Македонско село e изграден во близина на манастирот Св. Пантелејмон кај Нерези, Скопје Македонија

Македонско село e изграден на падините на Водно, во близина на манастирот Св. Пантелејмон кај Нерези Скопје, Репблика Македонија. Десетина куќи изградени во стар и автентичен архитектонски стил карактеристичен за некои кравеви во Македонија, а кои се дел проектот “Македонско село“ што e изграден на падините на Водно, во близина на манастирот Св. Пантелејмон наскоро ќе ги отворат вратите за посетителите. Комплексот Македонско село во Нерези се протега на површина од 15.000 метри и се состои од 12 двокатни куќи, карактеристични за различни региони во Македонија. Во куќите, еден кат ќе биде со ресторани и занаетчиски работилници, а другиот со соби за преспивање. Работилниците ќе функционираат како жив музеј каде што туристите ќе можат да видат како се изработуваат некои традиционални македонски предмети, а во собите, освен туристи ќе се сместуваат и владини делегации и други гости што ќе доаѓаат во официјални посети на земјава. Во етно селото ќе има и бачила, фурни, амфитеатар, продавници за сувенири, штала, воденица. Изградбата на Македонско село, во близина на манастирскиот комплекс “Свети Пантелејмон”, почна во 2011 година. Изградбата чинеше околу 5,2 милиони евра, додека за внатрешното уредување се потрошени 1,3 милиони евра.


 

 

 

 

www.ilinden-tirana.com