Македонското друштво “Илинден” -Тирана со длабока тага ја прими веста за смртта на Елмаз Докле
Елмаз Докле 1939 – 2016 Борје Областа Гора. Неговиот живот е поврзан со три места на живеење Борје, Драч и Кукс. Во 2010 година го објави книгата “Борје и Борјани” монографија која беше многу добро прифатен од страна на јавноста. Тој неодамна објави уште монографија “Стара Кукс” а зад себе остави многу други дела во ракопис за Областа Гора. Заминувањето на Елмаз Докле е голема загуба како за неговото семејство така и за македонската заедница во Република Албанија. Македонците во Гора загубеја еден од најголемите поборници за остварување на нивните права. Во име на Македонското друштво “Илинден”-Тирана изразуваме најискрено сочувство кон семејството блиските и пријателите на Елмаз Докле.

www.ilinden-tirana.com