vestimk

Честитка од Македонско друштво “Илинден“-Тирана по повод Фитер Бајрам

Почитувани верниците со Исламска Вероисповед во Република Албанија и во целиот свет во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви честита Фитер Бајрам, со желба за многу лични успеси и бериќетна година. Слика: Џамија во село Требиште областа Голо Брдо

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај оствари средба со Борче Јовчески градоначалникот на Општина Прилеп

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај денеска  оствари средба со Борче Јовчески, градоначалникот на Општина Прилеп. На работната средба претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, го информираше Борче Јовчески за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија, при што беа актуелизирани прашања кои се однесуваат на проблемите на македонско национално малцинство во Република Албанија. Низ дискусијата, Борче Јовчески покажа исклучителен интерес за положбата на Македонците во Република Албанија. Секако, како градоначалник на Општина Прилеп искажа подготвеност да помогне за подобрување и унапредување на малциските права на Македонците во Република Албанија. Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај на Борче Јовчески и подари Македонски весник “Илинден” топло и се заблагодарува за срдечна средба.

Во Тирана држан вториот “Фолклорен фестивал на македонското малцинство во Република Албанија“ (ФОТО)

Во организација на Македонското друштво “Илинден“-Тирана а со поддршка на Министерството за култура на Република Албанија, во Амфитеатар Тирана (Голем парк на вештачко езеро во Тирана) синоќа се одржа вториот “Фолклорен фестивал на македонското малцинство во Република Албанија“. Многубројната публика со посебно внимание ги проследи и настапите на Македонска фолклорна група од Голо Брдо (Македонски традиционални ора од областа Голо Брдо), Македонска фолклорна група од Мала Преспа (Македонски традиционални ора од областа Мала Преспа), Македонска фолклорна група од Гора (Нибет и Македонски традиционални ора од областа Гора) и Театарот “Скрб и утеха” од Скопје, Македонија.

Македонскиот фолклор бил создаван и траел со векови. Тој ни овозможува да разбереме кои сме ние. Познавањето на фолклорот значи познавање на сите духовни и материјални богатства на народот.Живот на еден народ е претставен преку традиционалните носии, обичаите, ритуалите, приказните. Но, несомнено најмоќните, најизразените и најприродните алатки кои човекот никогаш не ги напуштил без оглед на времето, местото и возраста се народните песни и ора. Сценската изведба на народната музика создава нови културни перспективи. Токму со овој фестивал, се отвора можност за презентација на изворни и автентични содржини,-рече Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво “Илинден“-Тирана.

Тој посочи дека фестивалот не само што се одржа за вторпат, туку за вторпат една ваква манифестација е подржана од страна на албанското министерство за култура до кое упати голема благодарост за подршка, со убедување дека подршката ќе продолжи и фестивалот ќе стане традиционален.

Покрај Македонци кои живеат во Тирана, како и од други делови на Албанија, на манифестацијата присуствуваа и проф. д-р Данчо Марковски, амбасадор на Република Македонија во Тирана, Република Албанија, Златко Ориѓански, директор на Македонскиот Културно-информативен центар во Тирана, Република Албанија, Никола Ѓурѓај, претседател на Македонско друштво “Илинден”-Тиранa, Незир Меча, потпретседател на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Ули Халилај, потпретседател на Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо, Елса Џелили, координатор на Македонското друштво “Илинден” за Округот Елбасан.

Македонска фолклорна група од Голо Брдо

Македонска фолклорна група од Мала Преспа

Македонска фолклорна група од Гора 

Театарот “Скрб и утеха” од Скопје, Македонија

Програма на “Фолклорен фестивал на македонското малцинство во Република Албанија”

Во организација на Македонското друштво “Илинден“- Тирана со поддршка на Министерството за култура на Република Албанија по вторпат во Тирана ќе биде одржан “Фолклорен фестивал на македонското малцинство во Република Албанија“. Очекуваме голема посетеност како од Македонците кои живеат во Тирана, туку и од други делови на Албанија, изјави Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво “Илинден“-Тирана. Според него, на оваа значајна манифестација за Македонците во Република Албанија. Фестивалот ќе се одржи на 17 Април 2022, 16 : 00 часот кај Амфитеатар Тирана (Голем парк на вештачко езеро во Тирана) – Влез бесплатен

Програма
Групи учеснички:
1. Македонска фолклорна група од Голо Брдо
(Македонски традиционални ора од областа Голо Брдо)
2. Македонска фолклорна група од Мала Преспа
(Македонски традиционални ора од областа Мала Преспа)
3. Македонска фолклорна група од Гора
(Нибет и Македонски традиционални ора од областа Гора)
Гости:
Театар “Скрб и утеха ” Скопје, Македонија, сцени од Проф д-р Тихомир Стојановски и Актер Страшко Милошевски

Македонско друштво “Илинден“-Тирана ги поканува сите љубители на македонскиот фолклор во Република Албанија на “Фолклорен фестивал на македонското малцинство во Република Албанија“

Македонско друштво “Илинден”-Тирана со поддршка на Министерството за култура на Република Албанија организират втор пат во Тирана “Фолклорен фестивал на македонското малцинство во Република Албанија”. Македонското друштво “Илинден“-Тирана ве покануваме на 17 Април 2022, 16 : 00 часот кај Амфитеатар Тирана (Голем парк на вештачко езеро во Тирана) – Влез бесплатен

Главата Горе

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”- Огранок Голо Брдо ги повикува сите Македонците во Република Албанија да се изјаснат дека се Македонци да го чуват својот Македонски идендитет.

Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај и подпретседателот на Друштвото, Незир Меча му ја врачија почесната награда “Илинден” на македонскиот амбасадор во Тирана, проф. д-р Данчо Марковски

Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај и подпретседателот на Ддруштвото, Незир Меча остварија средба со македонскиот амбасадор во Тирана, проф. д-р Данчо Марковски и со тимот на Амбасадата на Република Македонија во Тирана. Во таа пригода, на амбасадорот му беше врачена почесната награда ”Илинден”. Од своја страна, амбасадорот Марковски ги поздрави сите заложби, посветеноста и ангажманот на Македонското друштво “Илинден”-Тирана во насока на унапредување на позицијата и правата на македонско национално малциство во Албанија. Г-дин Ѓурѓај искажа благодарност за односот и ангажирањето на македонскиот амбасадор во Тирана, проф. д-р Данчо Марковски во правец на подобрување на состојбата на Македонците во Албанија. Поради тоа, со посебно задоволство г-дин Ѓурѓај му ја врачи наградата “Илинден”. Никола Ѓургај изрази надеж дека досегашната успешна соработка и позитивни релации ќе продолжат и во иднина со македонската Амбасада во Тирана. На срдечниот разговор искажан е заеднички став за унапредување на соработката меѓу македонското друштво “Илинден”-Тирана и македонската Амбасада во Тирана, Република Албанија. Наградата “Илинден” е воведена по повод јубилејот 10 години постоење на Друштвото. Таа се доделува на личности кои дале посебен придонес за животот, историјата, културата и зачувувањето на автентичните традиции на Македонците во Република Албнија.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана апелира за финансиска помош за изградба на камбанарија во Пустец, Мала Преспа

Македонско друштво “Илинден”-Тирана апелира за финансиска помош за изградба на камбанарија на православниот храм “Св Архангел Михаил” во центарот на Пустец, Мала Преспа.

Поради тоа, Македонското друштво “Илинден“- Тирана ги повикува Македонците како во Република Албанија, така и Македонците низ целиот свет да помогнат за изградба на камбанарија на црквата ” Св Архангел Михаил “, не се сомневаме дека голем дел од нив активно ќе се вклучат во акцијата за изградба на камбанарија во склоп на православната црквата “Св Архангел Михаил” во центарот на Пустец.

Вие, вашите пријатели, колеги и пријатели. Секој според сопствените можности и својата волја. Според зборовите на Македонците од Пустец „ѕвоното е одамна донесено, но поради фактот што недостасува соодветна камбанарија ѕвоното е обесено на едно железо, кое служи како недостојна замена за камбанарија. По молба и барање на македонските верници од Пустец за изградба на камбанарија крај црквата “Св. Архангел Михаил”, која навистина им е потребна, се потрудивме и со Божја помош успеавме да добиеме, убав проект на камбанарија која ѝ одговара на црквата.

Камбанаријата ќе биде 15 м. висока и 4 м. широка, а проектот е подолу прикажан низ неколку фотографии“. Почитувани верници и наши читатели во Албанија и секаде низ светот, Македонско друштво “Илинден”-Тирана се приклучува кон акцијата за собирање на доброволни прилози за изградба на овој објект, со кој ќе се заокружи црковниот комплекс во центарот на Пустец, Преспа, Албанија.

Жиро – сметки на кои секој од вас ќе може да донира за изградба на камбанаријата: – преку сметка во банка за внатре во Република Албанија 410590037010117 – преку сметка во банка надвор од Република Албанија на AL89214411030410590037010117

Македонско друштво “Илинден”-Тирана однапред Ви благодари и се надева на Ваша подршка. Господ секому да помогни, а Свети Архангел Михаил да го заштити.