News

Семинар “Биди иницијатор на промени”

 

Локалната канцелариа на Микрософт за Албанија и Метаморфозис од Репблика Македонија, во соработка со Движењето “Доста” на 18 јуни 2014 во  Хотел Тирана Интернационал организира ден посветен на невладиниот сектор “Биди иницијатор на промени“. Присутни на семинарот беше претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо г-дин Ули Халилај и потпретседателот г-дин Алфред Садику.


Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо Ули Халилај

 

Microsoft NGO Connection Day е посветен на граѓанските организации ќе им овозможи да ги подобрат своите вештини во користење на ИКТ преку интерактивни програми, но исто така да научат повеќе за користењето на можностите кои ги нуди  Микрософт со програмата Youth Spark.

 

www.ilinden-tirana.com

Стартува бродската линија Охрид – Поградец

Со звуците на познатата староградска песна „Билјана“ првиот брод денеска отплови во 11 часот и 30 минути и за два часа пристигна на пристаништето во Поградец. Меѓу присутните беа министерот за транспорт и врски на Република Македонија Миле Јанакиески, градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески. По пристигнувањето во Поградец, Јанакиески и Бакрачески беа пречекани од своите албански колеги, министерот за транспорт и инфраструктура Едмонд Хаџинасто,градоначалникот на Поградец Артан Шкемби, амбасадорот на Република Македонија во Тирана Стојан Карајанов и преставници на Македонската заедница во Република Албанија.


 

Ова е дополнителен сигнал за добрососедските односи меѓу Република Македонија и Република Албанија, но ова е еден проект кој ќе значи зголемување на понудата во делот на туризмот и во Охрид и во Поградец. Оваа пригода ја користам да ги повикам туристичките работници од двете земји да ја искористат оваа линија за да привлечат дополнителен број на туристи во двата града, изјави Јанакиески при слегувањето од бродот во Поградец.



Охрискиот градоначалник Никола Бакрачески, вети дека ќе биде дел од заложбите за побрза комуникација помеѓу жителите на двата града. Бродовите од охридското пристаниште ќе пловат до Поградец до15-ти септември. Оваа бродска линија беше долгонајавувана, но сега конечно се реализира благодарение нав владите на двете држави. До 1948 година по езерските води градовите Охрид и Поградец ги поврзувал бродот Корзика. По многу време патниците границата ќе можат да ја поминат по воден пат. Цената на билетите се уште не е позната, но според проценките на туристичките работници таа би чинела околу 15 евра.



www.ilinden-tirana.com

Тони Грчевски македонскиот активист од Р.Србија интервју за Македонски весник “Илинден”Тирана

Тони Грчевски е роден во Белград Р.Србија, по мајка и татко Македонец од Струшко. Член на управен одбор 2012-2013 година. на Македониум -Здружение на Македонците во Белград.  Основач на Форумот на младите македонци во Србија и член на управен одбор. Учесник на The Best Promoter of Macedonia Award 2010-2011 година. Член на Националниот совет на Македонците како набљудувач на пописот во Р. Србија 2011год. Претседател на З.К. ВМРО-ДПМНЕ Белград. Студент на Филозофски факултет, Институт за историја Скопје степендист на влада на Република Македонија

Тони Грчевски

Весник Илинден: Како ја оценувате положба на македонската заедница во Р.Србија

Денес, положбата на Македонците во Р. Србија е подобрена со демократските промени 05.10.2000 год. За разлика од 90-тите години на 20. век, за време на режимот Слободан Милошевиќ, кога ги немавме правата кои што ги имаат или требаше да ги имаат малцинствата. Тогаш бевме нарекувани Јужносрбијанци. Денес со овие демократски промени состојбата на македонското малцинство се промени на подобро, со оглед на тоа дека се прифатени како Македонци и официјално признати. Знамето на црвена подлога и 16-кратко сонце е признато од државата Р. Србија како знаме на Македонците во Србија што претставува голем успех пред сè за нас Македонците, а и за самата држава.

Имаме национален совет, македонски здруженија од Врање до Суботица и добра организација. Според последниот попис за 2011 година на целата територија на Р. Србија има 22, 755 Македонци, помалку од 2002 година, што е загрижувачка состојба на овој народ.

Весник Илинден: Македонското малциство колку е пристапено во државни институции

Состојбата во државните институции не е баш сјајна бидејќи доколку се изјасниш како Македонец или членуваш во некои од македонските организации, во мал дел од институциите не си баш добро прифатен. На пример, ако сте член на некоја од српските пратии и не се изјаснувате како Македонец нема да има проблем, додека ако се изјаснувате и работате за македонската кауза тоа станува проблем. Воглавно состојбата се подобрува. Имаме надеж за подобра иднина на овој народ во оваа држава. Со позитивни погледи сме. Има Македонци кои се на државни функции во Р. Србија меѓутоа во многу мал број.

Весник Илинден: Со кои проблеми се соочува македонската заедница во Република Србија

Покрај сите проблеми кои што беа наведени, најголем проблем претставува отсуството на верски права. Кога сакаме да имаме верски служби: крштевки, венчавки, погреби и сл. немаме свештени лица од нашата МПЦ-ОА. Голем број на Македонците примаѓаме на МПЦ-ОА и во тој поглед сме дискриминирани. Затоа бараме и од државните институции на Р. Србија и Р. Македонија и од СПЦ и МПЦ-ОА да пронајдат решение за овој проблем. Сакама да укажам на пример, кога вие во Албанија реагиравте кога не беше поканета МПЦ- ОА сега кога се освестуваше новиот Соборен храм Воскресеније Христово во Тирана кога сите бевте сложни и реагиравте, што не е случај кај нас во Србија. Воопшто никој нема став кога се во прашање нашите верски права или нашите обреди.

Весник Илинден: Како ја оценувате работата на национиот совет, партијата, форумот, здружендата?

Националниот совет како државна институција финансирана од Р.Србија работи солидно. Пред се таму има отсуство на младите образовани кадри кои што можат да придонесат многу повеќе за да се подобри ситуацијата. Националниот совет изработи национална стратегија за Македонците во Р. Србија, меѓутоа во тој поглед јас сум скептик и мислам дека тоа нема да биде со позитивен одговор додека не се променат некои поединци во Националниот совет и се приклучи млад кадар. Овој кадар го има во новооформираниот форум на младите Македонци во Р. Србија. За партијата, како што знае македонската јавност и целата дијаспора на парламентарните избори 2012 година, ДПМС доби едно пратеничко место во Парламентот на Р. Србија. Тоа место го доби Миле Спиркоски, кој според мене, не е компетентна личност да го претставува македонскиот народ, а воедни и држава во Парламентот на Р. Србија. Истоимениот нема политичко искуство, како и поголемиот дел во ДПМС (со исклучок на поединци). Кога македонската јавност дозна дека ќе имаме македонски пратеник беше доста фасцинирана и позитивно реагираше заради подобрувањето на состојбата на Македонците. На првите седници на српскиот Парламент “нашиот“ Миле Спиркоски гласаше за укинување на Министерството на малцински права, а истото да се сведе на канцеларија. Исто така, гласаше за намалување на буџетот на НСНМ. Со ова сакам да кажам дека не беше достоен да не претставува како Македонци, а пред сè не работеше за македонската кауза.

Исто така, во ДПМС нема млади компетентни и образовани Македонци (повторно се работи за исклучок). Со мојов одговор немам намера да ги омаловажувам постарите од мене меѓутоа со тие социјалистички сфаќања од комунизамот неможе да одиме напред, ни партијата, ниту Македонците.

Исто така, сакам да му забележам на целото раководство во ДПМС бидејќи не успеа да направи коалиција со некоја од партиите и да обезбеди повторно пратеничко место. Во Р.Србија во април 2014 год. имаше избори меѓутоа нас немаше кој да не претставува.

Весник Илинден: Дали сте задоволни од реципроцитетот во односот на Р. Србија кон Македонците и Србите во Р. Македонија?

Јас лично не сум задоволен, ќе образложам зошто е тоа така:

I. Додека во Република Македонија има 5-6 српски тв. Канали меѓу која е и државната РТС, ние во Србија немаме ниеден македонски канал, на пример МРТ. Со исклучок на некој приватни кабелски мрежи, сепак тоа е мал дел. Сите кабелски оператори во Србија ги имаат од сите порешни ЈУ репиблики каналите СЛО, РТЦГ, ФБХ, ХРТ 1, ХРТ 2. Да дадам уште една забелешка, а тоа е дека го имавме каналот МРТ 1, меѓутоа истиот беше укинат за да се приклучат два руски канали, иако само незнам за кого.

II. Следен пример е: Претседателските избори во Р. Македонија, а можеби вонредните парламентарни. Каде нашите Македонци ќе се информираат ако го немаат канал кој што ќе ги понуди соодветните информации за да биде еден мост за случувањата во татковината. Нивната информираност нема да биде на соодветно ниво и нема да биде 100% исполнета се додека имаме вакви пропусти. Не се работи некоја комплицирана постапка доволно е повторно да има приклучување на овој канал. Со овој проблем се прави еден вид на асимилација на Македонците во Р. Србија. Затоа бараме од државите да се почитува реципроцитетот и да помогнат да се подобри. Колку сте задоволни со Македонските избори во дијаспората претстедателски-парламентрарни? Јас лично сум задоволен и уште еднаш се покажа дека ние Македонците можеме да се обединиме кога се во прашање македонските национални интереси! Мора да се работи на тоа поле пред се, Македонците да вадат македонски пасоши ќе ви кажам и зошто, бидејќи најголемото гласачко тело од дијаспората е во Србија и Албанија каде што има многу иселеници, но немаат пасоши. Во Италија се виде дека скоро сите имаат МК пасош. Сакам во ова прилика да им се заблагодарам на цела македонска дијаспора што гласаше и што добија Македонец пратеник. Благодарам

Весник Илинден: Зошто македонската заедница не реагира кога се во прашање македонските права во соседните земји (Бугарија, Албанија и Грција)?

 

Тони Грчевски и Никола Ѓурѓај уредник на весникот Илинден

 

Многу добро прашање, и јас исто се прашувам зошто нема реакција. Мислам и сигурен сум дека ние Македонците во Р. Србија сме многу себични и ги уживаме најголемите права од околните земји и имаме мали проблеми во кои што се помеѓу нас, а најмалку од државата Р. Србија бидејќи не сме обединети.

Сакам да им порачам на Македонците во Р. Србија дека ние како Македонци од Белград, Качарево, Панчево, Ниш, сме исти и од еден род македонски, од една мајка Македонија. Така и Македонците во Сандански, Благоевград, Лерин, Солун, Воден, Тирана, Голо Брдо, Гора, Скопје, Гостивар, Струга, Струмица, Крива Паланка и цела македонска дијаспора (Австралија, Америка и Западна Европа).

Секогаш се прашував додека бев во Белгард зошто националниот совет,здруженијата партијата, не реагира кога Македонците имаат проблеми во Бугарија, Грција, Албанија. Зошто некогаш не ги посетиме, да отидеме во Пирин, Лерин, Голо Брдо, Мала Преспа, Гора, или реагираа малку скоро незабележливо.

Весник Илинден: Колку ви помага Р. Македонија како матична земја?

Пред сè најголема помош и подршка имаме од амбасадата на Република Македонија, МНР, и Министерството за култура на РМ, во однос на проекти и различни организации, манифестации и др. Сепак сметам дека тоа не е доволно и дека тие средства треба да се пренасочат во заштитата на Македоцните за да се намали асимилацијата. Зошто ова го кажувам? Сметам дека премногу играме оро и правиме вечери и разни не толку важни манифестации кои немаат голем акцент кон заштитата на намалување на асимилацијата, бидејќи ние со оро, јадење и пие ње- вечери нема да подобриме состојбата.

Весник Илинден: Вашата порака до македонскта заедница во Р. Србија?

Како што кажав погоре, мора, а и треба да дојдат помладите кадри во македонската заедница, НСМ, ДПМС, и да дојдат покомпетентни лица во тие институции. Значи како што веќе наведов не можеме да се заштитиме и да ја намалиме асимилацијата со песни, ора, пиење и јадење бидејќи тоа треба да биде нормално во нормални услови. А како да биде кога на секој попис нè има се помалку и помалку.

Сакам со ова интервју да испратам еден апел до Македонците во Република Србија да се разбудат и да работаат за македонската кауза, а не за лични интереси.

 

www.ilinden-tirana.com

Македонците во Албанија го прославија Спасовден

На 01.06.2014 година во село Горно Крчиште, Маќелара македонците во Република Албанија, го прославија големиот Христиjански празник Спасовден кај црквата Св.Спас која датира од 13 век. По повод шестата прослава по ред за празникот Свети Спас се одржи богослужба. Како и секоја година и ова година за Св. Спас, Македонците од Албанија кој се во емиграција, се вратија во своето родно места и заедно со своите најблиски го прославија Вознесение Христово Спасовден. На прославата присуствуваа Македонци со потекло од Горно Крчиште кои што живат во Тирана, Драч,Скопје, Кичево, Тетово.


Ручек Црква Св.Димитрија

 

www.ilinden-tirana.com

Соопштение

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Огранокот во Голо Брдо е првото друштво од Македонско национално малциство што стана дел од THE ALBANIAN CROWD ова е платформа на сите организации во Република Албанија, која обезбедува информации за секторот на граѓански организаци, малциски организаци и општествени претпријатија во Албанија. Исто така заедничка цел на платформата е унапредување и соработка помеѓу организациите на граѓанското општество. Овој проект се спроведува преку Партнери Албанија и Центарот за менаџирање со Конфликти помогнато од Амбасадата на САД во Тирана. Платформа ке објавува информаци за секторот на граѓанското општество, пројекти и други активности на организации.

Линк:

Македонско друштво “Илинден” –Тирана

http://www.thealbaniancrowd.org/site/item/shoqata-maqedonase-ilinden-tirane/

Македонско друштво “Илинден” –Тирана Огранок Голо Брдо

http://www.thealbaniancrowd.org/site/item/maqedonase-ilinden-tirane-dega-golloborde/

 

www.ilinden-tirana.com

Соопштение

 

Во сите пет варијанти општина Пустец не се укинува и останува посебна општина. Додека општините Стеблево, Требиште, и Големо Острени во Голо Брдо и општините Шиштавец и Запод во Гора во сите пет варијанти се припојуваат со повеќе општини. Во наредните 2 месеци следува јавна дебата за овие предлози и на крајот од јули парламентот ќе гласа за новата територијална реформа. Општина Пустец го задржува тој статус. Но, таа среќа ја немаат општините во областите Гора и Голо Брдо населени главно со Македонци. Со сите пет варијанти кои се предлагаат од министерот за локална работи, се предлага припојување кон други општини. Македонско друштво “Илинден”-Тирана им прдлага на владата на Репблика Албанија и министерот за локална работи општините во Гора и Голо Брдо да останат како посебни или да се организира по една општина за секоја област. За Македонското национално малциство во  Албанија е чекор назад за почитувањето на правата на македонците припојувањето на општините во Голо Брдо и Гора. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден” -Тирана Огранок Голо Брдо има надеж дека владата на Република Албанија и премиерот  г-дин Еди Рама, нема да дозволи да се укинат општините во Голо Брдо и Гора.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана

Македонско друштво “Илинден”Тирана Огранок Голо Брдо

 

www.ilinden-tirana.com

Честит денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј

Почитувани Македонци и Македонки во Република Албанија во името на Македонско друштво “Илинден“- Тирана ви честита денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј основачи на првата словенска азбука – глаголица.

 


www.ilinden-tirana.com

Македонското друштво “Илинден” – Тирана со честитка до Претседателот на Република Македонија

 

Почитуван

Д-Р Ѓорге Иванов

Претседател на Република Македонија


Со особено задоволство, од мое име и името на Македонско друштво “Илинден”- Тирана и името на Македонското национално малциство во Република Албанија ви ja честитам изборната победа за претседател на Република Македонија. Македонско Друштво “Илинден”-Тирана безрезерви ja поддржa вашата иницијатива за кандидирање. Македонските граѓани одбраа кој ќе ги води во наредните пет години. Знаете дека во вашето справување со современите предизвици на македонската држава имате огромна поддршка од Македонците во Република Македонија, затоа што напредокот и благодетта на Mакедонскиот народ во Република Македонија претставува поттик за истрајност во напорите за негување и промоција на македонскиот национален, јазичен, културен и духовен идентитет на Македонците каде и да живеат. Завршувајќи го ова наше кратко обраќање од соседна Република Албанија, уште еднаш го упатуваме нашето највисоко почитување до Вас. Дозволете ми, господине Претседател на Република Македонија, да ви ги упатам изразите на моето највисоко почитување.

 

Никола Ѓурѓај

Претседател на Македонско друштво “Илинден”Тирана


www.ilinden-tirana.com

Македонското друштво “Илинден” – Тирана со честитка за двојната победа на ВМРО-ДПМНЕ на изборите

 

Почитуван

Претседател на Владата на Република Македонија г-дин Никола Груевски

Дозволете во мое лично име, и во име на македонското друштво “Илинден”-Тирана, да Ви честитам големата победа на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата “За подобра Македонија“ на претседателските и парламентарните избори 2014 година. Република Македонија уште еднаш ја покажа својата зрелост со одржувањето на мирни и демократски избори. Македонските граѓани одбраа кој ќе ги води во наредните четири години. Владата на Република Македонија со која Вие успешно раководите повеќе од седум години има напраено огромен исчекор за подобрување на секојдневното живеење на македонските граѓани. Знаете дека во вашето справување со современите предизвици на македонската држава имате огромна поддршка од Македонците во Република Албанија, затоа што напредокот и благодетта на Mакедонскиот народ во Република Македонија претставува поттик за истрајност во напорите за негување и промоција на македонскиот национален, јазичен, културен и духовен идентитет на Македонците каде и да живеат. Завршувајќи го ова наше кратко обраќање од соседна Република Албанија, уште еднаш го упатуваме нашето највисоко почитување до Вас. 

Никола Ѓурѓај

Претседател на Македонско друштво “Илинден”Тирана

 

 

www.ilinden-tirana.com

Честио Велигден


Македонско друштво “Илинден”-Тирана на сите верници ви го честита христијански празник. Воскресението Христо Воскрес – Велигден

Shoqatës Maqedonase “Ilinden”-Tiranë të gjithë besimtarëve Оrthodoks ju uron gëzuar festën Ringjallja e Krishtit – Pashkët

Macedonian Association “Ilinden”-Tirana all Orthodox believers wish you Happy Christian. The Resurrection of Christ – Easter