News

Македонско друштво “Илинден”-Тирана во Гора живеат Македонци

 

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден“-Огранок Голо Брдо изјавата на министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли за време на неговата официјална посета на Софија, за Гораните како “бугарско малцинство“ на Косово ја смета за флагрантно кршење на човековите права на Македонците на Косово! Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден“-Огранок Голо Брдо повторува дека на Косово и во Албанија, во областа Гора, живеат чистокрвни Македонци а не Бугари! Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден“-Огранок Голо Брдо бара Косовската Влада да ги признае Македонците во областите Гора и Жупа и да не подлегнува на софиските притисоци за менување на вистината и историјата за Македонците на Косово! Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден“-Огранок Голо Брдо ја осудува бугарската пропаганда на Софија меѓу Македонците во областите Гора во Албанија Гора и Жупа на Косово, претставувајќи ги за “Бугари“. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден“-Огранок Голо Брдо и натаму повторува дека Македонците во Албанија и Косово се неотуѓив и нераскинлив дел од Македонскиот народ! Македонците во Албанија и косово никогаш не биле, ниту кога и да е ќе бидат “Бугари“!

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана 
Претседател Никола Ѓурѓај

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо
Претседател Или Халилај


www.ilinden-tirana.com

Македонското друштво „Илинден“ со честитка за Воскресението Христово – Велигден

 

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо, ви честита Воскресението Христово – Велигден. Нека е честит празникот и за многу години.

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана 
Претседател Никола Ѓурѓај

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо
Претседател Ули Халилај


www.ilinden-tirana.com

 

Македонско друштво “Илинден“-Тирана ги повикува сите македонците да дадат потпи за SafePack

Македонско друштво ”Илинден”-Тирана е рамноправен член на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) и како дел од иницијатива за малцинство SafePack “Ти не си сам. Еден милион потписи за разновидност во Европа” ги повикува сите македонци во Албанија и Европа да дадат свој потпис за ова важна кампања за правата на малциствата во европа вклучуваќи и македонското национално малциство во Албанија и во Европа во следниот линк може да се даде свој потпис www.minority-safepack.eu

 

 


 

www.ilinden-tirana.com

 

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана оствари средба со Министер образование и наука

 

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, г-дин Никола Ѓурѓај на 23. 03. 2018 година во Министерството за образование и наука на Република Македонија оствари средба со проф. д-р Рената Дескоска, министер за образование и наука. На работната средба претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, ја информираше проф. д-р Рената Дескоска за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Албанија, при што беа актуелизирани прашања кои се однесуваат на проблемите на македонско национално малцинство во Република Албанија.Воедно, проф. д-р Дескоска беше информирана и за активностите на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, кое со години е активен субјект сред македоската заедница во Албанија. Низ дискусијата, министерот за образование и наука на Република Македонија, проф. д-р Рената Дескоска, покажа исклучителен интерес за положбата на Македонците во Албанија. На средбата, многу отворено, се разговараше за можни активности кои би помогнала за надминување на проблемите на Македонците во Албанија на повеќе полиња. Секако, во опсегот на надлежностите, проф. д-р Дескоска искажа подготвеност да помогне за подобрување и унапредување на малциските права на Македонците во Албанија. Со надеж дека проф. д-р Рената Дескоска, министер за образование и наука на Република Македонија, сесрдно ќе помогне во подобрување на положбата на Македонците во Албанија, претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана топло и се заблагодарува за срдечна средба.



www.ilinden-tirana.com

Македонско друштво „Илинден“-Тирана бараат од албанија признавање на Македонија под уставно име

 

Македонското друштво „Илинден“-Тирана, во име на Македонците во Албанија побараа од официјална Тирана да ја признае Република Македонија под уставното ме. Од име на сите Македонци што живеат во Албанија, барање за признавање на нашата матична земја под уставното име доставивме до претседателот на државата Илир Мета, до премиерот Еди Рама, до претседателот на парламентот Грамоз Ручи, како и до лидерите на најголемите опозициски партии, Демократската партија и Движењето за социјалистичка интеграција. Во писменото барање до претседателот Мета, а истото е содржано и во барањето до другите релевантни структури,стои дека Република Албанија, како соседна и пријателска земја, треба да ја признае Републка Македонја под нејзиното уставо име а не со референцата ПЈРМ. Признавањето на Република Македонија со нејзиното уставно име позитивно ќе влијае во унапредување на и така добрите билатерални односи.Меѓу двете земји се остварени низа средби на различно ниво, што претставува солидна база за проширување и зајакнување на соработката во повеќе области, меѓу двете земји,регионот и пошироко, за прашања од заеднички интерес, – стои во барањето. Во барањето потсетуваме, дека Република Макдонија под уставното име ја имаат признато 133 држави ,вклучувајќи ги и трите земји членки на Советот за безбедност на ОН, САД, Русија и Кина. Инаку, Албанија е меѓу првите земји ја призна Република Македонија, но под референцата ПЈРМ. Неколку години потоа, во блатералното обраќање почна го користи името Република Македонија.

 

Македонското друштво „Илинден“-Тирана
Претседател г-дин Никола Ѓурѓај


www.ilinden-tirana.com

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана во посета во Институт за старословенска култура

 

 

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, г-дин Никола Ѓурѓај на 21.03.2018 година во Прилеп Република Македонија, го посети Институт за старословенска култура – Прилеп. Во оваа пригода, вработените од овој Институт беа запознати со најновите активности на Друштвото, а беше истакната и потребата од соработка на полето на размена на сознанија и информации кои се однесуваат на Македонците во Албанија. Македонско друштво ”Илинден”-Тирана во оваа прилика донираше, за библотеката на Институт за старословенска култура – Прилеп, дел од своите изданија. Тука пред се, беше донирана колекција од сите броеви на Македонскиот весник Илинден кој се издава веќе седум години, како и други публикаци на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана. Соговорниците беа согласни дека треба да се прошири соработката меѓу Македонско друштво ”Илинден”-Тирана и Институт за Старословенска култура – Прилеп, а за таа цел треба да поногнал и соодветните државни институции во Република Македонија.Со зголем број на истражувања, од страна на македонските научници во пределите каде живеат Македонци во Република Албанија, ќе бидат зачувани и овековечени македонските корени на населението, нивната традиција и историја. Со верба дека ваквите средби нема да бидат инцидентни, Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана г-дин Никола Ѓурѓај, посака плодна и долготрајна соработка со Институт за Старословенска култура – Прилеп.

 

www.ilinden-tirana.com

Шести роденден на Mакедонскиот весник “Илинден”

 

Пред шест години, како двоброј за фебруари и март, беше испечатено првото издание од македонскиот весник “Илинден” весник на Македонското друштво “Илинден”-Тирана. Имајќи го во предвид фактот што во изминативе шест години, весникот предизвика голем интерес кај читателската публика во Република Албанија и сред Mакедонската дијаспора ширум светот. Според бројната дописка, која пристигнува на електронската пошта на Редакцијата на Македонски весник “Илинден” како и од другите преписки со читателите, забележително е дека во шестгодишниот период весникот прерасна во медиум кој со сериозноста и пристапот во објавувањето на темите, е интересен и корисен за Mакедонско национална малцинство во Република Албанија, но и за промоција на активностите на Македонската дипломатија во правец на подобрување на животот на Македонското население вон границите на својата држава. Во дел од дописите се истакнува и тоа дека читателите искажуваат „особена почит кон Редакцијата, која на најдобар можен начин одбра да ја промовира македонштината во овие бурни времиња, преку пишаниот збор. Нивната мисија да го одржуваат и поттикнуваат македонскиот идентитет во Република Албанија, преку културен израз целосно ја остваруваат. Сакаме да веруваме дека ваквата нивна активност ќе биде соодветно поддржана од државните институции како во Република Албанија така и во Република Македонија, но и од Македонците ширум светот. Редакцијата има чест да ги поздрави и да им се заблагодари на сите свои соработници, кои несебично помогнаа во конципирање на тематската и визуелната содржина на весникот. Воедно, Редакцијата се заблагодарува и на читателската публика, која со покажаниот интерес кон содржините што ги понуди весникот покажа дека тој навистина ја допре сржта на проблемите на Македонците во Република Албанија.

 

www.ilinden-tirana.com

Македонско друштво “Илинден”-Тирана најостро ја осудуваат изјавата на Кристо Гоци

 

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо најостро ја осудуваат изјавата на Кристо Гоци заменик директор и пеставник на Власите во државниот комитет за малциства на Албанија, кој на својот профил на ФБ на 06.02.2018 година напиша ФИРОМ за Републка Македонија . Македонско национално малциство во Република Албанија е признато како Македонско малциство со свој мајчин јазик Македонски. Македонско друштво “Илинден”-Тирана смета дека изјавата на ФБ на Кристо Гоци, преставник на Власите во државниот комитет за малциства, е крајно недолична и неодговорна, и претставува груба навреда на достоинството на Македонското национално малциство во Република Албанија. Поради недоличната изјава на Кристо Гоци бараме тој безусловно да се извини до македонско национално малциство.

 

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана 
Претседател Никола Ѓурѓај

 

Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо                                                                                  Претседател Ули Халилај

 


www.ilinden-tirana.com

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана по повод деветгодишнината од основањето додели Благодарници

 

Претседателот на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај по повод деветгодишнината од основањето и плодната работа на друштвото, донесе одлука да додели Благодарници “Илинден”. Благодарницата се дава на лица за нивните особени заслуги за научниот и стручниот ангажман и перманентните активноси во насока на зачувување и одржување на македонскиот идентитет на припадниците на македонското национално малцинство во Албанија. Предложените лица за добивање на Благодарница “Илинден” покажале особен придонес за животот, историјата, културата и зачувување на автентичната македонска традиција. Со тоа помагаат за подобрување на секојдневието на македонското национално малциство во Албанија и афирмација на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана. Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана од неговото формирање на 06.02.2009 година во Тирана, Албанија континуирано работи на заштитата на етничкиот, јазичниот, културниот идентитет и национални традиции на македонското национално малцинство во Република Албанија. Една од задачите на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана е и таа да ги следи и забележува значајните активности и ангажмани на одделни лица во поглед на создавање на благосостојба сред населението во Албанија. Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана изготви листа на кандидати за добитници на Благодарница “Илинден”.

Оваа година Благодарница “Илинден” се доделува на:

г-дин Едмонд Темелко – Гадоначалник на општина Пустец и Претседател на Македонска Алијанса за Европска Интеграција (МАЕИ)

г-дин Тодор Петров – Претседател на Светски македонски конгрес (СМК) Скопје, Република Македонија

г-дин Слободан Петров – Хановер, Германија

Печатница Европа 92 Кочани, Република Македонија

г-дин Агим Синанај  активист во областа Голо Брдо, член на Mакедонско друштво “Илинден“- Огранок Голо Брдо


Македонско друштво “Илинден”-Тирана
Претседател Никола Ѓурѓај


www.ilinden-tirana.com

Македонско друштво “Илинден”-Тирана со задоволство дава поддршка за кампањата НашетоИмеЕМакедонија

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана со задоволство и дава безрезервна поддршка за кампањата НашетоИмеЕМакедонија, организирана од Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) во Торонто, Канада. Македонско друштво “Илинден”-Тирана јавно му се заблагодарува на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) за поддршката на кампањата #НиеСмеМакедонија изразува најголема благодарност на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и на неговите партнери заради организирањето на оваа кампања уште од 2010 година. Македонија е единствената нација во светот која не може во ОН да го користи своето име. Вкупно 137 држави веќе го признаа вистинското име на Македонија, што е околу две третини од бројот на држави во Генералното собрание на Обединетите Нации. Меѓу тие држави се и четири од петте постојани членки на Советот за безбедност. Македонско друштво “Илинден”-Тирана ја повторува својата поддршка за единственото вистинско име на Македонија, ги отфрла сите обиди за промена или наметнување на некакво друго име за Македонија и македонскиот народ и бара од македонската влада да ги прекине тековните разговори во ОН и да поднесе резолуција пред Генералното собрание на ОН со која што нашата земја ќе биде прифатена во ОН под единственото вистинско име – Република Македонија. од претседателот на


Македонско друштво “Илинден“-Тирана

Претседателот г-дин Никола Ѓурѓај


www.ilinden-tirana.com