News

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во рамките на ФУЕН конгресот учестуваше на состанок на работна група на словенски малцинства

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во рамките на ФУЕН конгресот во Болзано во Јужен Тирол, Италија учестуваше на работен состанок на работна група на словенски малцинства (АГСМ) при Федералната унија на европските националности (ФУЕН).

Освен активното учество на конгресот што се одржа во Болзано во Јужен Тирол, Италија учествував и на состанок на работна група на словенските малцинства, при ФУЕН. Разговаравме за проблемите на словенските малциства во Европа.

Секој од нас имаше кратка презентација и околу проблемите што ние Македонците ги имавме, рече Ѓурѓај за Македонски весник “Илинден”.

Македонското друштвото ”Илинден”-Тирана член е на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) од 16 мај 2015 година и е дел од работната група на словенските малцинства. Во групата на словенските малциства од Eвропа се 32 организаци, рамноправни членки на ФУЕН.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана со свој штанд на Конгресот на ФУЕН во Болзано, Италија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана со свој штанд се претстави на 69. Конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) што се одржува во италијанскиот град Болзано.

Во рамки на активностите на овој значаен собир, синоќа, со свој штанд се претстави и нашето друштво. Имавме македонска домашна ракија, ајвар, лепче, потоа пропаганден материјал на кој се претставени македонските носии, убавините на областите каде што живеат Македонците, како и примероци од весникот “Илинден“. Искрен да бидам побуди голем интерес кај учесниците, кои го посетија во голем број, изјави за Македонски весник “Илинден” Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото, кој е учесник на Конгресот.

Фото: Г-дин Лорант Винце, претседател на Федералната унија на европски националности и пратеник во Европскиот Парламент и г-дин Бернд Фабритиус комесар на Сојузната влада на Германија за прашања поврзани со етничките германски преселници и националните малцинства во Сојузна Република Германија го посети штанд на Македонско друштво “Илинден“-Тирана во Конгресот на ФУЕН во Болзано, Италија

Според него и претставниците на другите малцинствата од Европа, на свои штандови се претставиле со пропаганден материјал и нивна национална храна.

Македонското друштвото “Илинден“-Тирана член на ФУЕН е од 16 мај 2015 година и е дел од работната група на словенските малцинства при ФУЕН.

Во овој период редовно учествува на сите активности и конгреси на унијата, како што и на овој, кој почна вчера а завршува на 26 октомври, на кој учествуваат претставници на автохтоните национални малцинства, националности и јазични групи од цела Европа.

Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај учествува на 69 конгресот на Федералната унија на европски националности во Болзано во Јужен Тирол, Италија

Претседателот на македонското друштво “Илинден”- Тирана учествува на 69. Конгрес на Федералната унија на европски националности (ФУЕН), кој денеска попладне почна во Болзано, Јужен Тирол, Италија.

Највисокиот собир на ФУЕН ќе трае до 26 октомври а домаќин е Јужнотиролската народна партија, како рамноправна членка на унијата. Да потсетам дека нашето друштво рамноправна членка  е од 16 мај 2015 година и е дел од работната група на словенските малцинства при ФУЕН.

Присуствуваат претставници на автохтоните национални малцинства, националности и јазични групи од цела Европа.

Конгресот ќе се фокусира на дискусии за актуелните случувања во политиката на малцинствата, средбите со регионот домаќин и неговите модели за заштита на малцинствата, како и идниот развој на ФУЕН.

На сите досегашни Конгреси друштвото “Илинден” е редовен учесник и подносител на резолуции за положбата на Македонците во Албанија.

И сега имаме поднесено резолуција за унапредување на правата на Македонците во Република Албанија.  Очекуваме, како и претходните резолуции за положбата на Македонците да биде едногласно усвоена.

Друштвото редовно има и свој штанд на саемот на учесниците, на кој презентира македонски традиционални јадења, пијалаци, како и примероци од весникот “Илинден” и монографиите со македонски народни носии од сите делови на РАлбанија.

Македонското друштвото ”Илинден”-Тирана член е на Федералната унија на европски националности (ФУЕН) е од 16 мај 2015 година и е дел од работната група на словенските малцинства при ФУЕН. Во овој период редовно учествува на Конгреси и други активности, а по предлог на друштвото усвоени се и Резолуци за положбата на македонското малцинство во Република Албанија.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви го честита 23-ти Октомври денот на Македонската Револуционерната Борба

Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви го честита 23-ти Октомври денот на Македонската Револуционерната Борба.
На 23 октомври, 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев беше формиран Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно Македонската Револуцонерна Организација – ВМРО.
Организацијата се бореше за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор. Формирањето на ВМРО значеше почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, преку НОВ резултира со создавање модерна самостојна македонска држава.
Да е вечен македонскиот револуционерен идеал да го почитуваме и славиме овој голем ден.
Македонско друштво “Илинден”-Тирана
Претседател Никола Ѓурѓај

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана Никола Ѓурѓај, упати честитка до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за изборниот успех на локалните избори

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана Никола Ѓурѓај, упати честитка до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  за изборниот успех на локалните избори.

Дозволете ми во мое лично име и во име на македонското друштво “Илинден”-Тирана и во името на Македонците во Албанија, да Ви ја  честитаме големата победа на ВМРО-ДПМНЕ на Локалните избори 2025 година. Татковината Македонија уште еднаш ја покажа својата зрелост со одржувањето на мирни и демократски избори. Македонските граѓани одбраа кој ќе ги води македонските општини во наредните четири години, стои во честитката.

Во истата  се додава дека  во име на Македонците од Албанија, уште еднаш го упатуваме “нашето највисоко почитување до Вас”.

Честит 11-ти октомври денот на востанието на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор

Во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви го честита 11-ти октомври денот на народното востание, ден на македонската борба за слобода, значаен ден за македонската државност, 11-ти Октомври 1941-ва, денот кога македонскиот народ се дигна на востание за ослободување на Македонија од нацистичкиот и фашистичкиот окупатор, да го почитуваме и славиме овој голем ден.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана
Претседател Никола Ѓурѓај

Македонско друштво “Илинден“-Тирана најостро го осудува убиството на судијата Астрит Калаја

Македонско друштво “Илинден“-Тирана најостро го осудува чинот на убиство при вршење на службената должност на судијата Астрит Калаја.

Македонско друштво “Илинден“- Тирана најостро го осудува делото и авторот кој пукаше во Законот и неговиот спроведувач. Имотните и судските конфликти се решаваат преку закон, а не преку кривично самооправдување.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана изразува искрено сочувство до семејството Калаја за големата загуба и до колегите за празнината што ќе остане во нивните секојдневни активности и целиот правосуден систем за оваа тешка загуба

Македонско друштво “Илинден“-Тирана

Демант на Македонско друштво “Илинден”-Тирана: Нападите врз Никола Ѓурѓај, Претседател на Македонско друштво “Илинден”-Тирана се дел од поширока стратегија за замолчување на Македонците во Албанија

Нападите врз Никола Ѓурѓај, Претседател на Македонско друштво “Илинден”-Тирана се дел од поширока стратегија за замолчување на Македонците во Република Албанија.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана упатува најостра реакција до така наречен портал burevestnik.bg бидејќи неговите пишувања се дел од медиумската стратегија за притисок врз Македонците во Република Албанија.

Тоа е обид да се замолчи вистината и да се покрие вистинската асимилаторска политика на Софија кон Македонците во Република Албанија од страна на бугарските емисари. Со лажни информации се напаѓа Никола Ѓурѓај, претседател на Македонско друштво “Илинден”-Тирана.

Тоа претставува класичен пример на медиумска манипулација во насока на дискредитација на личноста и работата на г-дин Никола Ѓурѓај, а не информација за информирање. Секој кој малку се разбира од ваквите текстови ќе добие одлична прилика да се забавува со хумор напишан во некоја бугарска канцеларија.

Во самиот наспис „Бугарскиот прстен околу Македонија – Македонците во паника – Бугарија го топи нивното население на два фронта“

Текстот е политички памфлет со јасна цел за оцрнување на г-дин Никола Ѓурѓај, како преседател на Македонското друштво “Илинден”-Тирана.

Затоа, најостра го осудуваме вакво однесување на таканаречениот портал кој потекнува од држава членка на ЕУ.

Имајќи ја предвид целта на ЕУ за неширење на лажни информации, цениме дека вакви портали не би можеле да се регистриаат, а камо ли да опстојуваат во ЕУ држава. Но, тоа е Бугарија каде се е можно. Очигледна и јасна е антимакедонска мисија на бугарските емисари сред Македонците во Албанија.

Како заштитници на македонскиот национален идентитет во Република Албанија, Македонското друштво “Илинден”-Тирана ќе ги информира сите релевантни институции и истовремено ги повикува институциите во Република Албанија да преземат конкретни мерки за заштита на албанските државјани со македонско потекло.

Во оваа прилика посочуваме и на фактот, премолчуван од така наречен портал, дека на сите пописи на населението во Република Албанија од нејзината независноста на 28 ноември 1912 година до 2022 госина ниту еден жител на Република Албанија не се декларирал како Бугарин.

Спротивно на сите пописи на населението во Република Албанија то 2017 година со уцени по европската иднина на Република Албанија, беа внесени Бугари во Законот за малцинства.

Истовремено, на така наречениот портал му порачуваме да ги чита и Резолициите на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) каде што се осудуваат обидите на бугарската држава со кои Македонците во Република Албанија се обидува да ги прикаже како Бугари. При тоа и дека Бугарија како држава има пракса не ги почитува меѓународните инситуци.

https://www.fuen.org/fileadmin/user_upload/congress_2018/FUEN_Resolutions_2018.pdf

Бараме меѓународната заедница од својата членка, Бугарија, да побара почитување на нашето основно човеково право да се декларираме како Македонци и да престане со ширењето на лаги и говор на омраза кон сите кои се декларираат како Македонци.

 

Г-дин Незир Меча, потпретседател на Македонско друштво “Илинден”-Тирана

Г-дин Фатри Фетаху, координатор на Македонско друштво “Илинден”-Тирана за областа Голо Брдо

Г-ѓа Сабина Џелили, координатор на Македонско друштво “Илинден”-Тирана за Округот Елбасан

Г-дин Ламбе Шатровски, координатор на Македонско друштво “Илинден”-Тирана за татковината Македонија

Соопштение за медиумите: Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа 

Македонското друштво “Илинден“-Тирана најостро ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа.

На 26 септември 2025 се направени прегледи од страна на бугарски лекари и во самите слики се гледа бугарското знаме во државна амбуланта во Пустец ова е преседант бидеќи е државна инситуција каде живе Македонско население призната од албанска држава.

Секому е јасно дека бугарската држава со години врши невиден притисок врз македонците во Република Албанија.

И на Македонците низ цела Република Албанија им е јасно дека акцијата за бесплатни прегледи треба да биде дополнителна мамка за населението во областа Преспа за негово изјаснување како Бугари.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана изразува жалење што највисоките личности на албанската држава дозволуваат да бидат уценувани од бугарските политички лица за сметка на македонците во Република Албанија и што потклекнуваат пред тие уцени. При тоа, цената на уцените од Софија, врз политичкиот врв на нашата држава ја плаќа македонското население.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги повикува албанските и европските институции, да се позанимаваат со суровото и бескрупулозно нафрлање на бугарските емисари врз македонците во Република Албанија.

Напомнуваме, дека досегашното нереагирање од страна на државните институции за заштита на сопствените државиани, доведе до крајно дрски и насилнички атаци врз Македонците во Република Албанија.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви честита среќен 26 Септември денот на европските јазици

Македонско друштво “Илинден“-Тирана по повод одбележувањето на 26 Септември денот на европските јазици упатува искрена честитка. Честитајќи ви го денешниот празник, сакаме да го истакнеме значењето на образованието на мајчиниот јазик, бидејќи тоа е најважниот сегмент во негувањето на основните обележја на еден народ. Знаењето и негувањето на мајчиниот јазик за децата значи и јакнење и зачувување на националниот и културен идентитет.  Важноста на јазичната разновидност и повеќејазичноста е нагласена на европскиот ден на јазиците, кој секоја година се слави со разни настани на 26 септември, со иницијатива на Советот на Европа од 2002 година. Советот на Европа, со 800 милиони Европејци претставени од 47 земји, ги повикува сите Европејци да научат повеќе јазици на која било возраст, во училиште или надвор од училиште. Јазичната разновидност е алатка за стекнување поголемо меѓукултурно разбирање и важен дел од богатото наследство на европскиот континент, ја охрабрува повеќејазичноста низ цела Европа.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Претседател Никола Ѓурѓај