vestimk

Формирана нова Партија на Македонците во Србија

На 17.01.2016 година во Белград Република Србија во хотел Москва се одржа Оснивачко собрание за формирање на новата партија на Македонците во Србија. За претседател на партијата е избран Горан Илијевски. За потпретседатели се избарни: Ана Синицки, Даниела Цветановиќ и Славе Груевски. За секретар е избарана Биљана Милошевски. Бевме принудени да формираме партија на македонци една нова снага, затоа што до сега македонскиот етикум не беше застапен во извршните органи на власта во Република Србија, изјави претседателот на новоформираната партија.  Со тоа на претстојните избори во Република Србија во месец април оваа годинана новоформираната Партија на Македонците во Србија ќе и даде можност да се вклучи во трката, а со тоа и да добие свои претставници на различни нивоа во власта.



www.ilinden-tirana.com

Пратеникот за округот Елбасан во Собранието на Албанија Тауланд Бала го посети Стеблево – Голо Брдо

Пратеникот за округот Елбасан во Собранието на Албанија г-дин Тауланд Бала и градоначалник на Либражд денеска го посетиа село Стеблево – Голо Брдо каде вработените на ОСШЕ работат за поправката на оштетената електрична мрежата поради снежните врнежи. Работиме за секое село да има отворен патот. Сите здравствени центри имаат доволно снабдување на основни лекови.


 



Deputet i Kuvendit të Shqipërisë në Qarkun e Elbasanit z.Taulant Balla dhe Kryetari i Bashkisë Librazhd sot në Steblevë – Gollobordë ku punonjesit e OSSHE po punojne për riparimin e demtimeve të rrjetit të shperndarjes se energjisë elektrike për shkak të reshjeve të deborës. Nderkohe po punohet që cdo fshat ta kete rrugen të hapur. Te gjitha qendrat shendetesore kane furnizim te mjaftueshem me ilacet baze.


www.ilinden-tirana.com

Дукаѓин Хата ја издаде книгата “Симболичниот интелектуал од Голо Брдо” монографија за Вело Цварку

Дукаѓин Хата ја издаде книгата “Симболичниот интелектуал од Голо Брдо” монографија за Вело Цварку. Авторот со ова книга прикажува историјата на фамилјата Цварку и делото на интелектуалецот со потекло од село Стеблево Голо Брдо Вело Цфарку преселен одамна во Тирана од родното место Голо Брдо. Вело Цфарку роден на 1935 година во село Ѓиновец Голо Брдо. Основно образование има завршено во родното село, потоа и средно, како и Педагошки факултет. Во тек на 15 години работел како учител по селата во Голо Брдо. Автор на книги, стати за македонското малцинство во Голо Брдо Република Албанија. Авторот Вело Цфарку има значаен придонес за зачувување на македонскиот фолклор од областа Голо Брдо.  Книгите  ќе помогнат многу за пренесување на македонските обичаи, фолклор, традиција за помладите генерации на Македонците во Република Албанија. Книгите на авторот Вело Цфарку се “Голо Брдо во оптиката ан времето” 2007 година “Еден живот со Дибраните” 2011 година “Голобрдски Фоклор 1” 2009 година помогнал “Словенските Малциства во Албанија“ од авторите Клаус Штеинке од Германија и Џелал Ули,помогнал за книгата монографија за “Врница” и “Врница оптиката на времет” на автор Павли Никола “Втор дел Голо Брдо Ербеле Грно Крчиште” издавач Ото Сагнер Минхен Германија 2008 година.


 

www.ilinden-tirana.com

Македонско друштво “Илинден”-Тирана бараат настава на Македонски мајчин јазик во Голо Брдо

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо, достави ново барање, овојпат до највисоките претставници на власта и до сите надлежни албански институции, за организирање настава на мајчин македонски јазик во деветолетката “Десетте херои“ во село Требиште, областa Голо Брдо. Барањето е доставено до претседателот на Република Албанија, Бујар Нишани, премиерот Еди Рама, претседателот на парламентот, Илир Мета, министерката за образование, Линдита Никола, претседателката на Комитетот за малцинства, Константина Бежани, народниот правобранител, Игли Тотозани, како и до комесарката за заштита од дискриминација, Ирма Бараку. Во цело Голо Брдо наставата се изведувала на македонски јазик од 1949 година, до кога Македонците имале право така да се декларираат.


www.ilinden-tirana.com

Интервју со Нико Китани преставник на македонско малцинство во Државниот комитет за малциства

 

Нико Китани е етнички Македонец, роден на 07.12.1986 година во Долна Горица, Мала Преспа, Република Албанија. Основно образование има завршено во неговото родно место, додека во 2005 завршил средно образование во  гимназијата во Битола, Република  Македонија. Виското образование го завршил на Педагошкиот факултет при Универзитетот св. Климент Охридски во Битола каде студирал како степендист на Владата на Република Македонија. Своето образование го продолжил во 2011 година кога се запушал на магистерски студии на истиот факултет, насока: Менаџмент во образование. Подоцна, во 2013 година се запишува и на втори магистерски студии на Правниот факултет при Универзитетот “Гоце Делчев”- Штип на насоката: Применета политика и и дипломатија. Моментално работи на привршување на магистерскиот труд на тема Независноста на медиумите во Република Албанија. Преседател од 2006 до 2010 на Студенското друштво на Владини степендисти со македонско потекло од Балканот (Албанија, Србија, Бугарија, Грција) во рамките на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Битола). Во периодот од 2007 до 2010 год. Бил член на Студентскиот парламент на УКЛО во рамките на Универзитетот Свети Климент Охридски Битола. Потоа, од 2010 до 2012 год. Бил потпретседател на Студенското Друштво на владини степендисти со македонско потекло од Балканот ( Албанија, Србија, Бугарија, Грција) при Универзитеот “Св. Кирил и Методиј”- Скопје, “Св. Климент Охридски”- Битола, “Гоце Делчев”- Штип. Од 2014 година е преставник на македонското малцинство во Државниот комитет на малцинства во Република  Албанија.

 

Весник Илинден: Како ја оценувате положба на македонското национално малциство во Република Албанија


Од периодот на Вторта светска војна наваму има неколку случувања кои придонесоа за  прогонот и асимилација на македонската заедница. Тука, пред се, би го спомнал комунистичкиот режим т.е. енверовиот период во Албанија, а подоцна и последниот попис на населението во Албанија кој беше спроведен во 2011 година, а не помалку важен настан е и новата територијалната поделба. Тоа се основните случување во Албанија кои влијаеја на процесот на емигрирање на македонското население, настани кои оставија длабоки и трајни последици врз македоснката заедница во Албанија. Тоа придонесе и за тоа денеска да немаме податоци на точна бројка, но и за положбата на македонското национално малциство во  Република Албанија. Овде ќе спомнеме и еден друг факт. Македонско малцинство од страна на албанската држава е признато само во областа на Преспа, која остана единствената македонска општина согласно најновата територијалната поделба на Албанија. Македонското малцинство од албанската држава, освен во облатса на Преспа, се признава и во село Врбник во областа Девол. Од 1991 година, кога Албанија станува демокраска држава па се до ден денес очекувавме дека и Македонците од Голо Брдо, Гора како и во градовите низ Албанија каде што живеат Македонци ќе бидаат признати и ќе им биде овозможена настава на македонски јазик, согласно со меѓународните конвенции.


 

Весник Илинден: Сметате ли дека државни институции во Албанија се достапни за припадниците на македонското национално малциство


Македононец можеме да сретнеме речиси во сите државни институции, но за жал не како преставници од Македонската партија, туку како преставници на поголемите албански политички патрии. Преставниците на македонското малцинство во државните институци можам да кажам дека се бројаат на прсти, за жал.


Весник Илинден: Со кои проблеми се соочува македонското национално малциство во Република Албанија


Искрено нема проблеми со кои не се сочуваме, еден од поголемите проблеми е недостатокот на изучувањето на мајчиниот јазик во Голо Брдо и Гора, процес кој за нас како малцинство е од големо значење. Еднинствено, македонскиот јазик се изучува во училиштата во целата област на општината Пустец. Според актуелните законски прописи 60% од наставата треба да се одвива на македонски јазик, но за жал и тоа не се почитува последните дестина години бидејќи има недостаток на учебници по повеќе предмети кои треба да бидат на македонски јазик. Други позначајни проблеми со кои се сочува македонската заедница се: непризнавњето на македонската заедница во Голо Брдо, Гора како и во градовите низ Албанија каде што живеат голем број на Македонци. Декларирање на етничката припадност, за малцинствата треба да содржи одредби со кои се гарантира слободата на декларација. Исто така, Албанија нема јасна дефиниција на терминот “националност” или терминот “национално малцинство”. Немаме никакава поддршка од Министерството за култура кое треба да одвојува посебен фонд кој ќе биде наменет за малцинставта за подршка на нивната култура. Се уште немаме емисија на македонски јазик на Државната националната телевизија. За тоа е потребно да се донесе Закон за малцинствата со кој ќе се регулира не само признавањето на македонското и на другите малцинства на целата територија на Р. Албанија, а би се решиле и другите горе наведени проблеми.

 

www.ilinden-tirana.com

Пакетчиња за децата што ги посетуваат курсевите по македонски јазик во село Требиште, Голо Брдо

Позната е целта на Македонско друштво “Илинден”-Tирана и Македонско друштво “Илинден”-Tирана огранок Голо Брдо кои се залагаат за зачувањето на македонскиот јазик македонската култура, традиција и обичаи во областа Голо Брдо. Во знак на таквата цел Македонско друштво “Илинден”-Tирана и Македонско друштво “Илинден”-Tирана огранок Голо Брдо на децата што ги посетуваат бесплатните курсеви по македонски јазик во село Требиште им подарија пакечиња за новогодишните празници. Ваквата акција е во насока на одбележување на највеселите празници во годината, кои за децата имаат особено значење. Значајно е да се напомене за јавноста дека курсот го посетуваат деца од 7 до 14 годишна возраст. Предавањата, два пати седмично, ги држи Спиро Марку учител од село Врница во областа Голо Брдо во Албанија.


 

 

 

www.ilinden-tirana.com

Фидана Ќулханџиу ја издаде својата книга “Едно Море од Солзи”

Фидана Ќулханџиу ја издаде својата книга “Едно Море од Солзи”. Авторот со ова збирка песни е познат и признат деец во поезијата, при што најчесто го негува роднокрајниот дух во пишувањето. На то начин таа дава значен придонес за зачувување и промоција на македонската култура и традиција во Албанија. Во овој случај како издавач на кингата се јавува Македонското друштво “Илинден”-Тирана. Збирката песни е испечатена на албански јазик, а доколку се обезбедат услови од страна на авторот и издавачот се прават напори да се испечати и на македонски јазик. Сакајќи да го доближиме авторот до читателот ќе запишеме дека Фидана Ќулханџиу е роденa на 24. 02.1992 година во Смолник областа Голо Брдо. Основно и средно заврши во Тирана. Како автор таа во 2006 година за прв пат излезе пред читателите со својата книга ”Детство” а својата поезија ја има објавувано во неколку весници во Албанија. Таа е член на Македонско друштво “Илинден”-Тирана и дописник на весник “Илинден“ органот на Друштвото. На крајот од се срце и честитаме на Фидана Ќулханџиу за нејзината нова книга и посакуваме натамошни лични и професионални успеси.


 

Fidana Qylhanxhiu nxori librin me poezi “Një det lotësh”


Autoria Fidana Qylhanxhiu nxori librin me poezi “Një det lotësh”. Autoria më këtë libër jep një kontribut të rëndësishëm në ruajtjen dhe promovimin e kulturës maqedonase ,dhe traditës në Shqipëri. Shoqata Maqedonase “Ilinden”-Tiranë është botues i këti libri është në gjuhën shqipe dhe po bëhen përpjekje të jetë dhe në gjuhën maqedonase. Fidana Qylhanxhiu lindur më 24.02.1992, në Smollnik Gollobordë. shkollën fillore dhe të mesëm e mbaroi në Tiranë. Në vitin 2006 doli përpara lexuesve me librin e parë “Fëmijëria” ka shkruar poezi në disa gazeta në Shqipëri, është antare e Shoqatës Maqedonase “Ilinden”-Tiranë dhe Gazetare e gazetës Ilinden në Tiranë.

 

www.ilinden-tirana.com

Честит Раѓањето Христово – Божиќ

Почитувани Македонци и Македонки, во името на Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо ви честитамe Раѓањето Христово – Божиќ. Нека е честит празникот и за многу години. Христос се роди!

Македонско друштво “Илинден”-Тирана  Претседател Никола Ѓурѓај

Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо Претседател Ули Халилај

 

 

Të dashur Maqedonase dhe Maqedonas, në emër të Shoqatës Maqedonase “Ilinden”-Tiranë dhe Shoqata maqedonase “Ilinden”-Tiranë Dega Gollobordë, ju urojmë Gëzuar Krishtlindjet. Gëzuar festën dhe për shumë vite. Krishti lindi!

Shoqata maqedonase ‘’Ilinden”-Tiranë  Kryetar z. Nikolla Gjurgjaj

Shoqata maqedonase “Ilinden”-Tiranë Dega Gollobordë  Kryetar z. Ylli Halilaj


www.ilinden-tirana.com

Ден на виното во Долна Горица Мала Преспа

Македонците од Мала Преспа ја продлжуваат традицијата на организирање Ден на виното, традиционално во декември веќе неколку години во Мала Преспа се организира Денот на виното. За да го прослават овој ден, Институтот за заштита на природата во Албанија и локалната организација Green & Cleen организираа во дворот на Националниот парк Преспа свечена церемонија. Ден на виното беше организирана во рамките на програмата SENIORA, имплементирана од РЕЦ Албанија и финансирана од Шведската влада. Ден на виното беше организиран во форма на конкурс на вино во дворот од зградата на Националниот парк Преспа, со новото вино од ова година и со учество на фолклорна група од деветолетното училиште “Отпорот на Горичени“ од Долна Горица и со панаѓур со традиционалните производи од областа на Мала Преспа. На прославата присуствуваа претставници од локалната власт администрацијата на паркот претставници на медиумите и жители на областа Мала Преспа.


 

 

www.ilinden-tirana.com

Македонско друштво “Илинден”-Тирана најостро ја осудуваат изјавата на Кристо Гоци

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо најостро ја осудуваат изјавата на Кристо Гоци преставник на Власите во државниот комитет за малциства на Албанија, кој на својот профил на ФБ напиша Македоне (Славјански) јазик. Македонско национално малциство во Република Албанија е признато како Македонско малциство со свој мајчин јазик Македонски а не како што тој го нарекува Македоне (Славјански). Македонско друштво “Илинден”-Тирана смета дека изјавата на ФБ на Кристо Гоци, преставник на Власите во државниот комитет за малциства, е крајно недолична и неодговорна, и претставува груба навреда на достоинството на Македонското национално малциство во Република Албанија. Поради недоличната изјава на Кристо Гоци бараме тој безусловно да се извини до македонско национално малциство.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана 
Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо


 

www.ilinden-tirana.com