претставува поттик за истрајност во напорите за негување и промоција на македонскиот национален, јазичен, културен и духовен идентитет на Македонците во соседството.

Во мое лично име и во име на друштвото и на Македонците од Република Албанија, уште еднаш го упатуваме нашето највисоко почитување до Вас, убедени во успешноста на владата предводена од вас, за доброто на сите, се нагласува во честитката потпишана од Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Благодарници “Илинден“ за Мојсова-Чепишевска и Антоновски за особен придонес за македонското национално малцинство во Албанија

Македонското друштво “Илинден“- Тирана им ги врачи благодарниците „Илинден“ на проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска и ас. м-р Иван Антоновски од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Признанието им е доделено за особен придонес за македонското национално малцинство во Република Албанија.

Од името на Македонците од најголемото македонско друштво во Албанија, плакетите им ги врачи неговиот претседател, Никола Ѓурѓај. Како што е истакнато во образложението, признанието се доделува за особени заслуги со ангажман и постојани активности во насока на зачувување и одржување на националниот идентитет на Македонците во Република Албанија. Преседателот на Друштвото, Ѓурѓај истакна дека и овој пат, за ова традиционално признание биле предложени повеќе институции и поединци, но од предложените се избрани оние кои со својата работа најмногу придонеле за подобрување и дисперзија на сознанијата за животот, историјата и културата и зачувување на автентичната македонска традиција на македонското население во Албанија. Досегашни добитници на признанието се иклучиво најзаслужните за зачувување и одржување на националниот идентитет на македонското малцинство во Албанија, а одлуката годинешни добитници на благодарницата “Илинден” да бидат и Мојсова-Чепишевска и Антоновски е донесена по повод 15-годишнината од формирањето на Друштвото.

По врачувњето на плакетите и искажување на благодарноста што им ја упатуваат Македонците од Албанија, Ѓурѓај оствари и работна средба со Мојсова-Чепишевска и Антоновски. На средбата се разменија идеи и мислења за содејствување во конкретни натамошни активности во областа на филологијата и културата кои се очекува да придонесат за заштита и афирмација на етничкиот, јазичниот, културниот, верскиот и историскиот идентитет на македонско национално малциство во Република Албанија. Истовремено, Ѓурѓај разговараше со Мојсова-Чепишевска и Антоновски и за продлабочување на соработка со нив преку неколку проекти кои ќе го зајакнат меѓукултурниот дијалог и ќе претставуваат нови мостови што ќе ги поврзуваат македонската и албанската култура.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви честита Воскресението Христово – Велигден

Почитувани Православни верниците во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви го честита Воскресението Христово – Велигден со желба да го славите во текот на многу следни години. Како православни верници, Велигден нè потсетува на моќта на Христовото Воскресение, аво нас ја буди надежта која очајно ни е потребна во нашите животи, за нашите работни места, за нашите семејства, за нашата иднина. На Велигден, нашите мисли и срца се со луѓето на кои им е најпотребна помош, со оние кои се чувствуваат осамено, со оние кои ја изгубиле надежта и вербата за подобра иднина. Верата Христова нe учи да делиме и споделуваме. Затоа, на Велигден отврете ги домовите и срцата за вашите сакани, но и за оние кои имаат помалку од вас.

Среќен Воскресението Христово – Велигден
Христос Восресна!
Навистина Воскресна!

Македонско друштво “Илинден”-Тирана
Претседател Никола Ѓурѓај

Помина повеќе од една година, повеќејазичната табла сe уште не е поставена во Комитетот за национални малцинства

Македонско друштво “Илинден“-Тирана на 31.01.2023 година испрати барање бр. 953/2023 при Комитетот за национални малцинства за поставување на повеќејазичната табела во Комитетот за национални малцинства. На 10.02.2023 година Комитетот за национални малцинства одговори на барањето со бр. 38 дека ќе се земе предвид и помина повеќе од една година, а табелата не е поставена.

Повеќејазични табли беа поставени одамна во институцијата на Комесарот за заштита од дискриминација и Народниот правобранител. Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги поздрави овие институции кога ги поставија нивните плакети на јазиците на националните малцинства. Македонското друштво “Илинден“-Тирана бара Комитетот за национални малцинства да постави повеќејазична табла, како што направиа институцијата Комесар за заштита од дискриминација и Народниот правобранител.

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај оствари средба со Министер советник г-дин Љуфтим Спахиу и г-ѓа Радмила Стојмировска прв секретар

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај информира за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија, при што беа актуелизирани прашања кои се однесуваат на проблемите на македонско национално малцинство во Република Албанија. Воедно, Спахиу и Стојмировска беше информирана и за активностите на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, кое со години е активен субјект сред македоското национално малциство во Република Албанија.

Низ дискусијата, Министер советник г-дин Љуфтим Спахиу и г-ѓа Радмила Стојмировска покажа исклучителен интерес за положбата на Македонско национално малциство. На средбата, многу отворено, се разговараше за можни активности кои би помогнала за надминување на проблемите на Македонско национално малциство во Република Албанија на повеќе полиња. Секако, во опсегот на надлежностите, Спахиу и Стојмировска искажа подготвеност да помогне за подобрување и унапредување на малциските права на Македонско национално малциство во Република Албанија. Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана топло и се заблагодарува за срдечна средба.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви честита Фитер Бајрам

Почитувани верници со исламска вероисповед, македонско друштво “Илинден“-Тирана ви честита големиот празник Фитер Бајрам. Ваквите големи празници не потсетуваат дека без разлика на потешкотиите кои ни се издигнуваат како животни препреки, секогаш треба да чекориме по вистинскиот пат. Помеѓу луѓето постојано да владее слога и почитување без разлика на религиската, верската, или каква било друга определба.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува сите Македонци во областа Гора Република Косово да се изјаснат дека се Македонци да го чуват својот Македонски идендитет

Македонско друштво “Илинден”-Тирана упатува јавен повик до Македонците во областа Гора и цело Република Косово, на пописот на населението од 5 април до 17 мај годинава да се попишат како Македонци, со мајчин Македонски јазик. Жителите на областа Гора, и цело Република Косово не се ништо друго, освен етнички Македонци, се неотуѓив, нераскинлив и неотстапен дел од Македонскиот народ! Македонско друштво “Илинден”-Тирана ја осудува Владата во Софија, која врши агресија врз Македонците во областа Гора и цело Република Косово, во намерите на престојниот попис да се попишат како етнички Бугари. Македонско друштво “Илинден”-Тирана потсетува дека етнички Бошњаци и Бугари во областа Гора никогаш во неговата историја немало, нема, ниту ќе има, како што ги нема ниту во Република Албанија! Пописот на Косово требаше да се одржи во септември 2023 година, па се одложи за 1 ноември 2023 година, за крај Владата на Република Косово одлучи пописот да се одржи од 5 април до 17 мај 2024 година заради спроведување на принципите на Евростат.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана го актуализира барањето за 24-часовно функционирање на граничниот премин Џепиште –Требиште

Македонското друштво “Илинден“-Тирана повторно го актуелирира барањето владите на Албанија и Македонија, да го реализираат договореното, граничниот премин Џепиште – Требиште во областа Голо Брдо да функционира 24 часа.

Бараме од владите на Албанија и Македонија целосна функционалност на граничниот премин Требиште – Џепиште во областа Голо Брдо, што е неопходно потребно за да може луѓето полесно да комуницираат од двете страни на границата. Исто така ќе им се помогне многу на Македонците од областа Голо Брдо, зашто ќе се зголеми економската соработка меѓу жителите од двете страни на границата, а и поголем број туристи ќе ја посетуваат областа, која располага со многу природни убавини и културно историски споменици, изјави Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Потсетува дека на заедничката седница на владите на двете земји, одржана во Поградец на 15 декември 2017 година, донесена била  одлука овој премин да работи 24 часа и оти тоа сè уште не е реализирана.

Преминот беше отворен во мај 2013 година и  право да го користат имаат само жителите од граничниот регион. По исградбата на асфалтен пат од албанска страна се патува и со моторни возила. Во летниот период, односно од први април до 31 октомври, работи од 8 до 20 часот, додека во останатиот период, односно од 1 ноември до 31 март, од 8 до 18 часот.

Последните години се забележува зголемена фреквенција, што продолжува и во првите два месеца, кога се регистрирани вкупно 7.052 патника што е за над  15 отсто повеќе, споредено со истиот период минатата година.

Според статистиката на македонското мiнистертво за  внатрешни работи на влез регистрирани се вкупно 3.643 додека на излез 3.409 патници. Одделно, на влез регистрирани се 165 а на излез 150  македонски и 3.478 странски државјани на влез, односно 3259 на излез.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана го поздравува приемот на Македонска алијанса за европска интеграција во Европската слободна алијанса

Македонско друштво “Илинден“-Тирана ја поздравува одлуката на Генералното Собрание на Европската слободна алијанса (ЕФА) за прием на Македонска алијанса за европска интеграција, како полноправен член исклучително важна за Македонска алијанса за европска интеграција и за Македонците во Република Албанија. Тоа што делегатите на Конгресот оваа одлука ја донеле едногласно, дава уште поголема тежина на фактот дека Македонска алијанса за европска интеграција оваа одлука треба да биде искористена како дополнителен мотив кај сите Македонци во Република Албанија.

Полноправното членство на Македонска алијанса за европска интеграција во Европската слободна алијанса (ЕФА) е најдобра потврда дека борбата за остварувањето на основните права на Македонците во Република Албанија е чесна, праведна и остварлива. Тоа е силна порака и до политичките елити во Република Албанија. Македонско друштво “Илинден”-Тирана ќе продолжи и понатаму да дава целосна подршка на Македонска алијанса за европска интеграција заедно ја биеме битката за заштита на Македонците во Република Албанија.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана
Претседател Никола Ѓурѓај