Комитетот за национални малцинства позитивно одговори на барањето на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана да постави повеќејазична табла

Комитетот за национални малцинства на Албанија, позитивно одговори на барањето на македонското друштво “Илинден“-Тирана за поставување повеќејазична табла пред оваа институција, вклучително и на македонски јазик и неговото кирилско писмо, потврди за Македонски весник “Илинден”, претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај.

Добивме позитивен одговор на нашето барање доставено до претседателката на Комитетот за национални малцинства, Константина Бежани, која во исто време за тоа ги информира и комесарот за заштита од дискриминација, Роберт Гајда и народната правобранителка Еринда Баланца, до кои исто така го доставивме барањето заради запознавање. Да потсетам дека баравме таблата пред институцијата да биде повеќејазична, односно освен на албански и англиски името на институцијата да биде и на македонски и на јазиците на другите национални малцинства, додаде Ѓурѓај.

Тој се заблагодарува на дадениот одговор од Комитетот и подготвеноста да постапи по теркот на комесарот за заштита од дискриминација и народниот правобранител, кои повеќејазични табли веќе има поставено пред институциите, исто така по барање на друштвото.

Нашето друштво е регистрирано во судот во Тирана на 6 февруари 2009 година и неговата мисија е заштита на етничкиот, културниот и верскиот идентитет на македонското национално малцинство во Република Албанијаи и во рамки на таа мисија е и последното барање и да оценам успех, посочува Ѓурѓај.