News

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана средба со македонскиот новинар Саша Узунов

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана,и главен и одговорен уредник на Македонски весник “Илинден” г-дин Никола Ѓурѓај на 27.10.2018 година во Скопје, Република Македонија, оствари средба со г-дин д-р Саша Узунов македонскито новинар и независен режисер и фоторепортер во слободен весник во Австралија и активист на Македонците во Австралија. На средбата претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, го информира г-дин Саша Узунов за активностите на Друштвото и Македонски весник “Илинден”. На средбата се нагласи потребата за повеќе соработка меѓу Македонските малцинства на Балканот и Македонскота дијаспора ширум светот. Г-дин Саша Узунов долги години е во контакт со Македонците во соседните држави, има многу репортажи и вести пишано за Македонците во соседните држави но се прават напори тие контакт во иднина да се зајакнат со почести средби.

Честит 23-ти Октомври денот на Македонската Револуционерната Борба

 

 

Почитувани во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо ви го честитаме 23-ти Октомври денот на Македонската Револуционерната Борба. Да е вечен македонскиот револуционерен идеал да го почитуваме и славиме овој голем ден.

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана 
Претседател Никола Ѓурѓај

 

Македонско друштво “Илинден”- Огранок Голо Брдо 
Претседател Или Халилај

 

 

На црвквата Свето Преображение во село Ербеле, Маќелара Бигорски манастир и даруваше икони

Познатото македонско древно светилиште, Св. Јован Крстител Бигорски манастир и подари икони на црквата „Свето Преображение“ во селото Ербеле, Маќелара област Поле или Долни Дебар, кое се наоѓа во близина на албанско-македонската граница кај Дебар. Иконите Бигорската обител ги даруваше по средбата што игуменот на манастирот, Архимандрит Партениј ја оствари со Никола Ѓурѓај претседател на Македонското друштво „Илинден“со седиште во Тирана.Огромна благодарност искажуваме за Архимандрит Партениј, кој позитивно одговори на нашето барање и со негов благослов денеска 12 икони ја разубавуваат една од најстарите и најзачајни цркви во овој дел на Албанија, каде што некогаш живееле голем број Македонци. Кога ке ги поставивме иконите, црквата ке светнае во полн сјај и ми се чини како сите ангели да слетаа, тука, на ова свето место, за да се радуваат на таа убавина,-изјави Ѓурѓај за Македонски весник “Илинден”. Во селото Ербеле, сега живеат само многу малку Македонци а за црквата „Свето Преображение“ сета грижа ја има превземено семејството на Андон Постоли. Патрон на црквата е Преображение Господово. Денот пред празникот и посебно на самиот празник, 19 август, вели Постоли, Македонците по потекло од ова село а кои денес живат во Тирана, Драч, Елбасан, Маќелара, Горно Крчиште, како и во Дебар и други градови во Македонија доаѓаат за го одбележат празникот.По традиција и верување,ноќта спроти празникот, во нашата црква доаѓаат не само православни туку и муслимани. Спијат во овој божји храм и се молат за излекување од разни болести, зашто црквата има исцелителна моќ. Многу луѓе тука го имаат најдено лекот за својата болест,вели Постоли. Додека сум жив,додава ќе се грижам за црквата,ќе палам кандило спроти петок,спроти недела,празник да не остане во мрак. Црквата „Свето Преображение“ датира од 12 век а во мај 1970 година министерството а култура на Албанија ја прогласи за споменик на културата.

Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Tирана за 11-ти октомври денот на востанието на Македонија

 

 

Почитувани во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо ви го честитаме 11-ти октомври денот на востанието на Република Македонија, да го почитуваме и славиме овој голем ден.

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана 
Претседател г- дин Никола Ѓурѓај

 

Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо 
Претседател г- дин Ули Халилај

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува Македонци да го бојкотираат референдумот

 

 

Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо изразува загриженост од престојниот референдум во татковината Република Македонија за промена на името на државата и идентитетот на нацијата. Македонците во Република Албанија отфрлаат промена на името на државата Македонија и името на Македонскиот народ и тоа го сметаат за геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото.Македонците во Република Албанија и натаму ќе се борат за своите човекови права и слободи пред домашните власти и меѓународните организации, како неотуѓиво и неприкосновено право на самоопределување и самоидентификација.Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо укажува дека промената на името на државата ќе влијае врз идентитетот на Македонците во соседните држави на Република Македонија и целиот свет и поради тоа ги повикува Македонци во Република Албанија и во светот со македонско државјанство да го бојкотираат престојниот референдум распишан на 30 септември 2018 година!

Честит празник 8-ми септември денот на независноста на Република Македонија

 

 

Почитувани во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”- Oгранок Голо Брдо ви го честитаме 8-ми септември денот на независноста на Република Македонија. Да е вечен да го почитуваме и славиме овој голем ден.

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана 
Претседател г-дин Никола Ѓурѓај

 

Македонско друштво “Илинден”- Oгранок Голо Брдо 
Претседател г-дин Или Халилај

Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Tирана по повод Успение на Пресвета Богородица

По повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица, македонското друштво „Илинден“ и огранокот за Голо Брдо, упатија честитка до Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до сите Македонци од православна вероисповед во Албанија во Македонија и насекаде во светот. Во честитката се наведува дека празнувањето на успението на Богородица значи празнување и почитување на семејството и семејните вредности, на разбирањето и љубовта кон ближните и подготвеноста за надминување на искушенијата. Ваше Блаженство, дозволете ни, Вам лично, на сите Македонци каде и да се во светот на членовите на Светиот архијерејски синод, да Ви упатиме искрени честитки по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица. Празнувањето на успението на Мајката Божја значи празнување и почитување на семејството и семејните вредности, на разбирањето и љубовта кон ближните и подготвеноста за надминување на искушенијата, со силата на свето име на мајката Божја во нашите молитви да се помолиме за здравје, љубов и благодет кои ќе донесат мир во нашите семејства и во целиот свет.

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана 
Претседател Никола Ѓурѓај

 

Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо
Претседател Или Халилај

Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Tирана до верниците со Исламска Вероисповед

 

 

Почитувани Македонци и Македонки во Република Албанијаи и насекаде во светот, во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо ви честита најголемиот Македонски празник Илинден, да го почитуваме и славиме овој голем ден во чест на Илинденско востание од 1903 – та.

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана 
Претседател Никола Ѓурѓај

 

Македонско друштво “Илинден”- Огранок Голо Брдо
Претседател Или Халилај

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува Македонци во Албанија да го бојкотираат референдум

 

 

Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо изразува загриженост од престојниот референдум во татковината Република Македонија за промена на името на државата и идентитетот на нацијата. Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо со индигнација ја отфрла Спогодбата склучена на 17 јуни 2018 година во Нивици, затоа што со неа Владата на Република Македонија се откажува од грижата за положбата и правата на припадниците на Македонскиот народ во соседните држави и во светот. Македонците во Република Албанија отфрлаат промена на името на државата Македонија и името на Македонскиот народ и тоа го сметаат за геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото. Македонците во Република Албанија и натаму ќе се борат за своите човекови права и слободи пред домашните власти и меѓународните организации, како неотуѓиво и неприкосновено право на самоопределување и самоидентификација. Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо укажува дека промената на името на државата ќе влијае врз идентитетот на Македонците во соседните држави на Република Македонија и целиот свет и поради тоа ги повикува Македонци во Република Албанија и во светот со македонско државјанство да се евидентираат во избирачкиот список, но да го бојкотираат престојниот референдум распишан на 30 септември 2018 година!


Македонско друштво “Илинден”-Тирана 
Претседател Никола Ѓурѓај


Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо
Претседател Или Халилај

Резолуцијата на ФУЕН за Македонците во Албанија објавена на англиски, германски и руски

Федералната унија на европските националности (ФУЕН), Резолуцијата со која се поддржуваат Македонците во Албанија во барањата за надминување на проблемите, ја објави на три јазици: англиски, германски и руски. Резолуцијата по предлог на Македонското друштво „Илинден“ беше едногласно усвоена на 63-от Конгрес што се одржува кон крајот на јуни во Леуварден, Холандија. Ова е навистина добра вест за нас, бидејќи со текстот на Резолуцијата сега се дава можност да се запознаат многу народи во светот. Документот содржи пет точки во кои Македонско друштво „Илинден“-Тирана бараат од албанската влада корекција на Законот за административна поделба и формирање општина Голо Брдо и општина Гора, во кои би биле опфатени населените подрачја во овие области. Исто така, се бара Македонците да имаат загарантирано најмалку еден пратеник во Парламентот на Албанија, вели Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото во изјава за Македонски весник “Илинден”. Исто така, додава, од Еврпскиот Парламент се бара да го повлече амандманот со кој македонското национално малцинство во Преспа, Голо Брдо, Гора беше прогласено за бугарско „бидејќи во тие региони како и на цела територија на Албанија живеат единствено Македонци а не Бугари“. Во документот стои дека од албанската влада се бара да превземе мерки да престанат активностите на бугарската влада за асимилација на Македонците на територијата на Албанија. ФУЕН искажува поддршка за сите барања и ги осудува обидите на бугарската држава Македонците да ги прикаже како Бугари. Резолуција, ФУЕН ја достави до Владата на Република Албанија, шефот на државата, Парламентот и меѓународните институци. Македонско друштво „Илинден”-Тирана е рамноправен член на ФУЕН од средината на мај 2015 година и стана прво друштво на Македонци надвор од матичната држава во Европа, кое е рамноправен член, со право на глас.

Линк англиски

https://www.fuen.org/fileadmin/user_upload/congress_2018/FUEN_Resolutions_2018.pdf

Линк руски

https://www.fuen.org/fileadmin/user_upload/congress_2018/FUEN_Rezoljucii_2018.pdf

Линк германски

https://www.fuen.org/fileadmin/user_upload/congress_2018/FUEN_Resolutionen_2018.pdf