Манифестација “Туризмот и културното наслество на Областа Гора”

Tрадиција и културата има огромно значање за Македонците од областа Гора, се гледа од начинот на кој е наследен од генерација на генерација и покажува љубов кон него. Не се заборавени, ниту песната ниту ората. Токму поради оваа на 17.09.2016 година во Шиштавец, Кукс се организира манифестацијата “Промовирање на туризмот преку културното наследство во Областа Гора. Туристичкиот центар Кукс во соработка со општината Драгаш, Косово. Проектот е финансиран од Австриската агенција за развој (АДА). За време на манифестацијата имаше неколку активности: промоција на книгата “Китка со Горнаски песни” автор Али Кинѓи. Се промовира Документарниот филм “Свадба во Гора” автор Елмаз Докле. Импровизација на традиционална свадба од Гора беа ангажирани жители од областа Гора и бендот на Бајрам Мемиши со цурли и тапани. Имаше големо учество од Албанија и Косово. На овој настан присуствуваа и австрискиот амбасадор во Тирана Јохан Сатлер како и градоначалникот на Општина Драгаш Селим Јонузи, Проректор на Универзитетот во Призрен Садик Идриз секретар на Округот Кукес Абдула Доми.

 

 

 

 

 

www.ilinden-tirana.com