vestimk

Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво “Илинден“- Тирана интервју за МИА

 


Албанската влада во рамките на Законот за малцинствата, кој е веќе финализиран, посебно место одвојува за заштитата на јазиците на петте национални малцинства кои живеат во земјата. За кои малцинства станува збор и што тие ќе добијат со него?

Конечно да се исполани ова барање што македонското национално малциство во Република Албанија го бара од 1991 година. Со овој закон ќе се регулираат правата на малцинствата во Албанија, како и правата на македонското национално малциство. Република Албанија признава два типа на малцинства и етнички малцинства: Македонци, Грци, Срби, Црногорци и културнојазични малцинства: Власи и Роми. Албанија не ги признава Бошњаците и Египќаните. Малцинствата во Република Албанија ќе добијат правна рамка, врз основа на која ќе можат да учат мајчин јазик и да го употребуваат мајчиниот јазик во општините во кои живат малцинствата.

Дали имате други барања до албанските власти со цел да се заштитат правата на Македонците во Албанија?

Македонското друштво “Илинден”-Тирана од неговото формиранње во 2009 година цело време поставува барање до албанската влада. Едно од нашите барања е да се смени територијалната поделба. Се покажа како неефикасно спојувањето на општините од Голо Брдо и Гора. Други наши барања се Македонците да можат да учат на македонски јазик во Голо Брдо и Гора, како и да се емитува програма на македонски јазик на државната телевизија. Имаме и други барање коишто се поврзани со подобрувањето на животот на македонското национално малцинство во Албанија.

Минатата недела Европскиот парламент ја усвои резолуцијата за Албанија во која се потврдуваат правата на бугарското население во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, со што Македонците станаа Бугари. Што треба да се преземе за да биде исправена оваа непрвада?

Претставниците на Македонците во Албанија треба да реагираат во државните институции во Република Албанија. А, исто така и татковината Република Македонија треба да реагира во меѓународните организации. Таа одлука не е правно донесена и е донесена врз основа на лага од бугарските европратеници.

Што преземавте вие како здружение во врска со ова?

Македонско друштво „Илинден”-Тирана презеде низа активности со цел да се повлече таа срамна резолуција на ЕП. Испративме писмо до Федералната унија на европските националности – ФУЕН, Европскиот парламент, Советот на Европа, Европската слободна алијанса – ЕФА. Македонско друштво “Илинден”-Тирана ќе ги преземе сите мерки што се во рамките на можностите на друштвото.



Дали имате информација колку Македонци од Албанија имаат бугарско државјанство?

Според нашите информации, бројот е незначителен. Се работи за толку мала бројка што не треба да и се даде внимание.

Колку сте задоволни од третманот на албанските власти?

Македонско друштво “Илинден”-Тирана очекуваше повеќе од владата на Еди Рама. Но се потврди спротивното. Тој ја продолжи политиката на претходните влади. Се направи територијална поделба, при која Голо Брдо и Гора останаа без општини, нема образование на мајчин јазик, нема признавање на Македонците на целата територија на Република Албанија.

Што најчесто работат Македонците во Албанија, како заработуваат за живот?

Македонците во областите Голо Брдо, Гора, и Мала Преспа се занимаваат главно со земјоделство, а оние кои живеат во поголемите градови имаат поголеми шанси за вработување. Тие работат во приватен сектор, поретко во државни институции. Има и такви кои се занимаваат со свој бизнис.

До Македонија стигнуваат информации дека селата во кои живеат Македонците се непристапни, немаат пат, водовод и канализација. Дали има некои промени или ветувања од локалните власти дека тие проблеми ќе се решат?

Во секоја предизборна кампања во Албанија има ветувања дека ќе се решат проблемите со инфраструктурата, водоводот и канализацијата, но, овие проблеми сѐ уште не се решени. Во Голо Брдо и Гора ситуацијата е многу лоша, а во Мала Преспа многу се подобрени патиштата, имаат и водовод и други услови коишто се потребни за живот. Во Мала Преспа се подобрени условите, бидејќи општината Пустец ја раководи  градоначалник од  Македонската алијанса за европска интеграција и очигледно е подобрувањето на условите за живот. Секако се прават напори да се подобри ситуацијата и во обласите Голо Брдо и Гора. Да се надеваме дека ситуацијата ќе се подобри за да нема масовно иселенување на Македонците од тие области поради немање услови за живот.


Ирена Радовановиќ

Македонско друштво “Илинден“- Тирана воопшто не е задоволна од односот на Министртвото за култура

 

Македонско друштво “Илинден“- Тирана воопшто не е задоволна од односот на Министртвото за култура, како и изминатите години и ова година Министерството за клтура не прифатги ни еден проект на македонските друштва. Македонското друштво “Илинден“- Тирана кои аплицирал со години со прокет за одржување фолклорен фестивал на Македоцните во Албанија секогаш е одибиено. Таму не сакаат ниту да слушнат за нашите проекти. Со години наназад а и оваа година нема ниту пара за доставните проекти од друштвата на Македонците. Македонците имаат потреба од поддршка на проектите од Министерството за култура кои се однесуваат на негување на традициите на Македонците кои живеат во Албанија. Министерството за култура треба да има предвид дека и Македонците во Република Албанија, треба да добиат проекти, македонците се  лојални граѓани и ги плаѓат сите даноци но пари за културни активности нема. Инаку, повикот објавен од Миистертвото за култура на први декември лани траел до 13 јануари.

 

Македонско друштво “Илинден”-Тиранa

Претседател г-дин Никола Ѓурѓај

Mеѓународен ден на мајчиниот јазик

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви честита 21 февруари меѓународен ден на мајчиниот јазик. На 21 фебруари е прогласен за Меѓународен ден на мајчиниот јазик од страна на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО) на 17 ноември 1999 година на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година.

 


www.ilinden-tirana.com

Никола Ѓурѓај претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана интервју за Прес24

 

 

Во Албанија нема Бугари, Европскиот Парламент врши груб фалсификат на историјата, Претседателот на Македонското друштво “Илинден“ од Тирана, едно од движењата за правата на Македонците во Албанија, Никола Ѓурѓај, во интервју за Прес24, најавува засилен ангажман на Македонците во одбрана на своето достоинство и основни човекови права. Уште еднаш сакам да го потврдам ставот дека во регионите што тие ги спомнуват Голо Брдo, Мала Преспа, Гора има не значени број на луѓе што земале бугарски пасоши. Тие се бројат на прсти. Ние сме категорични и ги отфрлуваме сите обиди на бугарските претставници во Европскиот Парламент дека во Албанија живат Бугари. Јас лично никогаш немам сретнато лица со бугарско потекло во Албанија. Цела ова хајка од бугарската држава по активно е почната кога Бугарија влезе во Европската Унија, пред тоа немаше такви активности. Поединци Македонци од Албанија за подобар живот побарале бугарски пасоши од економски причини, за да можат да одат во земјите членки на Европска Унија за работа. Еве еден факт ќе посочам. Дали имало, пред Бугарија да влезе Европската Унија какво било барање за бугарско државјанство? И колкава била бројката? Од тоа ќе процените дека Бугари во Албанија нема, вели Ѓурѓај за Прес24. Тој посочува дека Македонија како држава треба посериозно да се зафати со заштита на правата на Македонците во Албанија. Вели дека е апсурдно тоа што наместо заштита на Македонците, Македонија води политичка хајка против градоначалникот на Пустец, Еднонд Темелко. Апсурд е процесот што се води против преседателот на Македонската Алијанса за Европска Интеграција исто време и градонацланик на општина Пустец. Татковината Република Македонија треба да ги поддржуава активностите на Македонците во Албанија, а не да ги деградира преставниците што се борат за правата на Македонците во Албанија. Тој процес е политички процес и антимакедонски процес, вели Никола Ѓурѓај во интервјуто за Прес24.

ПРЕС24: Остри реакции предизвика резолуцијата на ЕП за малцинствата во Албанија. Како Македонците во Албанијанја оценуваат?

ЃУРЃАЈ: Македонците во Република Албанија се огорчени од ваквите ставови на ЕП. Безаргуенти гласат резолуција, без да видат состојбата на терен. Во Голо Брдо , Мала Преспа, Гора нема Бугари како и во цела територија на Република Албанија. Нормално е дека Македонците ќе регират остро и нивните преставници, бидејќи тоа е груб фалсификат на историјата и фактите. Македонско друштво ”Илинден”-Тирана од нејзиното формирање се бори за правата на Македонското национално малциство во Албанија и секој пат ќе рагира остро на таквите скандалозни одлуки и страмни за ЕП.

ПРЕС24: Планирате ли да реагирате и на кој начин?

ЃУРЃАЈ: Македонско друштво ”Илинден”-Тирана ќе рагира со сите демократски срества и со цел капацитет како што праело до сега за одбрана на Македонците во Република Албанија. Македонско друштво ”Илинден”-Тирана од 16. 05. 2015 година е член на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН), единство друштво на Македонците во сосетсвото и светот што е рамноправен член и ќе ги користи сите можности што ФУЕН ги дава за заштита на малциствата во Европа. Македонско друштво ”Илинден”-Тирана ќе ги зголеми активностите со ФУЕН како и со други меѓународни иституци и организаци како и со институците во Република Албанија.

ПРЕС24: Бугарските европеатеници како аргумент го користат бугарскиот пасош. Колку Македонци во овие места имаат бугарски пасоши?

ЃУРЃАЈ: Уште еднаш сакам да го потврдам ставот дека во регионите што тие ги спомнуват Голо Брдo, Мала Преспа, Гора има не значени број на луѓе што земале бугарски пасоши. Тие се бројат на прсти. Ние сме категорични и ги отфрлуваме сите обиди на бугарските претставници во Европскиот Парламент дека во Албанија живат Бугари. Јас лично никогаш немам сретнато лица со бугарско потекло во Албанија. Цела ова хајка од бугарската држава по активно е почната кога Бугарија влезе во Европската Унија, пред тоа немаше такви активности. Поединци Македонци од Албанија за подобар живот побарале бугарски пасоши од економски причини, за да можат да одат во земјите членки на Европска Унија за работа. Еве еден факт ќе посочам. Дали имало, пред Бугарија да влезе Европската Унија какво било барање за бугарско државјанство? И колкава била бројката? Од тоа ќе процените дека Бугари во Албанија нема.

ПРЕС24: Статистички колкав е бројот на Македонци во Албанија?

ЃУРЃАЈ: Македонското национално малциство во Република Албанија број 120.000 илјади. Тоа бројка е проценка на Македонските организаци. Тоа бројака може да е и поголема и затоа македонскте организаци барат попис, за да се направи и да се утврди точниот број за да нема шпекулаци. Последниот попис спроведен во Албанија малцистваата го бојкотира. Со спроведен попис со сите стандарти ќе се утврди точната бројка колку се припадници на малциските заедници во Република Албанија.

ПРЕС24: Изминативе години баравте од албанската влада поголеми права. Дали денеска Македонците во Албанија се задоволни од правата што ги имаат како малцинство?

ЃУРЃАЈ: Од 1990 години Македонците во Албанија и нивните организаци во контунитет бараат од албанските институции да се потобрат правата на Македонците. Од 1990 година има подобрување на правата на Македонците, ама се уште не се постигнати тие права што се гарантирани од меѓународните конвенци и меѓународни обрзнички закони што Албанија треба да ги спроведе за малциствата.

ПРЕС24: Очекивате ли помош од Македонија од државата или од партиите за остварување на вашите барања?

ЃУРЃАЈ: Секоја помош е добродојдена од татковината Република Македонија како матична земја и ние очекуваме помош. Македонија како матична земја  треба да води сметка за Македонците во Република Албанија, како што  Албанија води сметка за Албанците во Република Македонија

ПРЕС24: Со кои какви проблеми најчесто се соочуваат Македонците во Албанија?

ЃУРЃАЈ: Најголем проблем на Македонците во Албанија е дека тие не се признати на цела територија. Учењето на Македонскиот јазик како и други проблеми што ги има едно малциство да се вложат напори тоа да се подобри.

ПРЕС24: Не е ли малку парадоксално тоа што македонската држава покрена процес за одговорност за оние кои имаат македонски државјанства и гласаа на изборите во Македонија, а Бугарија со државјанства сака да ги претстави Маледонците како Бугари?

ЃУРЃАЈ: Апсурд е процесот што се води против преседателот на Македонската Алијанса за Европска Интеграција исто време и градонацланик на општина Пустец. Татковината Република Македонија треба да ги поддржуава активностите на Македонците во Албанија, а не да ги деградира преставниците што се борат за правата на Македонците во Албанија.

ПРЕС24: Како кај Македонците во Албанија беше прифатена одлуката за кривично гонење на градоначалникот Темелко?

ЃУРЃАЈ: Македонците во Албанија го осудеја процесот што се води против преседателот на Македонската Алијанса за Европска Интеграција исто време и градонацланик на општина Пустец. Тој процес е политички процес и антимакедонски процес.

ПРЕС24: Кој став го имаат Македонците во Албанија за политичката состојба во Македонија и за платформата на албанските партии?

ЃУРЃАЈ: Македонците во Република Албанија поддржуваат стабилна влада и просперитетна татковина Република Македонија. Во исто време и почитување на законите и владењето на правото. Секоја инициатива треба да биде во склоп на законите на  државата. Албанските партии во Македонија треба да баарат во склоп на законите како и ние како Македонци што тоа го бараме во рамки на законите.


www.press24.mk

Македонското меѓународно движење за човекови права од Канда ја осудува Резолуцијата на Европскиот

Дали Европскиот парламент е неинформиран или е анти-македонски? Ова се двете единствени можни опции. При бесрамно прикажување на чиста лудост, Европскиот парламент усвои резолуција со која што од Албанија бараат да ги заштити правата на своето “бугарско“ малцинство и тоа во региони во кои што живее македонско население. Па уште и “препорачува” правата на лицата со бугарска националност во областите Преспа, Голо Брдо и Гора законски да се регулираат и спроведат во пракса.“ Чувствата би биле прекрасни, но само ако ја идентификувале вистинската етничка припадност на тоа население. Европскиот парламент, со оваа ‘бескрајна мудрост’, само и помагаат на Бугарија во нејзината мисија да го искоренат постоењето на македонското малцинство и на се’ што е македонско. Истовремено, Европската Унија продолжува со својата политика да и помага на Грција, играјќи заедно со неа во вештачки-создадениот спор за името и обраќајќи и се на Македонија (по налог на Грција) со „Поранешна Југословенска Република Македонија“. Дури и ако треба да се одговори на таков арогантен и расистички извештај со кој што се тврди дека една етничка група, во име на држава која што се обидува да ја уништи само ја докажува ирелевантноста на таквите европски институции. Да нема дилеми, населението во овие области е македонско и тоа е факт прифатен од сите, вклучувајќи ги и бројните извештаи за човекови права од страна на истите тие европски институции Европскиот суд за човекови права, Европската комисија против расизам и нетолеранција, Обединетите нации, американскиот Стејт Департмент, како и меѓународните организации за човекови права. А уште подобро би било доколку европратениците кои што гласаа за оваа апсурдна резолуција, нека одат и нека ги посетат Голо Брдо, Мала Преспа и Гора, нека ги видат таму македонските развиорени знамиња и нека поразговараат со локалното население кое што веќе ја осуди оваа резолуција. Европската Унија и Евро-парламентот продолжуват да им помагаат на своите држави-членки, Грција и Бугарија, во нивната бесрамна анти-македонска надворешна политика. И сега што имаме неинформираност или анти-македонска политика? Се чини дека е сепак тоа второто. А ние чекаме за одговор во прилог на итно повлекување на оваа бизарна резолуција.

 

www.ilinden-tirana.com

Декларација на Македонска Алијанса за Европска Интеграција

 

 

Партијата Македонска Алијанса за Европска Интеграција истакнува дека малцинството што живее во овие простори е македонско малцинство официално признаено во Преспа али не и во регионот на Голо Брдо и Гора. Македонците во Албанија не се “Булгари”. Во Албанија живее македонско, грчко, српско-црногорско, влашко, ромско, босанско и египетско малцинство и напорите за признавање на непостоечко булгарско малцинство во Албанија го сметаме како фалсификат на Историјата и на вистината. Во Албанија нема булгарско малцинство. Tакво малцинство има во главите на булгарските официалните лица во Софија кои продолжуваат со антимакедонизмот како официјална политика за негирање на македонскиот народ. Партијата Македонска Алијанса за Европска Интеграција Прогрес-Извештајот на Албанија за интеграција на Република Албанија во Европска Унија одобрен од Европскиот Парламент во делот каде се бара признавање на булгарското малцинство во Преспа, Голо Брдо и Гора го смета како сериозно кршење на меѓународниот закон, Универсалната Декларацијата на Човековите Права и Слободи, геноцид над македонскиот народ и злосторство над човештвото.Партијата Македонска Алијанса за Европска Интеграција бара од Булгарија да не измислува булгари тамо каде што не постојат туку да го признае македонското малцинство во Булгарија. Партијата Македонска Алијанса за Европска Интеграција бара од Брисел да не ги злоупотребува македонците од Албанија како препрека на патот на Албанија во процесот за Интеграција во европската Унија. Партијата Македонска Алијанса за Европска Интеграција истакнува дека малцинството што живее во овие простори е македонско малцинство официално признаено во Преспа али не и во регионот на Голо Брдо и Гора.Македонците во Албанија не се “Булгари”. Во Албанија живее македонско, грчко, српско-црногорско, влашко, ромско, босанско и египетско малцинство и напорите за признавање на непостоечко булгарско малцинство во Албанија го сметаме како фалсификат на Историјата и на вистината. Во Албанија нема булгарско малцинство. Tакво малцинство има во главите на булгарските официалните лица во Софија кои продолжуваат со антимакедонизмот како официјална политика за негирање на македонскиот народ. Партијата Македонска Алијанса за Европска Интеграција Прогрес-Извештајот на Албанија за интеграција на Република Албанија во Европска Унија одобрен од Европскиот Парламент во делот каде се бара признавање на булгарското малцинство во Преспа, Голо Брдо и Гора го смета како сериозно кршење на меѓународниот закон, Универсалната Декларацијата на Човековите Права и Слободи, геноцид над македонскиот народ и злосторство над човештвото. Партијата Македонска Алијанса за Европска Интеграција бара од Булгарија да не измислува булгари тамо каде што не постојат туку да го признае македонското малцинство во Булгарија. Партијата Македонска Алијанса за Европска Интеграција бара од Брисел да не ги злоупотребува македонците од Албанија како препрека на патот на Албанија во процесот за Интеграција во европската Унија.

 

www.ilinden-tirana.com

Петседател на македонското друштво “Илинден”-Тирана интервју за порталот ако.мк

Никола Ѓурѓај, Македонец од Албанија, претседател на македонското друштво “Илинден”-Тирана  за порталот АКО зборува за незаинтересираноста на македонската држава за Македонците кои живеат во Албанија. Тој е разочаран од инертноста на македонската влада кој не покажа интерес да се спротистави на агресивната политика на бугарската држава кон Македонците во Албанија. Повод за интервјуто со Ѓурѓај се последните обиди на бугарски пратеници во Европскиот Паламент, кои издејствува со амандмани да се изгласа Декларација во која се бара поголемо залагање за ,,Бугарите во Албанија“ и нивно признавање од страна на албанската Влада. Бугарија со политика на издавање на бугарски пасоши, нешто слично како во Македонија, се обидува да ги асимилира Македонците, но Ѓурѓај вели дека тие се пишуваат Бугари и земаат бугарски пасош само од економски причини. Лично немам сретнато некој во Албанија што се изјаснил како Бугарин, вели Ѓурѓај:

 

Ѓурѓај: Македонско друштво ”Илинден”-Тирана категорично ги отфрла објавите на бугарските претставници во Европскиот Парламент дека во Албанија живеат Бугари. Јас лично во Албанија никогаш немам сретнато лица кои себе си се претставуваат дека имаат бугарско потекло. Целата оваа хајка од страна на бугарската држава е уште од периодот кога падна енверизмот во Албанија. Но, многу поинтензивното „барање“ на Бугари почна откако Бугарија стана членка на Европска Унија. Факт е дека има Македонци во Албанија кои во потрага по подобар живот побарале бугарски пасоши, но нагласувам дека тоа е само од економски причини. Некои од нив имаат намера да одат во земјите, членки на ЕУ за работа. Најголема потврда за тоа е и фактот дека нема ниту едно барање за бугарско државјанство од Македонци во Албанија пред да влезе Бугарија во ЕУ. Но, напорите, и секако, огромната машинерија од научници, емисари и политичари кои бараат Бугари во Албанија до сега нема особени резултати. Секако, Бугарите ја користат и неагилноста и незаинтересираноаста на македонските власти за потребите и интересите на Македонците во Албанија. До кога македонската држава ќе се однесува ноншалантно, и колку агресивно ќе настапуваат Бугарите во Албанија останува да видиме.


2. Како се организирани Македонците во Албанија?


Ѓурѓај:-Македонците во Република Албанија по распадот на комунизмот во 1990 година, почнаа да се организираат во разни политички и културни друштва. Желбата да ја изразат својата етничка посебност, ги натера Македонците од областа Голо Брдо во 1990 година да се организираат во политичкото друштво ,,Братство’’ со седиште во Тирана. Во март 1993 година се формира политичко друштво ,,Мир’’ со седиште во Тирана, а неговата работа беше следена и со печатење на весникот „Мир“. Но, заради немањето основни финансиски средства, весникот иако многу популарен сред Македонците во Албанија, мораше да го прекине печатењето. Во април 2008 година се формира и фудбалски клуб ФК „Македонија“ со седиште во Тирана, кој најчесто го користат Македонците за рекреативни цели. Клубот нема поголеми амбиции, бидејќи за неговата работа никогаш немало финансиски средства. На 06.02.2009 година во Тирана беше формирано Македонско друштво ”Илинден”-Тирана со седиште во Тирана, а после неколку години Друштвото на 5.10.2012 година отвори свој огранок во Голо Брдо со седиште во село Требиште, Голо Брдо.


3. Дали во изминативе години имавте помош од македонските, албанските или други институции во остварување на обврските кои сте ги презеле за зачувување на македонскиот национален идентитет на Македонците во Албанија?


Ѓурѓај:-Согласно нашите законски обврзувачки документи веднаш после регистрирањето на Друштвото се обративме за помош до неколку институции во Албанија, Македонија и по светот. Искрено кажано, помошта од татковината Република Македонија во однос на Друштвото „Илинден“ од Тирана, досега била многу минимална, а истото се однесува и на финансиската помош во однос на весникот “Илинден“. Затоа пак, голема благодарност на македонската држава и должиме во однос на коректниот однос кон студентите. Тука мислиме на стипендирањето на македонските деца кои сакаат да се образуваат на мајчин јазик. Македонската држава ги стипендира сите кандидати кои преку Македонско друштво ”Илинден”-Тирана се пријавија со желба за школување како во средно училиште, така и на факултетите. Можност за едукација на мајчин јазик, македонските деца во Албанија немаат ниту во средните , ниту на факултетите така што сите оние што биле степендирани од странта на македонската Влада ги почувствуваа благодетите од оваа голема помош од страна на матичната држава.


4. Македонското малцинство во Албанија издава и свои гласила. Како се одвива печатењето на овие гласници?


Ѓурѓај:-Како што веќе посочив, во 90-тите години на 20. век во Албанија почна да излегува весникот „МИР“ кој беше многу популарен меѓу македонското малцинство. Но, поради недостаток на финансии тој престана да излегува. Во Преспа беше востановен и весникот „Преспа“ кој имаше поголема поддршка од македонската држава, и излегуваше подолго. Но, како и секоја друга активност на Македонците во Албанија и печатењето и подготовката на текстовите во овој весник беа најголем дел или финансирани или бесплатно изработувани на доброволна база од соработниците Македонци. Денес и овој весник не излегува. За жал, македонското национално малциство во Република Албанија остана само со еден печатен медиум, а тоа е весникот „Илинден“, кој излегува еднаш месечно, а бесплатно се дистрибуира во Тирана, во селата во Голо Брдо, Мала Преспа, Гора, Врник во цела територија на Албанија. Интересно е да се каже дека тој е единствениот весник што се печати на територијата на Република Албанија, а за подготовка на неговите содржини не се плаќаат хонорари. Сепак, опстанокот на весник „Илинден“ неколку пати беше под прашалник и во краток период дојде до негово згаснување. Благодарение на Македонското меѓународно движење за човекови права –Торонто од Канада, сега се печати редовно и се дели секаде каде живеат Македонци во Албанија како и во татковината Македонија и меѓу Македонците низ светот.


5. Кои се вашите идни планови во однос на заштита на интересите на Македонците во Албанија?


Ѓурѓај: Македонско друштво ”Илинден”-Тирана од 16. 05. 2015 година е член на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) единствено друштво на Македонците во соседството и светот што е рамноправен член. Македонско друштво ”Илинден”-Тирана ќе ги зголеми активностите со ФУЕН, со што има можност и да добие поголема поддршка. Истовремено работи на културен план во зачувување на традиционалните врдности на Македонците во Албанија. Исто така, ќе продолжи да бара во иституците да се признае македонското малциство на целата албанска територија, а не само во Преспа. Планираме и низа други активности за подобрувањето положбата и добивање на правата на македонското национално малцинство во Албанија. Во име на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана како и во име на Македонско национално малциство во Албанија бараме помош од институците во татковина Република Македонија кои се задолжени за соработка со Македонците во соседните држави, како и од невладиниот сектор.


Никола Ѓурѓај, е роден во Тирана во семејство на Силјан и Виолета Ѓурѓај. Семејството од неговиот татко има потеколо од Голо Брдо, околија со голем број села и население кое себеси, до денес, се смета и изјаснува за македонско. Со оглед на фактот што неговата баба Ружа и после преселбата во Тирана не го научила албанскиот јазик, во домот говореле голобрдски дијалект на македонскиот јазик. Основно и средно образование завршил во Тирана, додека со високо образование се стекнал во Скопје, на Факултетот за физичка култура. Бел стипендист на македонската Влада, која им помага во студирањето на оние македонски ученици кои сакаат своето високо образование да го завршат на мајчиниот македонски јазик. Моментално е Претседател на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, потоа главен и одговорен уредник на весникот „Илинден“, кој се печати на македонски јазик и излегува во Тирана од фебруари 2011 година, кога излезе првиот број на весникот. Покрај тоа, член е Македонска Алијанса за Европска Интеграција, како и основач на Форумот на младите на Македонска Алијанса за Европска Интеграција, која е единствената партија на македонското национално малцинство во Република Албанија.

 

www.ako.mk

Соопштение: Осуда за резолуцијата на Европскиот парламент

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо најостро го осудува Извештајот за напредокот на Албанија за членство во Европската Унија, усвоен од Европскиот Парламент во делот каде што по предлог на бугарските евро-пратеници Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски, Македонците во областите Голо Брдо, Мала Преспа и Гора се потврдуваат како Бугари, со препорака “тие да бидат вклучени во законодавството на земјата и да бидат гарантирани во практика на Република Албанија. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо повторува дека Бугари во Албанија и во регионите Преспа, Голо Брдо и Гора, нема! Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо потсетува дека на целата територија на Република Албанија, и посебно во регионите Преспа, Голо Брдо и Гора не живеат “Бугари“, туку само Македонци! Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо од Албанската влада и од Македонската Влада бара остар демарш до Брисел и Софија за нотификацијата на лажна бугарска историја во европските службени документи и за преименувањето на Македонците во Албанија за Бугари! Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо извештајот за напредокот на Албанија за членство во Европската Унија узвоен од Европскиот Парламент во делот за Македонците како Бугариа го смета за груба повреда на меѓународното право, Универзалната декларација за човековите права и слободи и Повелбата на Обединетите Нации, за геноцид врз Македонскиот народ во Албанија. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо апелира до Брисел за активни мерки против денационализаторската политика што веќе неколку години организирано ја води Софија со незаконско издавање на бугарски државјанства на Македонците во Албанија.


Македонско друштво “Илинден”-Тиранa                                                                                           Претседател г-дин Никола Ѓурѓај

Ѓурѓај: Од ветувањата на владата во Тирана Македонците не добија ништо

 

 

Македонците во Албанија и покрај сите ветувања што ги добиваа од досегашните влади во Тирана, не добија ништо од онаа што им беше ветено и од онаа што им следи со меѓународните Конвенции како малцинство во земјата. Оваа оценка ја изнесе во интервју за Макфакс политичкиот аналитичар и главниот уредник на македонскиот весник “Илинден“, кој излегува во Тирана Никола Ѓурѓај. Ѓурѓај кој е и преседател на Македонското друштво нагласува дека ниту премиерот Еди Рама не сторил ништо од онаа што го ветил за Македонците пред изборите. Со последните промени во територијалната распределба на земјата беа укинати општините во Голо брдо и Гора, а Македонците и понатаму немаат право да учат на својот мајчин јазик во населените места каде што има значителен број на Македонци и покрај бројните барања што се доставени од македонското друштво Илинден, посебно во областа Голо Брдо. „Исто така не се признава постоењето на македонското мналцинство на целата територија на Албанија, но и други права кои им следат на македонците со конвенциите“, вели Ѓурѓај. Состојбата во која се наоѓаат Македонците во Албанија им е пренесена на сите меѓународни институции при што е искажано и незадоволство од положбата на Македонците во оваа земја . На прашањето го гледа ли излезот од оваа состојба на Македонците во Албанија, Ѓурѓај за Макфакс вели дека „најдобро е на наредните парламантарни избори во Албанија кои ке се одржат на 18 јуни годинава, Македонска Алијанса за Европака Интеграција, да излезе самостојно, и да добие свои пратеници во наредниот состав на Собранието. „Има Македонци кои се и во други партии и се на фунции но сепак овој пат тие треба да си гласаат за својата партија“, изјави Ѓурѓај за Макфакс. /мф/мн

 

www.makfax.com.mk

Соопштение за медиумите:

 

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо категорично ги негира тврдењата на Друштвото за бугарско-албанско пријателство дека во Албанија живеат Бугари. Објавените соопштенија во веб порталот татковина.мк им порачуваме да не бидат ментори и со нивното помагање во однос на соопштенијата со кои се обидуваат да ја оцрнат и омаловажат борбата на Македонско друштво ‘’Илинден’’-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо во однос на правата на македонското национално малциство во Албанија. Согласно реалната состојба во Албанија, Македонско друштво ‘’Илинден’’-Тирана уште еднаш ги отфрла тврдењата Друштвото за бугарско-албанско пријателство од Корча, дека во Албанија има население кое се чувствува како Бугари. Според тоа македонското национално малцинство во Албанија ја оценува како груб фалисфикат на историјата и вистината. Во територија на Република обидот нивноата националност да се прикаже како бугарска, и нагласуваат дека во Албанија ниту имало, ниту денес има Бугари. Секако, ова не се однесува на членовите на Друштвото за бугарско-албанско пријателство од Корча, кои со своето одродување и со земените бугарски пасоши се обидуваат да создадат привид за постоење на Бугари во Албанија. Секако, нивниот број е беззначаен, податок кој е познат на целата јавност и број кој е недостоен за разговор. Поради тоа бугарската политика манипулира со цифрата која е валидна за постоечкото македонско национално малцинство во Албанија.


www.ilinden-tirana.com