Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара ослободување на Едмонд Темелко
Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо е вознемирена за влошеното здравје на Едмонд Темелко, гадоначалник на општина Пустец и претседател на Македонска Алијанса за Европска Интеграција (МАЕИ) во Албанија. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо бараат итно ослободување и апелира до македонските институции итно да ги преземат сите потребни чекори за да помогнат да се дозволи потребната лекарска нега за Едмонд Темелко. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо им се придружува на претседателите на Македонија и на Албанија кои веќе изразија загриженост за здравствената состојба на Темелко. Ваквата загриженост добива уште поголемо значење поради неговото апсење. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо држењето во затвор на Едмонд Темелко го оценува за антимакедонско и со долгорочни последици по положбата и правата на Македонците во Република Албанија.
Македонско друштво “Илинден”-Тирана
Претседател Никола Ѓурѓај
Македонско друштво “Илинден”- Огранок Голо Брдо
Претседател Или Халилај
www.ilinden-tirana.com