Ознака: <span>Никола Ѓурѓај</span>

Претседателот на македонското друштво „Илинден“-Тирана оствари работна средба со претседателот на МАНУ академик Љупчо Коцарев

На 4 ноември 2020 година, Претседателот на македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, беше во посета на Македонската академија на науките и уметностите, МАНУ во Скопје и освари средба со Акад. Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ, и Акад. Витомир Митевски, претседател на Библиотечниот одбор на МАНУ. На средбата се разговараше за состојбата на Македонците во Република Албанија и за активностите на Македонско друштво „Илинден“-Тирана. Се додава дека раководството на друштвото ќе продолжи со активностите за „воспоставување, проширување и унапредување на соработката со значајни институции во матичната земја, Македонија“.

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај учестуваше на интернет заседанието на Генералното собрание на Федералната унија на европски националности

Федералната унија на европските националности (ФУЕН) го одржа своето првo Генерално собрание со интернет заседание, поради тоа што заседание на конгресот не се одржа, како што беше претходно планирано, во Горица на италијанско-словенечката граница со оглед на пандемијата со COVID – 19.

„Година и пол помина од нашиот последен конгрес, со многу подеми и падови, при што пандемијата на коронавирус постојано влијаеше на речиси сите наши планови. Сепак, мислам дека тоа ја покажува моќта и флексибилноста на нашата организација, професионалноста и креативноста на нашиот тим, дека иако сè уште не можеме да ја надминеме пандемијата, ги компензираме настаните што не се случија физички преку интернет и да понудат значајни услуги за нашите организации-членки. Во оваа ситуација која нема никаков вид на стабилност, преку нашата издржливост, истрајност и инвентивност, ФУЕН успеа да остане ефикасен и релевантен. Она што треба да го сториме сега е да ги надградиме нашите повторно откриени вредности и да ги направиме нашите заедници да напредуваат “- рече претседателот на ФУЕН, Лорант Винце на собранието на делегатите на ФУЕН за 2020 година.

Поради пандемијата COVID-19, Собранието беше организирано и реализирано со интернет комуникација на повеќе од 200 делегати. Во својот извештај, претседателот истакна дека ФУЕН направи значителни постигнувања за унапредување на каузата за автохтони малцинства во Европската унија со Иницијативата за малцински безбеден пакет. „Успеавме ова наша иницијатива е на дневен ред во институциите на ЕУ, земјите-членки и во експертската заедница за креирање политики. Преку овој процес, ФУЕН стана влијателна организација за застапување во круговите на ЕУ “, рече тој. Со тоа најави дека европскиот Парламент ќе има пленарна дебата и резолуција за Иницијативата за малцинство SafePack во декември оваа година.

Покрај тоа, збор имаа и потпретседателите на ФУЕН кои го презентираа Извештајот за активност на Собранието на делегатите. Госта Тофт зборуваше за напредокот на Minority Safepack Intitiative и потребата за повеќе права за малцинствата во Европа, особено во областа на образованието.

Владимир Хам ја презентираше патувачката изложба на германската работна група помеѓу два света и посетите на организациите членки, велејќи дека многу малцинства имаат не само политички, туку и егзистенцијални проблеми. Ангелика Млинар ја презентираше активноста на словенечката работна група РГСМ и нивната брошура со презентација на сите словенски малцинства во ФУЕН.

Халит Хабип Оглу, зборуваше за турската работна група ТАГ, велејќи дека и покрај пандемијата со коронавирусот, ФУЕН успеа да се соочи со вонредни состојби, а работната група исто така мораше да се соочи со овие состојби. Бахн Бансен ги претстави активностите и предизвиците на работната група „Не-сродни лица“.

Даниел Алфрајдер зборуваше за он-лајн анкетата за образовните можности на автохтоните малцинства во Европа, во која тие имаат придонес од 30 европски земји. Резултатите од истражувањето ќе бидат презентирани на Годишниот состанок на работната група за образование во декември. Новиот претседател на младинската организација, Андор Барабаш, исто така, ја претстави својата активност, како и намладинската организација. На ова заседание кон ФЕУН се приклучи нов член во редовите на организациите-членки на Организацијата.

Имено, Собранието на делегати ананимно гласаше за прием на Регионалната граѓанска организација „ Qumuqlar“ („Кумуклар“), чија цел е развој на културата Кумик, нејзин придонес кон кумичкиот јазик, зачувување и координација на проектите од Кумик. После гласањето „Кумуклар“ беше примена како обичен член. Тоа е невладина организација која е регистрирана во 2014 година и е со седиште во Москва, која ги претставува Турците Кумик во Руската Федерација. ФУЕН го поздрави приемот на Qumuqlar („Кумуклар“) како една од организациите меѓу своите членови.

Покрај другите, во работа на состнокот учестуваше и претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, г-дин Никола Ѓурѓај. Македонското друштво “Илинден“-Тирана како членка на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН), истовремено е и дел на работната група на словенските малцинства во ФУЕН. Македонско друштво ”Илинден” од Тирана е член на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) од 16. мај 2015 година и дел од Работната група на словенските малцинства при ФУЕН. Г-дин Никола Ѓурѓај е задоволен од досегашната соработка и ефектот од членството на Македонско друштво ”Илинден” од Тирана во ФЕУН и се надева на идни уште поголеми заеднички успеси во зачувувањето на македонскиот идентитет и ентитет во Албанија.

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај оствари средба со г-дин Горан Шумкоски преседавач на Родина – Македонија

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај, по покана на Родина – Македонија ја посети канцеларијата на Родина во Прилеп и оствари средба со г-дин Горан Шумкоски преседавач на Родина – Македонија. Претседателот Шукоски ги поздрави сите заложби, посветеноста и ангажманот на македонското друштво “Илинден”-Тирана во насока на унапредување на позицијата и правата на Македонско национално малциство во Албанија. На срдечниот разговор искажан е заеднички став за унапредување на соработката меѓу македонското друштво “Илинден”-Тирана и Родина – Македонија како субјект што ке се залага за Македонското национално малциство во сосество.

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај освари средба со писателот Милан Ј. Јовчески

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во Прилеп, оствари средба со Македонскиот писател Милан Ј. Јовчески. Писателот објавува книги од древното минато на македонскиот народ, култура и цивилизација. Тој нуди обемна архивска граѓа, задржувајќи се на античкиот локалитет Алкомена, а преку приказната на Македонецот ги раскажува приказните на другите Македонци. Јовчески ги напишал и творбите “Сведоци на милениумите”, “Беломорска болка”, “Македонски непокор”. Во таа пригода, писателот Милан Ј. Јовчески беше запозната со најновите активности на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, а беше истакната и потребата од соработка на полето на културата. Соговорниците беа согласни дека треба да се прошири соработката. Со верба дека ваквите средби нема да бидат инцидентни, Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана Никола Ѓурѓај, посака плодна и долготрајна соработка, писателот Милан Ј. Јовчески донираше книги за Македонско друштво ”Илинден”-Тирана.

Ѓурѓај: Учестуваше на работен состнаок преку Интернет на работната група на словенските малцинства во ФУЕН 

Работната група на словенските малцинства во Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) ја одржа својата прва средба преку Интернет. Бидејќи РГСМ не успеа да се сретне уште од семинарот на словенските малцинства во Блејбург / Плиберк, Австрија, во ноември 2019 година, поради пандемијата COVID-19, беше организирана и онлајн состанок. Речиси половина од сите членови ја прифатија поканата, така што 13 организации членки беа присутни преку нивните претставници. Ангелика Млинар, претседател на работната група на словенските малцинства (РГСМ) во ФУЕН и потпретседател на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) ја отвори средбата со поздравување и презентација на тековната состојба. На агендата беше размената на мислења за актуелната состојба во време на коронавирус и ефектите врз словенските малцинства, како и за тековните и идните активности на РГСМ. Покрај другите, во работа на состнаокот преку интернет учестуваше и претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај. Македонското друштво “Илинден“-Тирана како членка на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН), истовремено е и дел на работната група на словенските малцинства во ФУЕН. Новата брошура и почетната страница на РГСМ беа подетално презентирани, како и плановите за претстојниот Семинар на словенските малцинства и ФУЕН Конгрес 2020 (доколку ситуацијата СОВИД-19 ги ​​дозволи овие настани). Генералниот секретар на ФУЕН, Ева Пензес, подетално ги објасни можностите и предизвиците. Некои малцинства објавија исклучително тешка состојба како последица на пандемијата COVID-19, што веќе го покажа истражувањето на ФУЕН? ФУЕН и РГСМ би сакале да го коментираат ова во иднина. Сите со нетрпение го очекуваме следното (се надеваме лично) обединување! Македонско друштво ”Илинден” од Тирана е член на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) од 16. мај 2015 година и дел од Работната група на словенските малцинства при ФУЕН.

Македонско друштво „Илинден“-Tирана упати честитка по повод изборот на Архимандрит Партениј за нов епископ на МПЦ-ОА

По едногласниот избор на игуменот на Бигорскиот манастир, Архимандрит Партениј, за нов епископ во МПЦ – ОА, и понатаму приситигнуваат честитки од научни работници, здруженија, друштва, месни заедници и многубројни поединци од земјава и од странство. Меѓу низата со честитки е и онаа на претседателот на македонското друштво „Илинден“ -Тирана, Никола Ѓурѓај, кој во свое и во име на друштвото и сите Македонци во Албанија наведува дека со посебна радост ја примиле веста за неговиот избор. „Дозволете ми во мое лично име и во име на Македонското друштво „Илинден” -Тирана, и од името на македонското национално малцинство во Албанија, да Ви го честитам изборот за нов епископ Антаниски на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Ви посакуваме како и до сега, честа и достоинственоста да ве следат и постојано да сте со нас,-стои меѓу другото во честитката. Посебна радост, како што се наведува, чувствуваат поради одлуката отец партенииј и понатаму за остане во Бигорскиот манастир. „Ви испраќаме изрази на наше длабоко почитување и благодарност за досегашниот ваш влог во Македонската православна црква – Охридска архиепископија и нејзините македонски верници и помошта и подршката за божјите храмови во селата каде што живеат Македонци, се наведува во честитката.

ФУЕН оптечати брошура за словенските малцинства, меѓу нив и за македонското во Албанија

Федералната унија на европските националности, ФУЕН отпечати нова брошура во соработка со АГСМ (AGSM) во која се претставени словенските малцинства, со цел пошироката јавност да дознае повеќе за сите нив кои живеат низ цела Европа. Опфатени се 28 малцинства од словенската група кои членуваат во ФУЕН, меѓу нив и македонското во Албанија ,за кое се прави приказ каде живее, какви се неговите права, за неговите друштва, одбележувањето празници и слично. Со независноста и воспоставувањето на кралството Албанија во 1912 година, во денешните актуелни граници на земјата, македонското малцинство се најде во пограничните региони на земјата . Тука спаѓаат населбите во Голо Брдо, Пешкопеја или Долни Дебар (дебарско поле), Мала Преспа и Гора, а денес ги има и во најголеми градови во земјата. На територијата на Република Албанија живеат околу 120.000 припадници на македонското национално малциство,стои во брошурата. Се нагласува дека тоа е официјално признато, само во Мала Преспа и Врбник, но „ не соодветно заштитено“. Настава на на мајчин јазик нема во Голо Брдо, Гора и Врбник, меѓу другите, а македонскиот не се користи официјално и во поголемите градови, каде живеат многу Македонци. Националното малцинство е исто така застапено во медиуми, но обемот во никој случај не е доволен за да се задоволат потребите. Весниците „Илинден“ и „Преспа“ се објавуваат еднаш месечно, а македонското здружение „Сонце“ работи двојазичен онлајн портал „Македониум“. Македонска радио програма во ТВ Корча се емитува од 1991 година. Од 2017 година, постои емисија на македонски јазик на државната телевизија, што се емитува пет дена во неделата, се наведува понатаму. Исто така стои дека фолклорните и музичките групи во Голо Брдо, Мала Преспа, Гора и Врбник го негуваат богатиот македонски фолклор. Се споменуваат македонските друштва и празниците кои Македонците ги одбележуваат. Постојат друштвото „Илинден“ со седиште во Тирана, организација за заштита на правата на Македонците во Албанија „Преспанско друштво“, политичко-културното здружение „Мир“, етнокултурното здружение „Гора“ и друштвото „МЕД“ (Македонско Егејско друштво). Најважните празници на македонското малцинство во Албанија се православните празници според стариот календар: покрај Божик, Велигден, Василица, Водици, свети Кирил и Методиј, свети Климент Охридски, свети Наум Охридски, свето Преображение, како и Курбан Бајрам, Фитр Бајрам и Летник и историските празници, како што се 2 август, во чест на Илинденското востание на македонскиот народ, 8 септември Ден на независноста на Македонија и 23 октомври како Ден на македонската независност, се споменува во брошурата. Посебно место е отстапено за македонското друштво „Илинден“-Тирана основано во 2009 година а член на ФУЕН е од 2015 година, чиј претседател е Никола Ѓурѓај. „Основни задачи на друштвото се зачувување и зајакнување на етничкиот, лингвистичкиот, културниот, религискиот, како и историскиот и државниот идентитет. Постојаното постоење и интеграцијата на Македонците во политичкиот систем и институциите на Албанија исто така ја одредуваат и дејноста. Овие цели треба да се постигнат пред се преку работата на печатот и медиумите, со публикации, како и преку културната и едукативната работа,сепосочува во брошурата. Цела брошура можете да го симнете во ПДФ формат Тука.

Македонско друштво „Илинден“-Тирана најостра осуда на изјавите на Каракачанов и Ковачев

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ја осудува најновите провокација на Красимир Каракачанов вицепремиер и министер за одбрана во Владата на Република Бугарија од ВМРО-БНД и Андреј Ковачев европратеник од ГЕРБ како и бугарската амбасада во Тирана, бидејќи со делење на пасоши сака да купи “бугари” во Албанија како “доказ” дека не постои Македонскиот јазик. Македонците во Албанија со индигнација го отфрлаат антимакедонизмот на власта во Софија и го сметаат за несериозно и смешно повторното пласирање на една небулозна теза, дека не постои Македонскиот јазик. Македонското друштво “Илинден“-Тирана го повикува Европскиот парламент да преземе мерки против Андреј Ковачев од ГЕРБ кој од позиција на европратеник врши притисок врз Македонците во Албанија. Македонското друштво “Илинден“-Тирана ја осудува Владата во Софија за дискриминаторските, расистичките и наци-фашистичките барања за непостоење на Македонскиот народ во целина! – стои во соопштението потпишано од Претседател на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај.

Претседателот на македонското друштво „Илинден”-Тирана Ѓурѓај и јa врачи почесната награда „Илинден” на професорката Тодороска

Претседателот на македонското друштво „Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај се сретнал со Професор доктор Катерина Тодороска, научен советник во Институт за Национална Историја во Скопје и лично и ја врачил почесната награда „Илинден”. Чест ми беше да се сретнам со професорката Тодоровска со која имавме срдечна средба. Ја врачив наградата „Илинден“ што годинава,по повод 11-есет годишнината од формирањето на друштвото и ја доделивме,изјави Ѓурѓај за Македонски весник Илинден. Додаде дека наградата и се доделува за нејзиното научно творештво поврзано со историјата и катадневниот живот на македонското национално малциство во Албанија. Пријатно ме изненади веста за вашата Одлука да ми ја доделите годинешната награда „Илинден“ за особен придонес за македонското национално малцинствово Република Албанија. Со оглед на мојот професионален ангажман во кој е вклучено истражувањето на историјата, традицијата и културата на Македонците во Албанија, неизбежен беше и мојот напор за постојано следење на современите состојби во Албанија меѓу македонското малцинство. Наградава предизвикува вистинско задоволство и среќа за секој кој несебично се вложил во истражување на корените и практикувањето на македонската традиција во Албанија. Искрено се заблагодарувам за укажаната чест, рекла Тодоровска. Наградата „Илинден”, е воведена минатата година по повод јубилејот 10 години постоење на друштвото а се доделува на личности кои дале посебен придонес за животот, историјата, културата и зачувувањето на автентичните традиции на Македонците во Република Албнија. Лани наградата им беше доделена на поранешниот претседател Ѓорге Иванов и игуменот на Бигорскиот манастир,Архимандрит Партениј. Годинава наградата освен Тодоровска ја доби и Васил Стерјовски.