Македонско друштво “Илинден”-Тирана го поздравува стартот на преговорите на Република Албанија со Европската Унија

Македонско друштво “Илинден”-Тирана го поздравува стартот на преговорите на Република Албанија со ЕУ, е во корист на сите граѓани, бидејќи европската перспектива на Република Албанија е перспектива на иднината. Стартот на преговорите на Република Албанија со Европската Унија треба да ја охрабри албанската влада, и другите актери компетентни во областа на заштита на малцинствата да направат политики во полза на малцинствата, што ќе овозможи целосно исполнување на петтата препорака на Европската унија која што е поврзана со подобрување на човековите права и правата на малцинствата и ќе се гарантира повисоко ниво на третманот на малцинствата во Република Албанија. Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги поддржува албанските институции во продолжување на реформите потребни за членство во ЕУ и ќе даде својот придонес во исполнувањето на препораките на Европската комисија во однос на правата на малцинствата.