News

Македонско друштво “Илинден“–Тирана ја поддржава тужбата на Македонската алијанса за европска интеграција против мигрантските центри во општина Пустец

Македонско друштво “Илинден“-Тирана дава целосна поддршка на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) за поднесената тужба до Управниот суд во Тирана против одлуката на Владата за отворање три центри за мигранти на територијата на општина Пустец.

Сметаме дека оваа одлука е донесена без консултација, без јавна расправа и без почитување на правата и интересите на македонците во општина Пустец и што сериозно се нарушуваат принципите на локална самоуправа, демократско учество и заштита на правата на националните малцинства.

Општина Пустец, како средина во која живее македонско национално малцинство, мора да биде третирана со посебна внимателност и во согласност со меѓународните стандарди за заштита на малцинските права.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ја повикува Владата на Република Албанија да ја преиспита донесената одлука.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана
Претседател Никола Ѓурѓај

 

Македонското друштво “Илинден“-Тирана нема да замолчиме пред бугарските манипулации

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги отфрла како неосновани и тенденциозни обвинувањата изнесени во пропагандна емисија „Студио Actualno Балкани“ и настапот на Ервис Талури, претставник на т.н. Друштво за бугарско-албанско пријателство, структура која одамна нема ништо заедничко со пријателство, а со манипулација, асимилација и криминал.

Станува збор за класична медиумска манипулација со цел замолчување на македонските активисти во Република Албанија.

Во пропагандна емисија „Студио Actualno Балкани“ Ервис Талури, претставник на т.н. Друштво за бугарско-албанско пријателство директно ја напаѓа Македонска алијанса за европска интеграција и нејзиниот претседател. Овие емисии претставуваат продолжение на долгогодишната политика на Бугарија за негирање на македонската нација и македонскиот идентитет.

Ервис Талури, роден и израснат во Албанија, од татко Албанец и мајка Македонка, по целосно школување, финансирано и организирано од бугарската држава – од средно образование до докторски студии – денес се враќа во Албанија како „експерт“ за бугарско малцинство, со задача да ги негира Македонците, да ја напаѓа македонската партија и да ја релативизира вистината.

Таквата политика, која користи методи од 19 век, е спротивна на европските вредности и основните човекови права.

Но јавноста мора да знае: зад оваа пропаганда стои добро организиран механизам. Друштвото за бугаро-албанско пријателство со години е поврзано со бизнисот со бугарски пасоши, каде од албански граѓани се наплаќаат илјадници евра за „докази за потекло“, лажни потврди и посредување. Овој криминален модел не е тајна – за него имаше апсења и во самата Бугарија и Албанија, а дел од инволвираните лица завршија и на меѓународни црни листи.

И покрај притисоците со кои сме постојано соочени – преку разни методи, Македонското друштво “Илинден“-Тирана ќе продолжи одлучно да се бори против негацијата на македонскиот идентитет од страна на бугарските оркестрирани структури, како во Албанија, така и во европските институции.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана
Претседател Никола Ѓурѓај

Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Преспа“ посветена на областа Преспа

Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Преспа“ посветена на областа Преспа, содржи 8 фотографии за овој крај значаен придонес во зачувувањето и промоцијата на македонското културно наследство, која е авторско дело на Никола Ѓурѓај, инаку претседател на македонското друштво “Илинден“-Тирана и уредник на Македонски весник “Илинден”.

Ова издание е отпечатено со финансиска поддршка на семејство Ѓурѓај.

Разгледницата ќе биде дистрибуирана низ цела Република Албанија, претставувајќи значаен придонес во зачувувањето и промоцијата на македонското културно наследство на македонците во Албанија.

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана против отворање мигрантски центри во општина Пустец областа Преспа

Македонското друштво “Илинден“-Тирана бара итно од Владата повлекување на одлуката за отворање на три прифатни центри за мигранти на територијата на Општина Пустец, во областа Преспа, и тоа: во селото Зрноско, на спортските игралишта во Пустец и во селото Долна Горица.

Оваа одлука произлегува од нормативниот акт „За одобрување на Националниот план за контингенција за мешани миграциски текови 2026–2028 година“, објавен во Службен весник, според кој, во случај на криза, за управување со миграциските текови е предвидено формирање на 20 прифатни центри за мигранти на територијата на Република Албанија во текот на следните две години.

Овие центри се планирани за мигранти од Авганистан, Пакистан, Иран, Сирија, Либан и Газа, кои ја користат Република Албанија како транзитна земја кон Европската Унија.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана дава целосна подршка на барањето на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) за стопирање на отворањето на трите прифатни центри за мигранти на територијата на општина Пустец.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана го осудуваат фактот дека оваа одлука е донесена без никакви јавни консултации со македонската заедница во општина Пустец, без дијалог со локалните актери, со што сериозно се кршат принципите на локалната самоуправа, транспарентноста и партиципативната демократија.

Нагласуваме дека изградба на прифатни центри се наоѓаат на брегот на Преспанското Езеро, додека целата територија на Општина Пустец е дел од Националниот парк Преспа, заштитено подрачје од особено еколошко, културно и туристичко значење.

Општина Пустец е прогласена за туристичко подрачје, додека селото Зрноско е вклучено од самата албанска влада во програмата од 100 туристички села.

Македонците во Преспа не бараат прифатни центри за мигранти, туку конкретни инвестиции во инфраструктура, туризам, земјоделство и одржлив развој, со цел Преспа да се трансформира во вистинска туристичка дестинација и да се запре процесот на депопулација на областа.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара од Влада итно отстранување на Општина Пустец од мапата предвидена за формирање прифатни центри за мигранти, Планирање и спроведување на конкретни инвестиции во инфраструктурата и локалниот развој, земајќи го предвид фактот дека областа на Преспа е запоставена во последните 35 години.

Одлуката претставува директно кршење на член 16 од Законот бр. 96/2017 „За заштита на националните малцинства во Република Албанија“ кој строго забранува преземање државни мерки што го менуваат или имаат за цел да го променат демографскиот состав на единиците на локалната самоуправа населени со национални малцинства.

Поставувањето прифатни центри за мигранти во општина со автохтоно македонско население претставува демографска интервенција со долгорочни последици, која сериозно го загрозува опстанокот, идентитетот и одржливоста на оваа заедница, а истовремено ќе има негативно влијание врз развојот на туризмот во областа Преспа.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана
Претседател Никола Ѓурѓај

Претседателот на македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај му ја врачи Благодарницата “Илинден“ на институцијата Народен правобранител

Претседателот на македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај му ја врачи Благодарницата “Илинден“ на институцијата Народен правобранител на Република Албанија.

Благодарницата “Илинден“ за 2025 година ѝ беше доделена на институцијата Народен правобранител на Република Албанија за заложбите и поддршката што ги дава за Македонците во Република Албанија, како и за поддршката на македонското друштво “Илинден“-Тирана.

Огромна чест ми беше, во име на друштвото и на македонското национално малцинство во Република Албанија, лично да му ја предадам Благодарницата “Илинден“ . На средбата беа присутни Ендрит Шабани, Народен правобранител, генерален секретар на Народен правобранител, г-дин Фатбард Зенелај и г-ѓа Вилма Шурда, комесар на генералниот оддел.

Го запознав Народниот правобранител со работата и моменталните активности на друштвото, посебен акцент во разговорот беше ставен на клучните прашања за македонците во Република Албанија.

Срдечна благодарност до Народниот правобранител за неговата безрезервна поддршка и охрабрувачките зборови, кои ни даваат сила и мотивација да продолжиме со нашата борба за зачувување на македонскиот јазик, идентитет и култура.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана апелира на претпазливост поради влошување на временските услови

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ја информира јавноста дека земјата се соочува со влошување на временските услови, придружени со интензивни врнежи од дожд и снег, силни ветрови, како и ризик од поплави и лизгање на земјиштето.

Во оваа ситуација, Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги повикува граѓаните да покажат максимална претпазливост и да преземат потребни мерки за да избегнат ризици:

  • избегнување на непотребни движења, особено во загрозените подрачја;
  • почитување на правилата за сообраќај на патиштата и упатствата од надлежните органи;
  • внимателно следење на официјалните најави и информации од одговорните институции и структурите за итни случаи.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана апелира на граѓанска одговорност, со цел да се минимизираат можните последици и да се заштитат животите и безбедноста на граѓаните.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана

Честито Раѓањето Христово – Божик

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви честита големиот христијански празник Раѓањето Христово- Божик. Нека е честит празникот и за многу години.

Христос се роди!

Навистина се роди!

Македонско друштво “Илинден”-Тирана
Претседател Никола Ѓурѓај

Честитка по повод Свети Наум Охридски од Македонско друштво “Илинден“- Тирана

По повод празникот Свети Наум Охридски, Македонско друштво “Илинден“-Тирана упатува искрени честитки до сите Македонци во Албанија, Македонија и ширум светот.

Свети Наум Охридски, како голем исцелител, просветител и духовен столб на македонскиот народ, претставува трајна вредност и инспирација за зачувување на нашата вера, култура и национален идентитет.

Нека овој светол празник нè поттикне кон заедништво, духовна сила и почитување на македонското културно и историско наследство.

Среќна Нова година 2026

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви честита Нова година 2026, со желба за многу лични успеси и бериќетна година! Ви благодариме за досегашната соработка. Ви посакуваме радосни и среќни празници и среќна и успешна Нова година.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана
Претседател Никола Ѓурѓај

Годишен извештај на Македонско друштво “Илинден”-Tирана за 2025 година      

Македонското друштво “Илинден“-Тирана е формирано на 6 февруари 2009 година во Тирана со цел заштита и унапредување на правата на Македонците во Република Албанија. Од 16 мај 2015 година, друштвото е членка на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) и активно учествува во Работната група на словенските малцинства (АГСМ).

Во текот на 2025 година, Македонското друштво “Илинден“-Тирана реализираше значаен број активности од културен, верски, политички и општествен карактер.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана  ја зацврсти својата позиција како водечки претставник и глас на Македонците во Република Албанија со својата етаблираност на државно и европско ниво, придонесе кон зголемена видливост на македонското прашање во јавниот и медиумскиот простор и активно работеше на зачувување на македонскиот јазик, култура и идентитет

И покрај бројните предизвици и ограничени финансиски средства, Македонско друштво “Илинден“-Тирана, ја продолжи работа на национално, регионално и европско ниво, ја зајакнавме соработката и донесовме важни одлуки за иднината на Македонците во Република Албанија.

Преку континуирани активности и јасна програмска определба, друштвото ја зацврсти својата улога како релевантен и препознатлив претставник на Македонците во Република Албанија.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана и во 2026 година, останува целосно посветено на својата мисија и со јасна визија продолжува со својата работа ќе продолжиме со реализирање на своите стратешки цели, дејствувајќи како силен и одговорен глас на Македонците во Република Албанија.

Реализирани средби во 2025 година

9 мај 2025 – Претседателот на македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај освари средба со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво на Република Македонијa.

10 мај 2025 – Претседателот на македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај на работна средба со Димитар Манчев шеф на кабинает на Заменик претседател на Владата и министер за транспорт на Република Македонија.

10 мај 2025 –  Претседателот на македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај освари средба со Стефан Волкановски, Државен Секретар во министерство за транспорт на Република Македонија.

10 мај 2025 – Претседателот на македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај на работна средба со Боро Мирчески, началник за дијаспора при Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија.

17 јуни 2025 – Потпретседателот на македонското друштво “Илинден“ Тирана, Незир Меча на средба со Гордана Сиљановска Давкова, Претседателка на Република Македонија.

4 август 2025 – Претседателот на македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај освари средба со в.д. амбасадор Љуфтим Спахиу во Македонската амбасада во Тирана.

5 август 2025 – Претседателот на македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај средба со Емилија Попивода, директорка на Македонскиот културно-информативен центар во Тирана.

9 август 2025 – Претседателот на македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај освари средба со Борче Јовчески, градоначалник на општина Прилеп

14 август 2025 – Претседателот на македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај во посета на Бигорскиот манастир.

17 септември 2025 – Координаторката на Македонското друштво “Илинден”-Тирана за Округот Елбасан, Сабина Џелили на средба во Македонска амбасада во Тирана со Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија, Зоран Димитровски.

31 октомври 2025 – Претседателот на македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај работна средба со Јовица Никчевски, директор на НУБ “Св. Климент Охридски“- Скопје.

Меѓународни активности

09 март 2025 –  Координаторката на Македонско друштво “Илинден“-Тирана за Округот Елбасан, Сабина Џелили и Проф.д-р Катерина Тодороска, учествуваа на

конференција на Федералната унија на европски националности (ФУЕН) за Западен Балкан, одржена во Скопје, Република Македонија.

23–25 октомври 2025 – Претседателот на македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај учестуваше на 69. Конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) во Болзано, Италија.

24 октомври 2025 – Македонско друштво “Илинден“-Тирана на 69. Конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) во Болзано, Италија со сопствен штанд со македонска домашна ракија, ајвар, лепче, потоа пропаганден материјал на кој се претставени македонските носии, убавините на областите каде што живеат Македонците, како и примероци од весникот “Илинден“.

24 октомври 2025 – Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во рамките на ФУЕН конгресот во Болзано во Јужен Тирол, Италија учестуваше на работен состанок на работна група на словенски малцинства (АГСМ) при Федералната унија на европските националности (ФУЕН).

20–23 ноември 2025 – Учество на 28-от семинар на Работната група на словенските малцинства (АГСМ) во Горица, Италија

23 ноември 2025 – Македонското друштво “Илинден“- Тирана, до година ќе биде домаќин на семинарот на работната група на словенските малцинства во Европа при Федералната унија на европските националности (ФУЕН).

Македонски весник “Илинден“

Годината 2025 претставува значаен период за Македонскиот весник „Илинден“, кој бележи зголемена видливост и континуиран интерес од страна на читателската публика. Весникот сè појасно ја зацврстува својата улога како релевантен медиумски глас на Македонците во Република Албанија, во татковината Македонија, како и меѓу македонската дијаспора ширум светот.

4 декември 2025 година – Со особена радост беше отпечатено јубилејното 70-то издание на македонскиот весникот “Илинден“. Овој значаен јубилеј претставува потврда за континуитетот, посветеноста и довербата што весникот ја ужива кај Македонците во Република Албанија.

Доделување на Награда “Илинден“ и Благодарници “Илинден“  

Награда “Илинден“

Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) – Фленсбург, Германија

Благодарници “Илинден“ 

Г-дин Љуфтим Спахиу – Вршител на должноста македонски амбасадор во Тирана, Република Албанија, Народен правобранител – Тирана, Република Албанија, Г-ѓа Елса Џелили – Kоординатор на Македонското друштво “Илинден”-Тирана за Округот Елбасан од 2021 и 2024 година и активист на Македонското национално малцинство во Република Албанија, Г-дин Бил Николов – Претседател на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) – Канада, Г-дин Ратко Лазарески – Директор на весникот Нова Македонија, Скопје, Република Македонија.

09 мај 2025 – Претседателот на македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај во просторите на весникот “Нова Македонија” лично ја предаде Благодарницата “Илинден” на г-дин Ратко Лазарески, Директор на весникот “Нова Македонија”.

24 јули  2025 – Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај лично ја предаде Благодарницата “Илинден” на истакнатиот македонски активист проф. д-р Кимет Фетаху.

25 октомври 2025 – Претседателот на македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај лично ја предаде Благодарницата “Илинден” на Лорант Винце, претседател на Федералната унија на европските националности (ФУЕН).

Предизвици во 2025 година

Македонско друштво “Илинден“-Тирана во 2025 година, се соочи со сериозни финансиски ограничувања.

Комитетот за национални малцинства одби да го одобри поднесениот проект, оваа одлука не ја реализира планираните активности насочени кон зачувување и унапредување на македонскиот национален, културен и јазичен идентитет во Република Албанија.

Недостатокот на институционална поддршка негативно се одрази врз можностите за организирање културни настани, едукативни програми и други иницијативи од значење за Македонците во Република Албанија. И покрај овие предизвици, друштвото продолжи со својата работа, потпирајќи се на ентузијазмот и посветеноста.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана                                                                                  

Претседател Никола Ѓурѓај