Македонско друштво “Илинден”-Тирана апелира за финансиска помош за изградба на камбанарија во Пустец, Мала Преспа

Македонско друштво “Илинден”-Тирана апелира за финансиска помош за изградба на камбанарија на православниот храм “Св Архангел Михаил” во центарот на Пустец, Мала Преспа.

Поради тоа, Македонското друштво “Илинден“- Тирана ги повикува Македонците како во Република Албанија, така и Македонците низ целиот свет да помогнат за изградба на камбанарија на црквата ” Св Архангел Михаил “, не се сомневаме дека голем дел од нив активно ќе се вклучат во акцијата за изградба на камбанарија во склоп на православната црквата “Св Архангел Михаил” во центарот на Пустец.

Вие, вашите пријатели, колеги и пријатели. Секој според сопствените можности и својата волја. Според зборовите на Македонците од Пустец „ѕвоното е одамна донесено, но поради фактот што недостасува соодветна камбанарија ѕвоното е обесено на едно железо, кое служи како недостојна замена за камбанарија. По молба и барање на македонските верници од Пустец за изградба на камбанарија крај црквата “Св. Архангел Михаил”, која навистина им е потребна, се потрудивме и со Божја помош успеавме да добиеме, убав проект на камбанарија која ѝ одговара на црквата.

Камбанаријата ќе биде 15 м. висока и 4 м. широка, а проектот е подолу прикажан низ неколку фотографии“. Почитувани верници и наши читатели во Албанија и секаде низ светот, Македонско друштво “Илинден”-Тирана се приклучува кон акцијата за собирање на доброволни прилози за изградба на овој објект, со кој ќе се заокружи црковниот комплекс во центарот на Пустец, Преспа, Албанија.

Жиро – сметки на кои секој од вас ќе може да донира за изградба на камбанаријата: – преку сметка во банка за внатре во Република Албанија 410590037010117 – преку сметка во банка надвор од Република Албанија на AL89214411030410590037010117

Македонско друштво “Илинден”-Тирана однапред Ви благодари и се надева на Ваша подршка. Господ секому да помогни, а Свети Архангел Михаил да го заштити.