Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”- Огранок Голо Брдо бара од Владата граничниот премин Џепиште – Требиште областа Голо Брдо да работи 24 часа

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”- Огранок Голо Брдо бара од Влада на Албанија граничниот премин Џепиште – Требиште во областа Голо Брдо кој беше отворен во мај 2013 година да работи 24 часа. Владите на Македонија и Албнија на заедничката седница одржена во Поградец на 15 декември 2017 година донесоја одлука граничниот премин Џепиште -Требиште да работи 24 часа. Движењето е посебно тешко во зимскиот период кога и преминот работи од 08:00 до 18:00 ч со оглед на ситуацијата во зимскиот период движењето е повеќе ограничено и од природни околности како што се самите ниски температури и врнежи од снег и создава големи проблеми во комуникацијата во областа Голо Брдо. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”- Огранок Голо Брдо бара итно да се реши овј голем проблем за Македонците во областа Голо Брдо.