Tag: <span>Граничен премин Џепиште -Требиште</span>

Македонско друштво „Илинден“ -Тирана побара од премиерот Заев да се заложи одлуката за преминот Џепиште – Требиште што поитно да се спроведе

Македонското друштво „Илинден“ -Тирана, испрати барање до премиерот на Македонија, Зоран Заев, да се заложи што е можно поитно граничниот премин Џепиште – Требиште, кај Дебар да премине во премин од регионален карактер, кој ќе функционира 24 часа. Друштвото потсетува дека граничниот премин Требиште-Џепиште, кај Дебар, кој беше отворен во 2013 година, е од локален карактер, со заедничка албанско-македонска полициска контрола и можат да минуваат само жители на пограничните области на двете земјим и тоа од 8:00 до 20:00 часот во летниот и од 8:00 до 18:00 часот во зимскиот период. Господине премиере, Владите на Македонија и Албанија, на заедничката седница одржана во Поградец на 15 декември 2017 година, донесоа одлука според која, граничниот премин Џепиште -Требиште требаше да работи 24 часа. Како друштво кое живо се интересира за резултатите од билатералната македонско-албанска соработка, ја поздравивме одлуката. Но, до денес истата не е спроведена. Поради тоа Ве замолуваме да се застапите за реализирање на одлуката, со што ќе се надмине еден голем проблем за Македонците во областа Голо Брдо,стои во барањето. Се додава дека поради тоа што граничниот премин работи со ограничено време се создаваат големи проблеми во комуникацијата меѓу Македонците од македонската и Македонците од албанската страна на преминот. Доколку се реализира веќе донесената одлука и преминот почне да функционира со 24 часовно работно време многу ќе им се помогне на Македонците од областа Голо Брдо бидејќи ќе се зголеми економската соработка меѓу жителите од двете страни на границата, но и пошироко, со што економски ќе зајакне и ќе се развива оваа област. Воедно, ќе се овозможи и туристи да ја посетат областа Голо Брдо која изобилува со природни убавини, наведува друштвото во барањето испратено до премиерот Заев.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”- Огранок Голо Брдо бара итно од Владата на Албанија граничниот премин Џепиште – Требиште областа Голо Брдо да работи 24 часа

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо бара од Влада на Албанија граничниот премин Џепиште – Требиште во областа Голо Брдо кој беше отворен во мај 2013 година да работи 24 часа. Владите на Македонија и Албнија на заедничката седница одржена во Поградец на 15 декември 2017 година донесоја одлука граничниот премин Џепиште -Требиште да работи 24 часа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”- Огранок Голо Брдо бара итно да се реши овј голем проблем за Македонците во областа Голо Брдо пред да почнат врнежите од снег. Бидејќи граничниот премин работи со ограничено време и им создаваше големи проблеми во комуникацијата.