Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана средба со Уредникот Македонската програма

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана г-дин Никола Ѓурѓај на 08.09.2016 година во Скопје, Република Македонија, оствари средба со г-дин д-р Ицо Најдовски Перин уредник на Македонската програма на радио станицата “Трипл зед” во Австралија и активист на Македонците во Австралија. На средбата претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана го информира г-дин д-р Ицо Најдовски Перин за активностите на Друштвото. На средбата се нагласи потребата за повеќе соработка меѓу Македонските малцинства на Балканот и Македонскота дијаспора ширум светот. Инаку спрема зборовите на д-р Ицо Најдовски Перин, Македонската дијаспора долги години е во контакт со Македонците во соседните држави, но се прават напори тие контакт во иднина да се зајакнат со почести средби и организирање на јавни собири!



www.ilinden-tirana.com