vestimk

Македонско друштво “Илинден”-Тирана го поздравува Резолуцијата за заштита на малцинствата

Македонско друштво “Илинден”-Тирана го поздравува усвојувањето на Резолуцијата од страна на Комитет на министри при Советот на Европа за спроведувањето на Рамковната конвенција за заштитата на националните малциства, во која Република Албанија прифаќа да овозможи школување на припадниците на македонско национално малциство на свој мајчин јазик во цела територија на Република Албанија. За Македонското национално малциство во Албанија, како што наведуваат во соопштеноето, ова е голем чекор и дава надеж дека Владата на Република Албанија и премиерот Еди Рама, ќе дозволи да се учи македонскиот јазик на цела територија на Република Албанија.

 

www.ilinden-tirana.com

Среќен 8 ми Март

Македонско друштво “Илинден” – Тирана ви посакуваме среќен 8 ми Март со желба за многу лични успеси!

Shoqata Maqedonase “Ilinden” – Tiranë ju uron gëzuar 8 Marsin me dëshirën e shumë sukseseve personale!

Macedonian Association “Ilinden” – Tirana wish you a happy 8 March with the desire of many personal successes!


www.ilinden-tirana.com

Македонскиот јазик ќе се изучува низ цела Албанија

Kомитетот на министрите на Советот на Европа усвои резолуција за спроведување на Рамковната конвенција за заштитата на националните малцинства од страна на Албанија, во која Албанија прифаќа да овозможи школување на припадниците на македонското национално малцинство на свој мајчин јазик, на целата територија на Албанија. Во резолуцијата се вели дека општо земено во Албанија преовладува клима на почитување и толеранција меѓу националните малцинства и мнозинството. Делот што се однесува на изучувањето на мајчиниот јазик на малцинствата е донесен по едногодишна дипломатска активност, контакти, состаноци, разговори и преговори меѓу постојаната мисија на Република Македонија при Советот на Европа во Стразбур, Секретаријатот на Советот на Европа и заинтересираните земји-членки. Оваа одредба на која се обврзува Албанија значи дека припадниците на македонското национално малцинство ќе можат да побараат настава на македонски јазик не само во зоните на Албанија каде што живее мнозинството од нив, туку и во другите делови на земјата. Ова е сериозно постигнување за Република Македонија и македонското национално малцинство, туку и за Република Албанија, која со прифаќањето и претстојната имплементација на оваа одлука, ќе се стави во редот на европските земји што прифатиле повисоки стандарди – потврди амбасадорот на Република Македонија во Стразбур, Петар Поп-Арсов.

 

www.ilinden-tirana.com

Соопштение: Македонско друштво “Илинден”-Тирана

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана ја подржува иницијативата за продолжување на мандатот на Претседател на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов. Со голема почит и благодарност на досегашна работа и неговите заложби со преставниците на македонското национално малцинство во Република Албанија. Претседателот Иванов во неговиот мандат не посети и ни посвети доволно внимание и време за заложба за зачувување на македонскиот идентитет, јазик и култура. Претседателот Иванов никогаш не се колебал да ги брани нашите интереси, интересите на нашинците каде и да се и секогаш повикувал на единство за поуспешно делување и зачување на индетитето. Претседател на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов со голема подршка која ни ја даде, ни дава право, но и обврска, ние Македонците православни и Македонците муслимани во Република Албанија да ја подржиме  иницијатива за втор мандат за преседател на Република Македонија.

 


www.ilinden-tirana.com


Меѓународен ден на мајчиниот јазик

На 21 февруари е прогласен за Меѓународен ден на мајчиниот јазик од страна на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО) на 17 ноември 1999 година на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година.



Më 21 shkurt u shpall Dita Ndërkombëtare Gjuha e Nënës nga Organizata e Kombeve të Bashkuara (UNESCO) në 17 nëntor 1999 në sesionin e 30-të të Konferencës së Përgjithshme në vitin 1999


www.ilinden-tirana.com

Соопштение: Македонско друштво “Илинден”-Тирана

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана го поздравува говорот на министерката за Образование и Спорт г-ѓа Линдита Никола одржа денеска во Собранието на Република Албанија. Министерката вети дека во новата учебна година припадниците на македонското малцинство ке ги имат сите учебници на мајчин јазик. Македонско друштво “Илинден”-Тирана смета дека во новата учебна година ќе биде исполнет со сите учебници од странта на министерството за Образование и Спорт за македонското малцинство во Албанија.



www.ilinden-tirana.com

Поп Станко Илиа Која

Роден е на 1896 година во Ѓиновец, областа Голо Брдо. По завршувањето на училиштето, тој служел 3 години како поп во Шпат Елбасан. После враќањето од Елбасан во Голо Брдо служел како поп додека живел. За време кога служеше како поп во родното место Ѓиновес, Голо Брдо добил закани за убиство од лица не православни. Еден ден вторник, тргна од Ѓиновец за Врница да крштева дете, по пат 3 лица во заседа го убиеа. Атентаторите, исто така имале други преседани. Причината за овој грозен криминал чин беше дека Поп Станко Која  го ширеше  православната религија во областа Голо Брдо. Тој почина во 1944 година оставајќи ја неговата сопруга и две деца сираци. Двајца од убијците биле егзекутирани од страна на државата во Пешкопеја, еден од нив од страв од одмазда се мрда и умре во психијатрија. Тогаш пожар што ја зафати селото изгорени се, но црквата на Св. Никола, каде работел Поп Станко Која, за среќа преживеал. Но по попосле некое непознати лица го запалиле  црквата после падот на режимот на Енвер Хоџа, црквата Св.Никола се обнови повторно.

Црква Св.Никола село Ѓиновец Голо Брдо

Црква Св.Никола село Ѓиновец Голо Брдо изградена 1911 година

 

Никола Ѓурѓај

 


www.ilinden-tirana.com

Петгодишнината на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана

Претседателот на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана г-дин Никола Ѓурѓај по повод петгодишнината на друштвото додели Благодарница “Илинден”. Mу се додели на г-дин Незир Меча потпретседател на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана, на г-дин Павли Никола овтор на неколку книги, стати за македонското национално малциство во Република Албанија, и на г-дин Ули Халилај Претседател на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо. Благодарниците се доделени  за особен придонес за Македонското Национално Малциство во Република Алабнија и афирмација на Mакедонското друштво “Илинден“-Тирана. Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана од нејзиното формирање на 06.02.2009 година има работено за заштитата на етничкиот, јазичниот, културниот и национални традиции на македонското национално малцинство во Република Албанија, како и зајакнување на одличните односи меѓу Републик Македонија и Република Албанија.


 

Благодарница “Илинден” г-дин Незир Меча



Благодарница “Илинден” г-дин Павли Никола


Благодарница “Илинден” г-дин Ули Халилај


www.ilinden-tirana.com

Македонски голобордски фолклор

Со многу внимание и голем интерес за зачување и пренесување на македонскиот фолклор и традиција од областа Голо Брдо, авторите Цветан Зафир Мазнику, Вита Блаже Која, Митре Стојан Шутку издадоа шести том Народни песни 2

Куса биографија на авторите:

Цветан Зафир Мазнику, роден на 1938 година во село Клење, Голо Брдо. Основно образование завршил во родното село, гимназија завршил во Драч. Во 1957 година почна да студира за рударство во Лениград, Руска Федерација.

Вита Блаже Која, родена на 1957 година во село Ѓиновец, Голо Брдо. Основно образование завршила во родното село, а гимназија завршила во Тирана. Во 1980 година го завршила Економски факултет, додека од  1984 година работи како професор на Економскиот факултет во Тирана. Специјализирала на неколку универзитети во Македонија, Италија, Франција.

Митре Стојан Шутку, роден на 1948 година во село Ѓиновец, Голо Брдо. Основно образование има завршено во родното село, а гимназија и факултет во Тирана. Во текот на 20 години  работел како учител по селата во Голо Брдо, а 10 години како професор во Тирана.

Авторите имаат значаен придонес за зачувување на македонскиот фолклор од областа Голо Брдо. Овие книги ќе помогнат многу за пренесување на македонските обичаи, фолклор, традиција за помладите генерации на Македонците во Република Албанија.

 

www.ilinden-tirana.com