vestimk
Македонско друштво “Илинден”-Тирана најстрого ја осудува нај новата провокацијата на Бугарската академија на науките
Македонско друштво „Илинден“-Тирана најостра осуда на изјавите на Каракачанов и Ковачев
Македонското друштво “Илинден“-Тирана ја осудува најновите провокација на Красимир Каракачанов вицепремиер и министер за одбрана во Владата на Република Бугарија од ВМРО-БНД и Андреј Ковачев европратеник од ГЕРБ како и бугарската амбасада во Тирана, бидејќи со делење на пасоши сака да купи “бугари” во Албанија како “доказ” дека не постои Македонскиот јазик. Македонците во Албанија со индигнација го отфрлаат антимакедонизмот на власта во Софија и го сметаат за несериозно и смешно повторното пласирање на една небулозна теза, дека не постои Македонскиот јазик. Македонското друштво “Илинден“-Тирана го повикува Европскиот парламент да преземе мерки против Андреј Ковачев од ГЕРБ кој од позиција на европратеник врши притисок врз Македонците во Албанија. Македонското друштво “Илинден“-Тирана ја осудува Владата во Софија за дискриминаторските, расистичките и наци-фашистичките барања за непостоење на Македонскиот народ во целина! – стои во соопштението потпишано од Претседател на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај.
5 Мај – Денот на македонскиот јазик
На денешен ден 5 мај 1945 година со решение на Народната влада на Федерална Република Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеца Министерството за просвета го озакони првиот правопис на македонскиот јазик. Развојот на денешната македонска азбука датира уште со појавата на глаголицата и потоа со замената на глаголицата со кирилица и со постепено развивање и усовршување на гласовно-графичкиот систем. До 10 век македонскиот јазик користел различни други писма, како што е грчкото писмо или некои сè уште недешифрирани писма, но со појавата на глаголицата се стандардизирала писменоста. Така, од 10 па се до 19 век македонскиот јазик ги користел следните азбуки: глаголица, кирилица, црковно-македонско писмо, илинденска азбука. Нашиот великан Блаже Конески, чијшто заслуги за создавањето на македонската азбука и кодификацијата на македонскиот јазик се огромни, во една пригода рекол дека „Јазикот е нашата најкомплетна татковина“. Со решение на АСНОМ од 2 август 1944 година, донесено во манастирот Прохор Пчински, македонскиот јазик беше заведен како службен јазик на македонската држава. Усовршувањето и приспособувањето на македонскиот пишан систем и постепено поедноставување на црковномакедонското писмо започнало во XIX век со појавата на поедноставната илинденска азбука, која, пак, довела до оформување на македонската преродбеничка азбука за на крај да се создаде стандардната македонска азбука. Во XX век имало и обид за запишување на македонскиот јазик и со латинична азбука, т.н. македонска абецедарска азбука, која не зела широки размери и останала на локално ниво во Егејска Македонија. Најбогатиот период во поглед на развојот на стандардната македонска азбука е периодот на преродбата, поточно од средината на XIX век до почетокот на XX век. Во овој период голем број македонски интелектуалци вршеле реформи за поедноставување на македонската илинденска азбука и со тоа стандардизирање на македонскиот правопис.
Се одбележуваат 117 години од смртта на Македонскиот револуционер Гоце Делчев
Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно национално ослободително движење во крајот на XIX и почетокот на XX век. Бил рожба на својата епоха, кој го изразувал стремежот на македонскиот народ за ослободување од отоманското ропство. Загина во предвечерието на Илинденското востание на 4 мај 1903 година во селото Баница, Серско, Егејска Македонија во борби со османлиската војска која го опколила селото. Посмртните останки на Гоце Делчев на 11 октомври 1946 година се пренесени во Скопје, Македонија во црквата “Свети Спас“ каде и денес се наоѓаат.
Во црквата Свети.Никола во село Стеблево областа Голо Брдо ќе се одбележаа празникот Свети.Ѓорѓи – Ѓурѓовден
На 6 мај 2020 година (среда) со почеток во 9 часот, во црква “Свети Никола“ во село Стеблево, областа Голо Брдо, ќе се одбележи големиот христијанки празник Свети Ѓорѓи – Ѓурѓовден. Богослужба ќе одржи свештеникот Хелидон Демири од Елбасанската митрополија на Албанска Православна Црква. Во селото Стеблево живеат Македонци.
Свети Великомаченик Георгиј Победоносец (во народот познат како Свети Ѓорѓија) живеел и пострадал за време на безбожниот римски цар и идолопоклоник Диоклецијан (284 – 305 година), во чие време се вршело прогонство и убивање на христијаните.
Свети Георгиј, син на набожни родители и добар Христов војник завршил воена школа и бил на служба кај овој цар. Во својата 20-та година го добил чинот трибун, воен старешина и царски пратеник. Знаејќи дека заради верата во Христа набргу ќе настрада, по смртта на својата мајка го раздал имотот на сиромашните, а робовите ги ослободил. Тој не можел да ја поднесе неправдата. Храбро застанал пред царот, кнезовите и сенаторите и изјавил: “Слуга сум на Христ, мојот Бог… До кога ќе ги гоните и мачите тие невини луѓе и ќе ги принудувате на вашето безумно безбожје. Идолите ваши не се богови, не се! Христ е единствениот Бог!”
Царот наредил Свети Георгиј да биде фрлен во затвор, изложен на најтешки мачења. Во жестоката борба меѓу доброто и злото – победа му подари, издржа натчовечки мачења и стана Победоносец, за да сведочи пред светот дека љубовта, побожноста и верата се посилни од се’!
Пострадал на 23 април / по нов стил на 6 мај 303 година, кога во негова чест се слави празникот Ѓурѓовден.
На иконата Свети Ѓорѓија е претставен како војвода на коњ како со копје убива ламја, под копитата на коњот.
И според легендата Свети Ѓорѓија ја убил ламјата што на народот му правела голема штета.
Во Македонија постојат многу цркви посветени на Свети Ѓорѓија, од кој најстара е онаа во преспанскиот регион, близу до живописното село Курбиново, во пазувите на планината Пелистер. Според времето на живописување, забележано на натписот на северната страна со грчка сигнатура, се претпоставува дека црквата била подигната во 1191 година. Она што импресионира и восхитува во оваа црква е нејзиниот живопис, што заедно со оној од црквата Свети Пантелејмон крај Скопје, претставува врвно и оригинално остварување од периодот на Комненската уметност во Македонија.
Во Албанија, до 1912 година Македонија, црква посветена на Свети Ѓорѓија се наоѓа во село Стеблево, Голо Брдо! Македонците ја сочувале до денес за во неа да го слават името и делото на овој Светител и Великомаченик!
Македонско друштво „Илинден“-Тирана ја осудува бугарската провокација за непостоење на Македонскиот јазик и Македнското малциство
Македонското друштво „Илинден“-Тирана ја осудува најнова провокација на Бугарската влада за Македонскиот јазик и македонското малцинство. Македонците во Албанија со индигнација го отфрлаат ставот на Бугарската влада со кој повторно се пласира една небулозна теза, дека не постои Македонски јазик и македонското малцинство. Барањето на Бугарската влада, Македонија да се откаже од грижата за македонското малцинство и во ЕУ наместо Македонски јазик да се користи терминот “службен јазик на Република Северна Македонија“ е неприфатливо, геноцидно и претставува злосторството против човештвото! Македонското друштво „Илинден“-Тирана смета дека иако Советот на ЕУ донесе одлука за Македонија да почне преговори и оти изјавите на земјите-членки не можат да ја променат одлуката, загрижувачко е токму правото на вето на Владата во Софија на секое поглавје од триесет и трите. Македонското друштво „Илинден“-Тирана не се сомнева во злоупотребата на Софија на нејзините дискриминаторски и расистички барања за непостоење на Македонскиот јазик и македонското малцинство, приложени во финалниот заклучок на ЕУ што ја отсликуваат намерата на Софија и солидарноста на ЕУ во продолжението на бугарскиот наци-фашизам за непостоење на Македонскиот народ во целина! – стои во соопштението потпишано од Претседател на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај.
Македонското друштво „Илинден“-Тирана упати четитка по повод почетокот на месец Рамазан
Македонското друштво „Илинден“-Тирана и огранокот за Голо Брдо упатија честитка по повод почетокот на Светиот месец Рамазан. Во честитката се посакува лесен и благословен пост, со желби за потврдување на една од главните карактеристики на рамазанските пости, солидарноста и хуманоста. До Македонците од исламска религија во Албанија и надвор од неа и до сите верници ширум светот честитки по повод почетокот на месецот Рамазан, најдрагиот гостин на кој верниците муслимани му се радуваат. Месец во кој молитвите не се одбиваат, и Аллаховата милост е најголема. Нека надвладее чувство на хуманост и солидарност,главните карактеристики на месец Рамазан. За многу години, стои во честитката, потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај и претседателот на огранокот за Голо Брдо, Или Халилај. Се посакува месецот верниците да го минат во добро здравје и духовна исполнетост и „Алах да даде сила да се пребродат актуелните тешки времиња и во среќа и радост да минат рамазанските пости“.
Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Тирана по повод големиот христијански празник Воскресението Христово – Велигден
Претседателот на Македонското друштво „Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај денеска упати честитка по повод верскиот празник Велигден до г.г. Стефан, Архиепископ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и до православните верници. Дозволете ми во мое лично име, во име на Македонското друштво „Илинден“ и на сите Македонци кои живеат во Република Албанија, на Вашето свештенство и на сите православни верници, да ви го честитам големиот Христијански празник Воскресението Христово – Велигден. Радувајќи се на Воскреснието Христово – Велигден, да се помолиме и да си посакаме убави празнични денови, а убавите мисли и дела, честа и достоинственоста да не следат и да се постојано со нас и оваа година, – се вели во честитката од македонското друштво „Илинден” од Тирана. Чествувањето на Празникот над празниците, Христовото воскрсение Велигден е дел од нашето духовно и национално богатство,стои во честитката и се додава дека празнувањето на овој светол ден е темелот на нашата вера и не учи на заедништво, да си помагаме еден со друг и да го почитуваме семејството и блиските.
Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги повикува Македонците во Албанија – “Ве молиме останете дома!“
Во врска со пандемијата со коронавирусот, Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги повикува Македонците во Албанија – “Ве молиме останете дома!“. Македонското друштво “Илинден“-Тирана упатува повик до сите Македонци во Албанија да не излегуваат од домовите да се придржуваат кон мерките и превентивите од владата и истите да ги почитуваат! Имајќи го во предвид интензитетот на ширењето на вирусот Ковид-19, не излегувате од дома, со тоа ќе ги спречите сериозните здравствени ризици по Вашето здравје и живот и здравјето и животите на другите! Имајте ја во предвид стапката на заразеност од вирусот! Почитувајте ги официјалните соопштенија и предупредувања на локалните власти во општината каде што живеете, почитувајте ги препораките и мерките на надлежните државни органи, да не го доведете во ризична состојба вашето здравје и здравјето на другите! Ве молиме да ја сочувате смиреноста и да ги почитувате и применувате правилата за хигиена на највисоко ниво! – стои во соопштението на Македонското друштво “Илинден“-Тирана.