News

Македонско друштво “Илинден “-Тирана му посакува успех на претседателот Бајрам Бегај со верба дека ќе се заложи за подобрување на правата на Македонците во Република Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана му посакува успех во извршувањето на функцијата претседател на Албанија на Бајрам Бегај, кој синоќа и официјално ја презеде фунцијата. Дозволете ми во името на македонското друштво “Илинден“-Тирана и од мое лично име да ви посакам успех на функцијата претседател на Република Албанија. Посакувајќи ви успех во извршување на функцијата, веруваме дека ќе се залагате за подобрување на правата на македонското национално малцинство во Република Албанија. Ви посакувам здравје и успех во работата, стои меѓу другото во честитката потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана го поздравува стартот на преговорите на Република Албанија со Европската Унија

Македонско друштво “Илинден”-Тирана го поздравува стартот на преговорите на Република Албанија со ЕУ, е во корист на сите граѓани, бидејќи европската перспектива на Република Албанија е перспектива на иднината. Стартот на преговорите на Република Албанија со Европската Унија треба да ја охрабри албанската влада, и другите актери компетентни во областа на заштита на малцинствата да направат политики во полза на малцинствата, што ќе овозможи целосно исполнување на петтата препорака на Европската унија која што е поврзана со подобрување на човековите права и правата на малцинствата и ќе се гарантира повисоко ниво на третманот на малцинствата во Република Албанија. Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги поддржува албанските институции во продолжување на реформите потребни за членство во ЕУ и ќе даде својот придонес во исполнувањето на препораките на Европската комисија во однос на правата на малцинствата.

Честитка по повод Курбан Бајрам од Македонско друштво “Илинден“-Tирана

Почитувани верниците со Исламска Вероисповед во Република Албанија и во целиот свет во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви честита Курбан Бајрмам. Слика: Џамија во село Клење областа Голо Брдо.

Mакедонско друштво “Илинден”-Тирана доби ИТ опрема од “Донирај компјутер“

Неколку години по ред, вниманието на македонската и светската јавност го привлекува една акција наречена “Донирај компјутер“. Тоа е самоиницијативна акција од г-динот Борче Стаменов од Кавадрци, Македонија за прибирање половни компјутери, нивно репарирање и донирање на граѓани од ранлива категорија, aкцијата беше започната во 2016 година. Оваа акција беше од голема полза за децата од ранливите категории во периодот кога училишните обврски се одвиваа преку интернет. Во тој период “Донирај компјутер“ и Борче Стаменов им помогнаа на десетици деца да не изостануаат од часовите поради недостаток на компјутер. За втор пат “Донирај компјутер“ донираше ИТ опрема за потребите на Mакедонско друштво “Илинден”-Тирана. Со оглед на тоа што централната канцеларија на Mакедонско друштво “Илинден”-Тирана смета дека ова опрема е многу покорисна за генерален координатор на Македонското друштво “Илинден”-Тирана за татковината Македонија и за координаторот на Македонското друштво “Илинден”-Тирана за Округот Елбасан. Mакедонско друштво “Илинден”-Тирана упатува јавна благодарност до г-дин Борче Стаменов за донацијата. Во ова прилка нашето Друштво апелира до сите што можат да ја поддржат ова прекрасна самоиницијатива и да донираат компјутер.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана бара од Специјалната собраниска комисија “За административно-територијална реформа во Република Албанија“ да земе предвид барањето на жителите на Голо Брдо и Гора за формирање на општина Голо Брдо и Гора

По територијалната поделба во Република Албанија што се случи во 2014 година, областите на Голo Брдо и Гора каде живеат Македонци останаа неразвиени, а јавната администрација и службите на локалната самоуправа беа отежнати. Во 2014 година Владата ги укина и општините Требиште, Острени и Стеблево во областа Голо Брдо, за првите две да ги приклучи кон општина Булќиза, како и општините Шиштевац и Запот во областа Гора кои сега се приклучени кон општина Кукс. Единствена македонска општина во Албанија остана општина Пустец во областа Мала Преспа. И покрај барањата на Македонската заедница во 2014 година, Владата не ги удоволи нивните барања за формирање на општините Голо Брдо и Гора! Македонците во областите Голо Брдо и Гора, укинувањето на македонските општини го сметаат за чекор назад во почитувањето на малцинските права во Република Албанија. Македонското друштво “Илинден”-Тирана повторно го актуелизираат барањето од пред 2014 година, Специјалната собраниска комисија “За административно-територијална реформа во Република Албанија“ да земе предвид барањето на жителите на Голо Bорда и Гора за формирање на општина Голо Бро и Гора. Македонското друштво “Илинден”-Тирана сметаат дека градоначалниците не треба да бидат именувани од Владата туку избрани на избори од граѓаните, заради нивната доверба во системот и непосредно решавање на локалните комунални проблеми.

Kоординатор на Македонско друштво “Илинден“-Тирана за регионот Елбасан, Елса Џелили учестуваше на Одбележување на денот на Свети Јован Влаимир

Црногорската заедница во Република Албанија на 03.06.2022 година одржа тркалезна маса „Одбележување на денот на Свети Јован Владимир од Дукла во соработка со Матица Црногорска и со финансиска поддршка на Дирекцијата за соработка со црногорската дијаспора и иселеници. На оваа тркалезна маса со свој претсавник беше присутно и Македонското друштво “Илинден“-Тирана со г-ѓа Елса Џелили, координатор за регионот Елбасан и Етлева Халилај и Реџина Халилај, Македонки со потекло од Голо Брдо.

Секоја година на 3 – 4 јуни православните верници од Албанија, Македонија, и Македонци од Албанија се собираат за да ја прослават оваа прослава во манастирот со името на светецот Свети Јован Бладимир. Светиот великомаченик Јован Владимир, зетот на царот Самоил за ќерка му Косара се здобил со силен култ во западна Македонија. На иконите и фреските во нашите цркви е насликан како главата си ја држи во рацете. Во традицијата на југозападниот регион на Македонија во минатото бил развиен култот кон Светиот великомаченик кнезот Јован Владимир. Тој бил кнез на областите Зета и Далмација, во еден период влегол во судир со царот Самуил при што бил заробен. Додека бил во затвор во него се вљубила ќерката на Самуил Теодора Косара по што тој бил оженет со неа и вратен на престолот. Но подоцна, починал царот Самуил на 6 октомври 1014 година, а царскиот престол го наследил син му Гаврил Радомир.

Свети Јован Владимир бил убиен на 22. мај 1016 година во Преспа и погребан бил во манастирот пред кој загинал. Брзо се расчуло дека молитвите пред неговиот гроб можат да исцелуваат многу болести и тој култ бил толку распространет што набргу потоа бил признат за светец и маченик и прогласен за светец од Православната црква. Постојат многу легенди и култни приказни поврзани со неговото име. Неговите мошти денес се чуваат во манастирот на Сввети Јован Владимир во Елбасан, во православната Соборна црква во Тирана, на Света Гора и во црквата Сввети Никола Болнички во Охрид. Албанската православна автокефална црква Сввети Јован Владимир го празнува на 4. јуни секоја година и православните верници од Албанија, Македонија и целиот регион се собираат на прослава во манастирот каде го чествуваат името на светецот.

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај и генералниот координатор на друштвото за Македонија, Ламбе Шатровски оствариа средба со Директорот на КОВЗРГ, Даријан Сотировски

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај и генералниот координатор на друштвото за Македонија, Ламбе Шатровски оствариа средба со Директорот на КОВЗРГ, г-дин Даријан Сотировски. На работната средба претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, го информираше г-дин Даријан Сотировски за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија, при што беа актуелизирани прашања кои се однесуваат на проблемите на македонско национално малцинство во Република Албанија. Низ дискусијата, покажа исклучителен интерес за положбата на Македонците во Република Албанија. Секако, како Директорот на КОВЗРГ, Даријан Сотировски искажа подготвеност да помогне за подобрување и унапредување на малциските права на Македонците во Република Албанија. Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај на г-дин Даријан Сотировски и подари Македонски весник “Илинден” топло и се заблагодарува за срдечна средба.

Честито 24 мај денот на македонските и сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј основачи на првата словенска азбука – глаголица

Почитувани Македонци и Македонки
Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви честита денот на македонските и сесловенските просветители и учители, светите браќа Свети Кирил и Методиј основачи на првата словенска азбука – глаголица.

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај донираше комплет од весникот “Илинден“ во библиотеката на Собранието на Албанија

Претседател на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај на 18. 05. 2022 година донираше комплет од весникот “Илинден“ во библиотеката на Собранието на Република Албанија. Во врска со тоа, тој изјави: „Ми претставуваше чест и задоволство денес во Собранието на Република Албанија да се сретнам со г-ѓа Лидра Бушати, директор на издавачката служба и Собраниската библиотека. Донирав комплет од македонскиот весник “Илинден“ и други изданија на Македонското друштво “Илинден“-Тирана. Верувам дека тие ќе ја збогатат збирката на литература и периодика за националните малцинства во библиотеката на Собранието на Република Албанија. Изразувам особена благодарност до г-ѓа Линдита Никола, претседател на Собранието на Република Албанија која го прифати барањето за донација на македонскиот весник “Илинден“ и другите изданија на здружението за библиотеката на Собранието на Република Албанија. Се надевам дека и во иднина ќе имаме свои изданија, со кои ќе ги збогатиме фондовите наменети за малцинствата во Република Албанија“.

Седумгодишно членство на Македонско друштво “Илинден”-Тирана во Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН)

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, на 16.05.2015 пред седум години, беше примено во семејството на претставниците на европските националности и стана рамноправен член на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН). Особена заслуга за нашето членство во ФЕУН има Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада со Претседател г-дин Бил Николов кое помага на Македонското друштво “Илинден“-Тирана да плати годишната чланарина и да е рамноправен член во ФУЕН, за што изразуваме благодарност. Имено, Македонско друштво “Илинден”-Тирана стана рамноправен член на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) во конгресот на ФУЕН што се одржа на 16.05.2015 година во Комотини, во Грција, во организија на Федерацијата на Западно – Тракиски Турци во Европа, Здружение на дипломирани студенти на Западна Тракија и Партијата за пријателство, еднаквост, мир.
Од тогаш до денес, Македонско друштво “Илинден”-Тирана дава голем придонес во евидентирањето и надминувањето на голем број прашања од интерес на Македонците во Албанија. Континуирано работи на заштитата на етничкиот, јазичниот, културниот идентитет и националните традиции на Македонците во Албанија. Покрај тоа, Македонско друштво “Илинден”-Тирана редовно учествуваше во овие седум години на сите конгреси на ФЕУН. Така, бевме присутни и активно партиципиравме во работата на конгрсот во Клуж – Напоча, Романија на 20 мај 2017 година, како и на следниот Леуварден, Холандија, на 23 јуни 2018 година и на последниот конгрес одржан на 15 јуни 2019 година во Братислава, Словачка и за 2020 – 2021 година поради пандемијата со COVID-19, собранието беше организирано и реализирано на интернет.
На сите конгреси Македонско друштво “Илинден”-Тирана поднесуваше резолуци чија содржина и намера беше подобрување на животот на Македонците во Република Албанија и сите беа освоени од страна на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН). Истите се пратени до сите меѓународни институции кои се поврзани со малциствките проблеми, како и во државните инситуци на Република Албанија. Колку и дали овие резолуции придонесуваат за подобрување на положбата на Македонците во Република Албанија ќе биде следниот чекор кој ќе го преземеме на следниот конгрес на ФУЕН.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана во функција на рамноправен член во ФУЕН и како дел од работната група на словенските малцинства во Европа, активно го покренува прашањето за Македонците во Албанија на меѓунаротната сцена. Македонското друштво “Илинден“-Тирана во ова прилика упатува искрена благодарност до сите членки на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) за соработката и разбирањето покажано за интересите на македонското малцинство во Албанија. Истовремено испраќаме искрени честитки до членовите, соработниците и симпатизерите на Македонското друштво “Илинден“-Тирана за седумгодишно членство во највисоката малцинска организација во Европа, со желба и натаму јасно и опстојно да работат на интересот и барањата на Македонците во Република Албанија. Да ни се множат јубилеите.