Tag: <span>Конгрес</span>

Македонско друштво “Илинден“-Тирана со свој штанд на конгресот на Федералната унија на европските националности во Берлин

Во главниот град на Сојузна Република Германија, Берлин се одржа 66 Конгрес на Федералната унија на европските националности, ФУЕН на кој учествува и македонското друштво “Илинден“-Тирана. Дел од конгресот е и саемот на кој претставниците на малцинствата од Европа, на свои штандови претствија дел од традиционлани производи, како и пропаганден материјал. Македонско друштво “Илинден“-Тирана за трет пат со свој штанд, со производи кои Македонците во Република Албанија ги произведуваат, ајвар, ракија, вино. Македонско друштво “Илинден“-Тирана имаме и пропаганден материјал на кој се претставени македонскиите носии, убавините на областите каде што живеат Македонците, како и примероци од единствениот весник на македонски јазик “Илинден“. Конгресот се организираше од четирите автохтони национални малцинства во Германија и малцинскиот совет, кој е домаќин на годинешниот конгрес на ФУЕН. Работата на Малцинскиот совет се состои првенствено од промовирање и заштита на правата и интересите на четирите автохтони национални малцинства во Германија, Фризите, Данците, Ромите и Лужичките Сорби. Македонското друштвото ”Илинден”-Тирана член е на ФУЕН е од 16 мај 2015 година и е дел од работната група на словенските малцинства. Во овој период редовно учествува на Конгреси и други активности, а по предлог на друштвото усвоена е и Резолуција за положбата на македонското малцинство во Албанија.

Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај учествуваше на 66 конгресот на Федералната унија на европски националности во Берлин

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај учествуваше на Конгресот на Федералната унија на европски националности, што се одржa во Берлин од 29 септември до први октомври. Малцинските заедници во меѓународни и регионални конфликти и четирите автохтони национални малцинства и етнички групи во Германија беа во фокусните точки на 66 Конгрес. Најголемиот европски собир на национални малцинства и јазични групи започне на 29 септември со церемонијата на отворањето во Претставништвото на државата Бранденбург во Берлин. Додава дека по воведните обраќања следуваше сесија на BundesTalks – дискусија со членовите на Бундестагот за малцинските права и панел дискусија на тема “Опстанок и надеж – малцинските заедници во меѓународни, регионални и национални вооружени конфликти”. Конгресот продолжи во хотелот Н4 со панелот: мојот јазик, мојот идентитет за четирите автохтони национални малцинства и етнички групи во Германија и малцинскиот совет, кој е домаќин на годинешниот конгрес на ФУЕН. Работата на Малцинскиот совет се состои првенствено од промовирање и заштита на правата и интересите на четирите автохтони национални малцинства во Германија, Фризите, Данците, Ромите и Лужичките Сорби. Македонското друштвото ”Илинден”-Тирана член е на ФУЕН е од 16 мај 2015 година и е дел од работната група на словенските малцинства. Во овој период редовно учествува на Конгреси и други активности, а по предлог на друштвото усвоена е и Резолуција за положбата на македонското малцинство во Албанија.