По повод шестгодишнината од основањето на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана
Претседателот на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана г-дин Никола Ѓурѓај, по повод шестгодишнината од основањето и плодната работа на друштвото, донесе одлука да додели Благодарници “Илинден”. Благодарницата се дава на лица за нивните особени заслуги за научниот и стручниот ангажман и перманентните активноси во насока на зачувување и одржување на македонскиот идентитет на припадниците на македонското национално малцинство во Република Албанија. Предложените лица за добивање на Благодарница “Илинден” покажале особен придонес за животот, историјата, културата и зачувување на автентичната македонска традиција во албанија. Со тоа помагаат за подобрување на секојдневието на македонското национално малциство во Република Албанија и афирмација на Mакедонското друштво “Илинден“-Тирана.
Џевит Дрини – активист во Тирана: член на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана
Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана од неговото формирање на 06.02.2009 година во Тирана континуирано работи на заштитата на етничкиот, јазичниот, културниот идентитет и национални традиции на македонското национално малцинство во Република Албанија. Воедно наша заложба е и зајакнувањето на одличните билатерални односи меѓу Републик Македонија и Република Албанија.
Ули Халилај на името на Мојси Халилај – активист во областа Голо Брдо: член на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо
Една од задачите на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана е и таа да ги следи и забележува значајните активности и ангажмани на одделни лица во поглед на создавање на благосостојба средд населението во Албанија. Според сознанијата што ги поседува Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана се изготви листа на кандидати за добитници на Благодарница “Илинден” од која се искристализираа неколку имиња. Оваа година Благодарница “Илинден” се доделува на:
проф.д-р Катерина Тодороска – научен советник во Институт за Национална Историја – Скопје, Република Македонија, за нејзиното научно творештво поврзано со историјата и катадневниот живот на македонското национално малциство во Република Албанија
г-дин Џевит Дрини – активист во Тирана: член на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана
г-дин Ибраим Фетаху – активист во областа Голо Брдо: член на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо
г-дин Митре Шутку – автор на неколку книги за Македонското малцинство во Република Албанија
Нипром – Струмица Република Македонија
г-дин Мојси Халилај – активист во областа Голо Брдо: член на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо
г-дин Хамит Гордани – активист во Тирана: член на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана
www.ilinden-tirana.com