Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана додели Награда “Илинден” и Благодарница “Илинден” по повод тринаесетгодишнината

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана ги додели годинешните награда “Илинден” и благодарница “Илинден” По повод тринаесетгодишнината од основањето и плодната работа на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана, неговите Управни органи и претседателот г-дин Никола Ѓурѓај, донесоа Одлука за доделување на Благодарници “Илинден” и Награда “Илинден”. Благодарниците и наградата се доделуваат на лица за нивните особени заслуги за ангажман и перманентните активноси во насока на зачувување и одржување на македонскиот идентитет на припадниците на македонското национално малцинство во Република Албанија. Така и оваа година беа предложени повеќе лица за добивање на благодарница “Илинден” и награда “Илинден”. Од предложените беа избрани лица, кои со својот ангажман придонеле за подобрување и дисперзија на сознанијата за животот, историјата, културата и зачувување на автентичната македонска традиција на македонското население во Албанија. Благодарницата и наградата “Илинден” ги доделува и врачува лично претседателот на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана.

Оваа година Награда “Илинден”му се доделува на:

  1. Македонско меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) – Канада
  2. Проф. д-р  Данчо Марковски – Амбасадор на Репубика Македонија во Тирана, Република Албанија
  3. Г-дин Халит Хабип Оглу – Потпреседател на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) и Претседател на Федерацијата на Турците од Западна Тракија во Европа – Витен, Германија

Оваа година Благодарница “Илинден” се доделува на:

  1. Проф. д-р Кимет Фетаху – Претседател на Македонско политичко друштво “Мир”, еден од првите активисти на Македонците во Република Албанија со потекло од областа на Голо Брдо
  2. Проф. д-р Вита Која – Професор на Економскиот факултет во Тирана, автор на осум книги – томови посветени на народното творештво од областа Голо Брдо и активистка на Македонско политичко друшвото “Мир“
  3. Г-дин Александар Стојановски – Скопје, Репубика Македонија
  4. Г-дин Антонио Јанески – Скопје, Репубика Македонија

Претседателот на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана г-дин Никола Ѓурѓај им ги честитаат наградата и благодарниците на добитниците за 2022 година со надеж дека истите ќе послужат како поттик за натамошен ангажнман на наградените во нивната досегашна определба да работат во интерес на вистината за животот и ангажманите на Македонците во Република Албанија.