vestimk

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај оствари средба со Министер советник, Љуфтим Спахиу во Амбасада на Македонија во Тиранa

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај денеска во Амбасада на Република Македонија во Тирана оствари средба со Министер советник г-дин Љуфтим Спахиу. Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај на Министер советник г-дин Љуфтим Спахиу му го честита превземањето на функцијата и му посакал спех на високата дипломатска должност. На работната средба претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, го информираше Министер советник за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија, при што беа актуелизирани прашања кои се однесуваат на проблемите на македонско национално малцинство во Република Албанија. Воедно, Спахиу беше информирана и за активностите на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, кое со години е активен субјект сред македоското национално малциство во Република Албанија. Низ дискусијата, Министер советник г-дин Љуфтим Спахиу, покажа исклучителен интерес за положбата на Македонско национално малциство. На средбата, многу отворено, се разговараше за можни активности кои би помогнала за надминување на проблемите на Македонско национално малциство во Република Албанија на повеќе полиња. Секако, во опсегот на надлежностите, Спахиу искажа подготвеност да помогне за подобрување и унапредување на малциските права на Македонско национално малциство во Република Албанија. Со надеж дека Министер советник сесрдно ќе помогне во подобрување на положбата на Македонците во Албанија, претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана топло и се заблагодарува за срдечна средба.

Честит празник 8-ми септември денот на независноста на татковината Македонија

Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви го честитаме 8-ми септември денот на независноста на татковината Македонија се одбележуват 31 години од независноста. Да е вечен да го почитуваме и славиме овој голем ден.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана
Претседател г-дин Никола Ѓурѓај

Сара Џелили преставник на Македонското друштво “Илинден“-Тирана учестува на Балкански поетски камп за деца и млади “Ванчо Николески” во Охрид

Со поздравно обраќање на градоначалникот, Кирил Пецаков  денеска во Охрид започна  четвртото издание на Балкански поетски камп за млади „Ванчо Николески”. На младите поети и поетеси од земјава и странство градоначалникот Пецаков им посака пријатен престој во Охрид  во кој се кријат многу мотиви за идна творечка инспирација. Огромно е задоволството да се биде меѓу младите поети и поетеси од Македонија и неколку балкански земји  чии напишани стихови со воодушевувење сакаме да ги прочитаме или слушнеме, а кои се гаранција за нивниот иден авторски успех во светски рамки.  Особено се радувам на ваквите настани затоа што со нив се збогатува културната понуда на Охрид и се разменуваат ставови и искуства на млади пишувачи на убавиот збор од повеќе земји. Во време на дигитално општество, кога социјалните мрежи стануваат доминантни на комуникациски план станува реткост  да се прочита проза или поезија од пишуван труд. Пишувањето и читањето се особено значајни во процесот на социјален развој на единката и затоа секогаш треба да се преферираат и негуваат. На  сите вас учесници на Балканскиот поетски камп ви посакувам пријатен престој во Охрид со желба да доловите барем дел од неговите убавини. Посетете ги нашите убави манастири и цркви, одете на Плаошник или влезете во Самоиловите крепости. Доколку ве послужи времето одете на некоја од бројните плажи,а ноќта минете ја крај охридското езеро. Сигурен сум дека тука кај нас ќе најдете многу мотиви за вашите наредни поетски творби – рече градоначалникот Пецаков. Учесниците на настанот ги поздрави и претседателот на Друштвото на писателите на Македонија, професор д-р Христо Петревски. Учесниците на балканскиот поетски камп  е предвидено да присуствуваат на одделни манифестации на Меѓународниот семинар за македонски јазик и литература, при УКУМ, како и на поетскиот фестивал „Струшките вечери на поезијата“. Тие  ќе ја посетат општина Дебрца и Вевчани. Инаку, кампот се одржува под покровителство на Светската академија на поезијата, при УНЕСКО, додека претседателот на Македонија, Стево Пендароски, испраќа посебно Послание до учесниците. Преставничка на Македонското друштво “Илинден“-Тирана на Четвртито Балкански поетски камп за деца и млади “Ванчо Николески” е Сара Џелили по потекло се од Голо Брдо а живее во Елбасан.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана најостро го осудува изјавата на заменикот министер за надворешни работи на Бугарија, за асимилација на Македонците во Бугари во Албанија

Денес, 25 август 2022 година, го чувме заменикот министер за надворешни работи на Република Бугарија, Костадин Коџабашев со изјава дека „ги поддржуваат и ќе продолжат да ги поддржуваат Бугарите во Албанија“. Ваквата реакција доаѓа во пресрет на новата територијална поделба на Република Албанија, а особено по барањето за формирање на посебни општини каде Македонците живеат со векови и во пределите Преспа, Голо Брдо и Гора. Иако се дегутантни и веќе смешно излитени изјавите на бугарските перјаници во врска со именувањето на Македонците во Албанија со Бугари, сепак по онаа народната „сто пати кажаната лага станува вистина“ и Коџабашиев се вклучува во ширењето на лагата. Намерната замена на нашето вековно македонското чувство, со некакво, од Бугарите измислено бугарско национално чувство, кај нас не поминува. Напротив, кај многу од нас, Македонците се создава и чувство на пизма кој бугарските официјални политички претставници поради нивната уценувачка и настојчива активност да нѝ ја наметнат бугарштината како чувство иако со децении кажуваме дека не сме Бугари. И како Македонци од Преспа, Голо Брдо и Гора по кој знае кој пат им се обраќаме на европските институции да преземат мерки за контролирање на неконтролабилните бугарски политичари чие однесување е крајно неевропско, дури и нецивилизирано за 21. век. Она што нас нѐ загрижува е фактот што токму Европската Унија како заедница на демократски држави дозволува една нејзина членка да се однесува варварски кон Македонците во Албанија. Во своето обраќање Коџабашиев спомнува дека претставници на бугарското малцинство во Албанија побарале средба со претседателот на Бугарија, Радев и дека ќе се потрудат таа да се реализира. Да не е смешно, ќе биде комично. Познавајќи го капацитетот на платените ликови во Албанија кои треба да одглумат Бугари, не се сомневаме дека ваквата средба е иницирана од Бугарија. Но, за да не биде вистината гола, подобро е да ѝ фрлиме некоја наметка. Наметката се вика дежурни платеници кои за пари го продаваат и мајчиното млеко. Коџабашиев треба да научи дека нивните платеници кои глумат Бугари во Албанија, утре ќе се изјаснат и марсовци, доколку некој подобро платат од Бугарија Жаламе што и нашата, албанска Влада дозволува на нејзината територија да шетаат емисари на други држави со цел да внесуваат раздор и немир сред нејзините жители. Тоа го направи и самата албанска Влада во 2017 година кога попушти пред уцените на Бугарија и без реално постоење на ниту еден Бугарин во Албанија, го вметнаа бугарското малцинство во Законот за малцинства. Но, Бугарија како член на Европската Унија и склона кон уцени, се закануваше на Албанија со вето за почнување на преговори за влез во европското семејство, а жртвата и цената за таквиот чин беше газењето врз коските на покојните и чувствата на живите Македонци во Албанија. Срамно е европското демократско семејство да ги гази своите зацртани постулати за основните човекови права и да молчи за недозволивата ароганција на Бугарите, кои сѐ поинтензивно работат на денационализација и геноцид на Македонците во Република Албанија. Ние имаме да порачаме дека платениците што ви се Бугари, никој не знае до кога ќе бидат Бугари. А ние, Македонци сме биле, Македонци ќе останеме.

www.youtube.com/watch?v=fHS5Bsmk6Ow

www.youtube.com/watch?v=y7kDDIZYKfY

Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара итна средба на претсавници од Владата на Албанија и на Македонија со цел да се отпочне со преземање на мерки за спас на Преспанското Езеро

Актуелната состојба со Прспанското Езеро бара итно преземање мерки бидејќи Езерото е на чекор до еколошка катастрофа. Преспанското Езеро, како едно од најстарите сочувани тектонски езера во светот, споменик на природата и дом на 1.500 ендемски видови животни. Но, според последната состојба, Езерото на одредени места е повлечено и до 300 метри од брегот. Алармантната состојба со недостатокот на вода засекогаш ќе го нарушат и уништат екосистемот на Преспанското Езеро. Значењето на Езерото е огромно и за Македонците од областа Преспа кои егзистенцијално се поврзани со Преспанското Езеро, Економските импликации по населението кое живее околу Езерото се катастрофални. Страдаа земјоделието, риболовот и туризмот. Вака согледувајќи ги последиците итно треба да преземат мерки за санирање на состојба на Преспанското Езеро.

Македонскиот весник “Илинден“ стана дел од платформата Алијанса за етички медиуми и е првиот весник на македонското малцинство во Албанија кој е дел од платформата

Македонскиот весник “Илинден“ стана дел од платформата на Алијансата за етички медиуми, членови на АEM се 29 печатени и аудиовизуелни медиуми во Република Албанија. Алијансата ги штити своите членки од нефер притисоци и напади. Алијансата за етички медиуми е доброволна група албански медиуми посветени на строго спроведување на Етичкиот кодекс на новинарите. Мисијата на Алијансата за етички медиуми е да промовира квалитетно известување во сите форми со цел да и покаже на јавноста дека членовите на Алијансата се сигурни извори на информации. Македонскиот весник “Илинден“ е првиот весник на македонското малцинство во Република Албанија кој е дел од платформата на Алијансата за етички медиуми, а воедно и првиот весник на националните малцинства во Република Албанија. Македонскиот весник ‘‘Илинден“ и главниот уредник на весникот Никола Ѓурѓај му се заблагодаруваат на Одборот на Алијансата за етички медиуми, кој одлучи македонскиот весник ‘‘Илинден“ да биде член на АEM. Македонскиот весник “Илинден“ излезе во февруари 2011 година во Тирана, тој е весник на Македонското друштво “Илинден“ -Тирана и единствениот македонски весник во Република Албанија што излегува во печатена и електронска форма. Македонскиот весник ‘‘Илинден“ продуцира и емитува информации на македонски јазик. Се објавуваат вести за Македонците во Република Албанија, Македонија, Албанија, Балканот, Европа и светот, политички вести, економски, културни, спортски и интервјуа. Македонскиот весник ‘‘Илинден“ се стреми да има стандарди на објективно, истражувачко, аналитичко новинарство, објективна презентација на информациите и нивните извори, како и квалитет и креативност во креирањето вести.

Македонско друштво “Илинден“- Тирана ви го честита најголемиот Македонски празник Илинден

Почитувани Македонци и Македонки во Република Албанија, татковината Македонија и насекаде во светот, Македонско друштво “Илинден“- Тирана ви го честита најголемиот македонски празник Илинден. Да го почитуваме и славиме овој голем ден во чест на Илинденско востание од 1903 – та година. Исто така големитот Илинден 1944 – та година. Слика: Излет на Македонците во Тирана во 1937 година

Македонско друштво “Илинден“-Тирана потпиша Меморандум за соработка со ракометниот клуб “Енхалон“ од Струга

Македонско друштво “Илинден“-Тирана, преставувано од претседателот г-дин Никола Ѓурѓај од Тирана, потпишаа Меморандум за соработка со ракометен клуб “Енхалон“ од Струга, преставувано од претседателот г-дин Дејан Костески, со цел заедничка промоција на спортот на национално и меѓународно ниво. Двете Здруженија покажаа интерес за градење на партнерство во спроведување на конкретни проектни активности со намера да ги реализираат заедничките цели преку взаемни проекти. Нивна цел ќе биде да спроведуваат истражувања, креирање, развој и промоција на спортот на сите категории (децата, младите и возрасните), размена на деца и младинци како учесници во разни манифестации, како и промовирање и поддршка на научни, културно-уметнички, спортски и хуманитарни активности и манифестации.

Македонско друштво “Илинден “-Тирана му посакува успех на претседателот Бајрам Бегај со верба дека ќе се заложи за подобрување на правата на Македонците во Република Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана му посакува успех во извршувањето на функцијата претседател на Албанија на Бајрам Бегај, кој синоќа и официјално ја презеде фунцијата. Дозволете ми во името на македонското друштво “Илинден“-Тирана и од мое лично име да ви посакам успех на функцијата претседател на Република Албанија. Посакувајќи ви успех во извршување на функцијата, веруваме дека ќе се залагате за подобрување на правата на македонското национално малцинство во Република Албанија. Ви посакувам здравје и успех во работата, стои меѓу другото во честитката потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.