Македонско друштво “Илинден“-Тирана потпиша Меморандум за соработка со ракометниот клуб “Енхалон“ од Струга
Македонско друштво “Илинден“-Тирана, преставувано од претседателот г-дин Никола Ѓурѓај од Тирана, потпишаа Меморандум за соработка со ракометен клуб “Енхалон“ од Струга, преставувано од претседателот г-дин Дејан Костески, со цел заедничка промоција на спортот на национално и меѓународно ниво. Двете Здруженија покажаа интерес за градење на партнерство во спроведување на конкретни проектни активности со намера да ги реализираат заедничките цели преку взаемни проекти. Нивна цел ќе биде да спроведуваат истражувања, креирање, развој и промоција на спортот на сите категории (децата, младите и возрасните), размена на деца и младинци како учесници во разни манифестации, како и промовирање и поддршка на научни, културно-уметнички, спортски и хуманитарни активности и манифестации.