Македонско друштво “Илинден”-Тирана најостро ја осудуваат изјавата на Кристо Гоци
Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо најостро ја осудуваат изјавата на Кристо Гоци заменик директор и пеставник на Власите во државниот комитет за малциства на Албанија, кој на својот профил на ФБ на 06.02.2018 година напиша ФИРОМ за Републка Македонија . Македонско национално малциство во Република Албанија е признато како Македонско малциство со свој мајчин јазик Македонски. Македонско друштво “Илинден”-Тирана смета дека изјавата на ФБ на Кристо Гоци, преставник на Власите во државниот комитет за малциства, е крајно недолична и неодговорна, и претставува груба навреда на достоинството на Македонското национално малциство во Република Албанија. Поради недоличната изјава на Кристо Гоци бараме тој безусловно да се извини до македонско национално малциство.
Македонско друштво “Илинден”-Тирана
Претседател Никола Ѓурѓај
Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо Претседател Ули Халилај
www.ilinden-tirana.com