Конференција “Интензивно производство на зеленчук со ефикасен воден менаџмент” во Израел
Анита Поповска дипломиран земјоделски инженер која учествуваше на интернационалниот тренинг курс за “Интензивно производство на зеленчук со ефикасен воден менаџмент” што се одржа во периодот од 14-30 јуни 2016 година, во Израел. Таа ја претставуваше компанијата Јуникс од Скопје, Република Македонија преку која беше испратена, по препорака од македонското друштво “Илинден”-Тирана. Анита Поповска имаше презентација за Македонија, Јуникс и македонско друштво “Илинден”-Тирана. Тренинг програмата се одржа под покровителство на Израелската Агенција за меѓународна развојна соработка на Министерството за надворешни работи (MASHAV) и Центарот за меѓународна земјоделска обука (MATC). Тренинг програмата беше изведена во заедничка соработка со Министерството за надворешни работи и трговија на Унгарија. Обуката се одвиваше интензивно како што и гласи самата програма и ги опфати главните градинарски култури од економско значење за Израел и земјите учесници во курсот. На курсот учествуваа 20 претставници од 13 земји Ангола, Белизе, Етиопија, Гана, Индија, Кенија, Македонија, Мјанмар, Панама, Србија, Тајланд, Уганда и Виетнам. Сево ова искуство и контакти се основа за понатамошна меѓусебна соработка меѓу Балканот и Израел. Ова се само дел од можностите за образовна и културна соработка меѓу нашите народи, има курсеви за различни полиња од интерес. Потребно е да се следат настаните и да се биде активен во барање и споделба на информации. Голема благодарност и пофални зборови од страна на нашата учесничка на тренингот беа упатени до македонското друштво “Илинден”-Тирана преку кое беше препорачана, како и до амбасадата на Република Израел во Тирана.

www.ilinden-tirana.com