Соопштение: Катастрофална ситуацијата на медиумите на македонското нацонално малцинство во Албанија

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана е загрижена за катастрофалната состојба на медиумите на македонско национално малциство во Албанија. Медиумите на македонско национално малцинство се: еден национален весник што излегува еднаш месечно, три портали, и две програми, програма во државното радио (Радио Корча) кој емитува 30 минути програма дневно на македонски, и секој ден телевизијата Тв.Кристал во Корча дава песни и Македонски ора. Овие медиуми се минимум и не се доволни да ги задоволат потребите на македонското национално малцинство. Меѓу проблемите со кои се соочува медиумите на македонското национално малцинство се финансиски проблем, немање искуство, немање обука на персоналот. Најчесто тие се потпираат на привремени донации и грантови. Финансиски тешкотии го прави уште потешко работата на електронските медиуми кои имаат многу повеќе трошоци. Радио Преспа единствено радио на македонското национално малцинство и единствено радио припаѓаше на малцинстват одамна престана да се емитува. Поради тоа треба поддршка на овје медиуми и е потребна финанциси помош, дополнителна обука и професионален кадар за понатамошен развој и зајакнување на овје медиуми на македонското национално малцинство во Албанија.

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана

Претседател Никола Ѓурѓај

 

www.ilinden-tirana.com