News

Гласај Бр 36

Почитувани браќа и сестри Македонци!

Ве повикувам на 21.06.2015 да го дадете својот глас за Македонска Aлијанса за Eвропска Интеграција. Гласајте за листата за советници на Македонска Aлијанса за Eвропска Интеграција во општина Тирана под реден број 36 носител на листата НИКОЛА ЃУРЃАЈ затоа што Македонската партија е единствена гаранција дека ние Македонците мораме да се избориме самите за нашите права, за унапредување на нашата положба во Република Албанија.

Тë nderuar vëllezër e motra Maqedonas!

Ju bëj thirrje më 21.06.2015 të jepni votën tuaj për Alencën e Maqedonasve për Integrim Europian. Voto për Bashkinë e Tiranës listën e këshilltarëve të Partisë Aleanca e Maqedonasve për Integrim Europian numrin 36 kryesues i listës për këshilltarë NIKOLLA GJURGJAJ, partia maqedonase është e vetmja garanci për ne maqedonasit duhet të luftojmë për të drejtat tona, dhe për të promovuar pozitën tonë në Shqipërisë.

 

 

 

 

 

 

www.ilinden-tirana.com

 

Честитка од Македонска Алијанса за приемот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана во ФУЕН

Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски во врска со приемот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана во Федералната Унија на Европските Националности ФУЕН. Македонската Алијанса ја поздравува одлуката на Генералното Собрание на ФУЕН за прием на Македонското друштво Илинден од Тирана како полноправен член на оваа исклучително важна Асоцијација. Тоа што делегатите на Конгресот оваа одлука ја донеле едногласно, дава уште поголема тежина на фактот дека Илинден е првото друштво на Македонци кое дејствува надвор од Татковината, кое станува рамноправен член на ФУЕН. Земајќи предвид дека зад организацијата на Конгресот на ФУЕН стои една од најмоќните Европски држави-Германија, оваа одлука треба да биде искористена како дополнителен мотив кај сите Македонци во регионот. Полноправното членство на Илинден во ФУЕН е најдобра потврда дека борбата за остварувањето на основните права на Македонците кои живеат надвор од границите на Татковината е чесна, праведна и остварлива. Уште повеќе што одлуката е донесена на Конгрес кој се одржа територијата на Егејска Македонија, каде нашите браќа и сестри Македонци, благодарение на националистичката политика на официјална Атина не можат да го остварат ниту своето универзално право на самоопределување. Тоа е силна порака и до политичките елити на нашиот јужен сосед кој не сакаат да ја прифатат реалноста дека постои Македонски народ. Присуството на голем број на малцинства од 20 Европски земји на Генералното Собрание на ФУЕН, кои гласале за членството на “Илинден” -Тирана, се своевидни лобисти за подобрување на положбата на Македонците. Битката за остварување на нашите вековни стремежи за обезбедување на достоинствен живот за Македонците кои живеат надвор од границите на Републиката продолжува понатаму. Македонската Алијанса ќе продолжи и понатаму да дава целосна подршка на Македонското друштво “Илинден” -Тирана, како и на сите останати организации, партии или медиуми на Македонците во Албанија, регионот и светот со кои заедно ја биеме битката за заштита на Македонскиот идентитет. Основањето на Македонски културни центри, фолклорни групи, обезбедување на програма на Македонски јазик на државната Албанска телевизија, правична и пропорционална застапеност во државните институции, стипендии за Македонските студенти достапност на образовниот процес и изучување на Македонскиот јазик, останува предуслов за силна и економски просперитетна Татковина.

Македонска Алијанса

Претседател г-дин Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


www.ilinden-tirana.com

Премиерот на Република Македонија Никола Груевски на Виенски економски форум во Тирана

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, денес (четврток, 28 мај 2015 година) заедно со министерот за надворешни работи Никола Попоски, присуствуваше на Виенскиот економски форум што се одржува во Тирана, Албанија. На Виенскиот економски форум присуствуваа и премиерите на Република Албанија, Еди Рама на Република Србија,  Александар Вучиќ, на Република Косово Иса Мустафа, на Република Црна Гора, гМило Ѓукановиќ, како и претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина  Денис Звиздиќ. Балканските лидери истакнаа дека преку економскиот раст, подобрата инфраструктура и креирањето на работни места би се намалиле разликите помеѓу земјите од Балканот и земјите од Европската Унија. Свое обраќање на форумот имаше премиерот Никола Груевски. Тој во своето обраќање истакна дека европските интеграции се забрзувач на реформите и се движечка сила со која се мобилизираат ресурси и енергија за да се унапредат реформите и државите да одат напред. Нашата држава е мултиетничка и би истакнал дека европските и евроатланските интеграции се главен кохезивен фактор меѓу различните етнички заедници. Од оваа гледна точка Македонија е посветена и со фокус на реформите и на се што е потребно за да биде што е можно побрзо подготвена да се придвижи во процесот на интегрирање во Европската Унија, истакна премиерот Груевски. Тој посочи дека ако не се случеше попречувањето од јужниот сосед, Македонија ќе беше членка на НАТО и ќе се финализираа преговорите за членство во Европската Унија. За нас исто така е многу важно што е можно побрзо да се отпочнат преговорите за членство во Европската Унија. Примерот со Словенија и Хрватска може да биде добар пример и за нас. Отпочнување на паралелни преговори со нашиот јужен сосед за решавање на билатералните прашања и во исто време паралелни преговори за полноправно членство ќе биде многу корисно за нас и регионот и ќе биде стимул за решавање на многу прашања вклучително и прашањето со нашиот јужен сосед, истакна премиерот Груевски. Претседателот на Владата Груевски посочи дека во меѓувреме се работи на континуирани реформи за да државата оди напред, притоа важни за Македонија се и добрососедските односи помеѓу државите и добрата регионална соработка. Тој истакна дека регионалната соработка значи и дека сите лидери на државите од Југоисточна Европа треба да бидат многу внимателни и одговорни во изјавите и во пораките кои ги праќаат бидејќи тие пораки ги следат граѓаните и секоја несоодветна порака може да предизвика негативни чувства, што не е добро. Премиерот на Република Албанија Еди Рама во своето обраќање на Виенскиот економски форум истакна дека регионот поминува низ уникатен позитивен моментум што поттикнува надеж, нови перспективи и просперитет, и посочи дека Виенскиот економски форум е клучен за забрзување, поддршка на тој позитивен моментум. Народите во регионот се поврзани со заеднички сон, а тоа е Европа, изјави албанскиот премиер Рама.

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски на маргините на Виенскиот економски форум оствари билатерални средби и разговори со премиерите на Република Албанија Еди Рама, со премиерот на Република Црна Гора Мило Ѓукановиќ со премиерот на Република Косово Иса Мустафа, и со премиерот на Република Србија Александар Вучиќ. На средбите се разменија ставови за билатералната соработка и заедничките приоритети за целосна интеграција на регионот во Европската Унија. Разменивме мислења за севкупните случувања во регионот и во нашите држави и се договоривме да имаме уште посилна соработка во правец на зајакнување на нашите позиции како држави, зајакнување на регионалната и меѓусоседската соработка во остварувањето на заедничката цел членство во Европската Унија, и интеграција во НАТО на државите кои се уште не се нејзини членови, изјави премиерот Груевски по билатералните средби и разговори со своите колеги.


www.ilinden-tirana.com

Средба со Одделот за нематеријално наследство и ревитализација при Министерството за Култура

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана Никола Ѓурѓај на 25.05.2015 во Тирана оствари средба со раковотителот на Одделот за нематеријално наследство и ревитализација при Министерството за Култура г-дин Шпенд Бенгу. На средбата се разговара за дигиталната платформа која одразува разновидноста на нематеријалното културно наследство на малцинствата преку мултимедијални материјали. Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана на г-дин Шпенд Бенгу му подари книга “Етнографијата на Голо Брдо” го информира за активностите на друштвото, на средбата се нагласи потребата за соработка меѓу Министерството за Култура и Македонско друштво ”Илинден”-Тирана.


www.ilinden-tirana.com

Честит денот на македонските и сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

 

Почитувани Македонци и Македонки во Република Албанија. Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви честита денот на македонските и сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј основачи на првата словенска азбука – глаголица.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана

Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо


www.ilinden-tirana.com

Македонско друштво “Илинден”-Тирана стана член на Федералната Унија на Европските Националности

 

Од 13-17 мај 2015 година се одржа 60-от Конгрес на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) во Комотини, Република Грција. На Конгрес учестува 150 преставници од 20 земји и претставува повеќе од 30 малцинства во цела Европа. Покрај другите, во неговата работа учестуваше и претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај. Конгресот го организираа Федерацијата на Турците од Западна Тракија во Европа (ABTTF), Асоцијација на Дипломираните Малцински Студенти од Западна Тракија (BTAYTD) и DEB партија членки на ФУЕН. Истиот беше поддржан со гранд од Министерство за внатрешни работи на Сојузна Република Германија. Согласно својата определба и активност Македонско друштво “Илинден“-Тирана се претстави со подготвен материјал во врска со македонското население во Албанија пред делегати на Генералното собрание на Конгресот. Она што беше исклучително позитивно за Македонците во Албанија беше фактот дека Генерланото собрание со унанимно гласање одлучи Македонското друштво “Илинден“-Тирана да стане рапновправен член на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН). На тој начин, Македонско друштво “Илинден“-Тирана стана прво друштво на Македонци надвор од матичната држава, во Европа што стана член на ФУЕН.

Согласно своите задолженија, во рамките на конгресот, претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај освари средби со преставниците на Македонците во Грција. Имено, средбата се одржа со управителот на Движењето за култура и образование на Воден, Евгенија Натсоулидоу и со членот Петрос Казаис. Исто така, имаше средба и со отец Никодим Царкњас, кој претставува олицетворение на движењето на Македонците од Егејска Македонија. Одделни средби г-дин Ѓурѓај имаше и со Пеги Хеикинен, преставник на Шведската собрание во Република Финска и Халит Хабип Оглу, претседател Федерацијата на Турците од Западна Тракија во Европа (ABTTF) и потпреседател на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН).

 

www.ilinden-tirana.com

Почитувани Македонци во Република Албанија

 

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ве повикува да гласате за Македонија на годинешната манифестација Песна на Евровизија 2015 што ќе се одржи во Виена, Австрија, од 19-21-23.05.2015 година, Република Македонија ќе биде претставена од Даниел Кајмакоски со песната “Есенски Лисја”. Даниел Кајмакоски ќе учествува на првата полуфинална вечер на 19 мај 2015 година и зависно од Вашите гласови, се очекува да биде пласирана за финалната вечер што ке се одржи на 23 мај 2015 година. Гласовите кои ќе бидат дадени од Република Албанија, ќе можат да му помогнат на нашиот претставник да учествува во финалната вечер. За финалната вечер која ќе се одржи на 23 мај 2015 година се квалификуваат по десет земји од двете полуфинални вечери кои ќе добијат најмногу гласови (50% од вкупните гласови се добиваат од гледачите, а преку гласање со телефонски повик или СМС порака). Молиме активно да се вклучите во лобирање за гласање, (покрај Вас и Вашите најблиски), од страна на Вашите пријатели, колеги и познаници. На тој начин ќе и дадеме поддршка на културата на Република Македонија и нејзината промоција во музичкиот свет во Европа.

 

www.ilinden-tirana.com

Соопштение: до медиумите

 

 

Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо изразува длабоко сочуство за загинатите полицајци и граѓани во оружениот судир во Куманово, искренo сочувство до семејствата на жртвите, и до оние кои се повредени посакувајќи најбрзо заздравување. Повикуваме на смиреност и трпение, повикуваме на толеранција и взаемно уважување. Апелираме до сите политички фактори во Република Македонија да изнајдат сили и со дијалог и меѓусебен почит изнајдат решениа за надминување на проблемите. Уверени сме дека постојат можности, желба и политичка воља а за општо добро на севкупниот македонски народ и сите граѓани на Македонија. Ги повикува граѓаните, независно од етничкото потекло и верско уверување, да се воздржат од меѓусебни пресметки заради други и туѓи интереси за  влијание на овие простори! Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо се надева дека во најскоро време ситуацијата ќе биде нормализирана, и смета дека мирот и безбедноста во Македонија се фактор за одржување и зацврстување на регионалната стабилност и безбедност.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана

Македонско друштво “Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо


www.ilinden-tirana.com

Поетесата Елена Пренџова ги посети Македонците во Тирана

 

Претседателот на Македонско друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, и потпретседателот Незир Меча осварија средба со Елена Пренџова. Цел на средбата со Македонците во Тирана беше да се запознае со македонското национално малциство кое живее во Тирана. И на крајот од двостраното задоволство Македонците во Тирана добија ветување дека нема да бидат заборавени и дека ќе бидат повторно посетени во најскоро време. Инаку, Пренџова е родена 1985 година во Скопје, Македонија. Авторка е на шест збирки поезија: „Јас“ (2006), „Таа“ (2009), „Пораки од морето“ (2011) за која ја доби наградата „Бели мугри“, „Живот под ѕвездите“ (2013) – награда „Македонска книжевна авангарда“, „Политички коректна поезија“ (2014) и „Љубољубна“ (2014) – награда „Караманов 2014“. Приредувачка е на „Антологијата на младата македонска авангардна поезија“ (2012) и членка на консултантскиот тим за превод на првиот англиско-македонски „Хип-хоп речник“ (2008) на авторите Славчо, Александар и Емилија Ковилоски. Уредничка е на книжевното списание „Современост“ и театарското списание „Сум“. Членка е на Друштвото на писателите на Македонија. Поетесата Елена Пренџова е добитничка на степендија од TRADUKI, Tirana-in-between, партнер на Министерството за Култура на Албанија и Poeteka од Тирана.


www.ilinden-tirana.com

Македонско друштво “Илинден”-Тирана учестува на Националниот младински конгрес

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана учестува на Националниот младински конгрес што се одржа денеска во Младински центар во Тирана. За прв пат на Националниот младински конгрес присутни беа и преставници на Македонско малциство во Република Албанија.Во конгресот учество има 50 младински организации од целата територија на земјата, ангажирани во различни полиња. Македонско малциство се престави со претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана Никола Ѓурѓај и претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо Ули Халилај. Конгрес е можност да се запознаат подобро младинските организации кои работат во Албанија и да се зајакне нивната соработка. Конгресот се реализира со поддршка на Фондацијата Фридрих Еберт. Сите организации кои беа презентирани преку постер во текот на целиот конгресот. На семинарот се обрати и заменик министерот за образование и спорт на Република Албанија, Арбјан Мазнику.


www.ilinden-tirana.com