Tag: <span>Осуда</span>

Македонско друштво „Илинден“-Тирана најостра осуда за одлука на Бугарскиот Парламент

Македонско друштво „Илинден“-Тирана ја смета за провокација во континуитет, вчерашната одлука на Бугарскиот Парламент за преименување на 24 Мај од “Ден на словенската писменост“ во “Ден на бугарската писменост“ со барање до Европската Унија “кирилицата да биде призната како бугарска азбука“! Тоа е провокација, не само кон Македонија туку и кон останатие држави со население со словенски корени. Македонско друштво „Илинден“-Тирана потсетува, дека во науката е прифатено дека основата на старословенскиот јазик се македонските говори од околината на Солун, а првото словенско писмо напишано од светите солунски браќа Македонците, Кирил и Методиј е глаголицата! Старословенскиот јазик е старомакедонскиот јазик! Македонско друштво „Илинден“-Тирана со индигнација отфрла заедничка прослава на значајни датуми, настани и личности кои Софија ги смета за Бугари и бугарски, а за тоа дури бара патент од Европската Унија! Македонско друштво „Илинден“-Тирана потсетува на изјавата на рускиот претседател Владимир Путин на 24 мај 2017 година при посетата на македонскиот претседател Ѓорге Иванов во Москва: “Денес во Русија се празнува Денот на словенската писменост, а писменоста во Русија дојде од македонската земја!“ Македонците по род во Албанија, во светот и татковината, ја отфрлаат новата “политичка историја“ за македонскиот народ и за Македонија, со која Бугарија и Грција вршат обиди Македонија од држава да се редефинира во територија без народ и историја чии администратори би биле Атина и Софија! Македонско друштво „Илинден“-Тирана со индигнација ги отфрла бугарскиот и грчкиот геноцид врз македонскиот народ, наци-фашистичкото барање на Грција за промена на името на државата Македонија и наци-фашистичкото барање на Бугарија за промена на името на македонскиот народ, јазик култура и историја. Ваквите барања се даваат од членки на едно т.н. европско демократско семејство, а сушност се уцени прикажувани како вредност за „добрососедство и солидарност“ во Брисел и Стразбур со страна на Атина и Софија! Македонското друштво “Илинден“-Тирана ја осудува Владата во Софија за дискриминаторските, расистичките и наци-фашистичките истапувања за непостоење на македонскиот народ во целина, како и бугаризирање на македонската историја!

Македонско друштво „Илинден”-Тирана најостро го осудува навредливото однесување на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски кон Македонците

Македонско друштво „Илинден”-Тирана најостро го осудува навредливото однесување на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски кој се надмина себеси во видеоконференцијата на неговиот Фејсбук-профил на тема „Геополитика и транспортни коридори на Балканот“. Македонско друштво „Илинден”-Тирана најостро ја осудува заканата на Џамбаски дека полека и со ќотек Македонците ќе се вратат на своите “бугарски корени”. Македонско друштво „Илинден”-Тирана ја осудува национал-шовинистичката политика на Софија кон Македонскиот народ во целина, непризнавајќи го неговото универзално неотуѓиво и неотстапно право на самоопределување и самоидентификација на Македонски народ, Македонски јазик и држава Македонија!

Македонско друштво „Илинден“-Тирана ја осудува бугарската провокација за непостоење на Македонскиот јазик и Македнското малциство

Македонското друштво „Илинден“-Тирана ја осудува најнова провокација на Бугарската влада за Македонскиот јазик и македонското малцинство. Македонците во Албанија со индигнација го отфрлаат ставот на Бугарската влада со кој повторно се пласира една небулозна теза, дека не постои Македонски јазик и македонското малцинство. Барањето на Бугарската влада, Македонија да се откаже од грижата за македонското малцинство и во ЕУ наместо Македонски јазик да се користи терминот “службен јазик на Република Северна Македонија“ е неприфатливо, геноцидно и претставува злосторството против човештвото! Македонското друштво „Илинден“-Тирана смета дека иако Советот на ЕУ донесе одлука за Македонија да почне преговори и оти изјавите на земјите-членки не можат да ја променат одлуката, загрижувачко е токму правото на вето на Владата во Софија на секое поглавје од триесет и трите. Македонското друштво „Илинден“-Тирана не се сомнева во злоупотребата на Софија на нејзините дискриминаторски и расистички барања за непостоење на Македонскиот јазик и македонското малцинство, приложени во финалниот заклучок на ЕУ што ја отсликуваат намерата на Софија и солидарноста на ЕУ во продолжението на бугарскиот наци-фашизам за непостоење на Македонскиот народ во целина! – стои во соопштението потпишано од Претседател на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај.