vestimk

Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Голо Брдо“ за првпат изработена во Албанија и посветена на областа Голо Брдо

Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Голо Брдо“ за првпат изработена во Република Албанија и посветена на областа Голо Брдо, содржи 15 фотографии од селата во овој крај значаен придонес во зачувувањето и промоцијата на македонското културно наследство, која е авторско дело на Никола Ѓурѓај, инаку претседател на македонското друштво “Илинден“-Тирана и уредник на Македонски весник “Илинден”.

Ова издание е отпечатено со финансиска поддршка на семејство Ѓурѓај.

Разгледницата ќе биде дистрибуирана низ цела Република Албанија, претставувајќи значаен придонес во зачувувањето и промоцијата на македонското културно наследство на македонците во Република Албанија.

Честитка по повод Божик упати Македонско друштво “Илинден“-Тирана до поглаварот на Албанска православна црква и до сите верници

По повод Христовото раѓање – Божик, македонското друштво “Илинден“-Тирана упати честитка до поглаварот на Албанска православна црква неговото блаженство г.г.Јоан, архиепископ на Тирана, Драч и цела Албанија и до сите верници кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар.

Дозволете ми во мое лично име, од името на друштвото и на сите Македонците во Република Албанија, Вам лично и членовите на светиот архиерејски Синод, на преподобното монаштво и свештенство како и на сите православни верници, да Ви го честитам големиот христијански празник, Раѓањето Христово – Божик, и да ви посакам здравје, среќа, благосостојба, се вели во честитката потпишана од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај. 

Во неа се наведува дека Божик е празник кој секој христијанин го дочекува во кругот на семејството радувајќи се и славејќи го животот. И оваа година, се додава,  Божик нека биде инспирација сплотени со отворени срца и чиста мисла да помислиме на сите оние на кои им е потребна материјална и духовна поткрепа и безрезервно да им ја понудиме нашата помош. 

Токму во духот на христијанството, дозволете уште еднаш да посакам во срцата на сите верници да се всели мирот и спокојството, радоста и разбирањето и да продолжиме да даруваме безусловна љубов и почит кон ближните. Христос се роди, навистина се роди, стои во честитката на македонското друштво “Илинден“-Тирана. 

Македонско друштво “Илинден“-Тирана со повик до Македонците во Албанија да се самоизјаснат за Македонци

Драги сограѓани Македонци во Република Албанија,

Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви се обраќа со овој отворен и искрен повик, во момент од особено значење за афирмацијата на нашиот идентитет, достоинство и права како автохтона македонска заедница во Албанија.

Врз основа на Законот бр. 96/2017 „За заштита на националните малцинства во Република Албанија“ и Одлуката на Советот на министри „За утврдување на критериумите, документацијата и постапките за собирање на податоци за идентификација на лицата кои припаѓаат на националните малцинства“, секој граѓанин има неотуѓиво право слободно да се самоидентификува, без притисок и без страв, како припадник на официјално признаено национално малцинство.

Овој процес претставува значаен чекор кон:

  • зачувување и зајакнување на македонскиот национален, јазичен и културен идентитет;
  • унапредување на институционалната застапеност на македонската заедница;
  • креирање на поправедни државни политики, прилагодени на реалните потреби на националните малцинства;
  • гарантирање поддршка и одржлив развој на нашата заедница.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана упатува повик до сите Македонци во Република Албанија без двоумење да се самоизјаснат, со пополнување на соодветните формулари за самоидентификација и нивно доставување по пошта до Комисијата формирана при Министерството за внатрешни работи, согласно утврдените постапки.

Сакаме јасно да нагласиме дека:

  • процесот се темели на принципот на слободно самоидентификување;
  • личните податоци се заштитени во целосна согласност со законодавството за заштита на приватноста;
  • не постои никаков ризик ниту негативна последица за граѓаните кои ја изјавуваат својата национална припадност.

Самоизјаснувањето не е само законско право, туку и чин на граѓанска и национална одговорност, кој го зајакнува нашиот колективен глас и ја обезбедува иднината на идните генерации.

Заедно, со храброст, свест и доверба, да придонесеме во изградбата на пофер, поинклузивно и подемократско општество, во кое македонскиот идентитет во Република Албанија се почитува, признава и поддржува.

Излезе од печат првата разгледница со народни носии на Македонците од Албанија

Излезе од печат првата разгледница „Народни носии на македонското национално малцинство во Република Албанија“,има 12 фотографии од традиционалните македонски носии од Голо Брдо, Преспа, Гора, Врбник – Билишта, селата Крчишта и Ербеле – Поле – Маќелара, која е авторско дело на Никола Ѓурѓај, инаку претседател на македонското друштво “Илинден“-Тирана и уредник на Македонски весник “Илинден”.

Ова издание е отпечатено со финансиска поддршка на семејство Ѓурѓај

Разгледницата со народни носии на македонско малцинство во Република Албанија, ќе се дели низ Република Албанија и претставува значаен придонес за зачувување на македонското културно наследство на македонците во Република Албанија.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана му посакува успешна кариера на Клодиан Брахо нов раководител на СПАК и очекува со приоритет да го истражи незаконското издавање на уверенија за бугарско потекло од албанските локални институции

Македонско друштво “Илинден“-Тирана му посакува на г-дин Клодиан Брахо, кој  беше избран за нов раководител на Специјалната структура против корупција и организиран криминал (СПАК).

Македонско друштво “Илинден“-Тирана очекува СПАК со приоритет да го истражи незаконското издавање на уверенија за бугарско потекло од албанските локални институции, како и влијанието што групите посредници за бугарски пасоши го извршија врз процесот на пописот во 2023 година на целата територија на Република Албанија.

Овие групи ја злоупотребија својата моќ и врски за да постават свои попишувачи, при што вршеа притисоци, закани и поткуп врз албанските граѓани со цел да ги принудат да се изјаснат како Бугари и да ги манипулираат податоците од пописот.

Дополнително, бараме истрага за незаконските активности на фондациите од Бугарија, кои делуваат со цел асимилација на автохтоната македонска заедница во Република Албанија, загрозувајќи го нејзиниот идентитет, култура и права.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана честита за достигнувања на СПАК во текот на последните три години под водство на г-дин Алтин Думани, надевајќи се дека понатамошната работа на г-дин Клодиан Брахо ќе биде успешна и во служба на транспарентноста и правдата.

 

Честитка од Македонско друштво “Илинден“-Тирана по повод празникот Свети Климент Охридски 

По повод големиот христјански празник Свети Климент Охридски, македонското друштво “Илинден“-Тирана, упати честитка до Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустиниана Прима, г.г Стефан и до сите Македонци каде и да се.

Од мое лично име, во име на друштвото и на сите Македонци во Албанија упатуваме честитки по повод денешниот голем христијански празник, денот на Свети Климент Охридски чудотворец – учителот и просветителот кој е доказ дека љубовта се мери според жртвата.

Честитајќи им го празникот на г.г. Стефан, на членовите на Светиот архијерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, и на сите верници посакуваме денот посветен на патронот на МПЦ-ОА да го поминат во добро здравје, стои меѓу другото во честитката, потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај.

Се додава дека огромна е почитта кон Свети Климент Охридски, кој остави не само големо духовно и просветителско наследство, туку и со личен пример на дело покажа што значи милост, трудољубивост, трпение и солидарност.

Излезе од печат 70 издание на македонскиот весник „Илинден“

Ја споделувам радоста што ете доживеавме да го испечатиме јубилејното 70.издание на весникот, кој и понатаму буди голем интерес кај македонската читателска публика во Република Албанија, во татковината Македонија како и меѓу македонската дијаспора во светот. Се надевам дека ќе продолжиме со несмален интензитет да информираме со истата сериозност и пристап во објавувањето на темите, а се од интересен за македонското национално малцинство во Република Албанија, но и за промоција на активностите на македонската дипломатија во правец на подобрување на животот на македонското население надвор од границите на својата матична држава, изјави Никола Ѓурѓај, главен и одговорен уредник на весникот.

Во ова издание, покрај другото објавени се написите:

  1. Македонско друштво “Илинден“-Тирана ќе биде домаќин на следниот семинар на работната група на словенските малцинства во Европа при Федералната унија на европските националности
  2. Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај му ја врачи наградата “Илинден” на Лорант Винце, претседател на ФУЕН
  3. Генералното собрание на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), на 69-от Конгрес едногласно усвои Резолуција поднесена од Македонско друштво „Илинден“- Тирана
  4. Македонско друштво “Илинден“-Тирана со свој штанд на Конгресот на ФУЕН во Болзано, Италија
  5. Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во рамките на ФУЕН конгресот  учестуваше на состанок на Работна група на словенски малцинства
  6. Македонско друштво “Илинден”-Тирана му честишаше на ВМРО-ДПМНЕ за големата победа на локалните избори
  7. Честитка од Македонското друштво “Илинден”-Тирана по повод 22-ри Ноември – Денот на Албанската азбука
  8. Претседателот на Македонското друштво “Илинден”-Тирана, Ѓурѓај на средбата со Никчевски, директор на Националната и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски – Скопје
  9. Почина Славица Гаџова Свидерска, професорка по македонски јазик на Лекторатот по македонски јазик на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана (1984-2025)
  10. Телеграма од Македонско друштво “Илинден”-Тирана со сочуство до семејството на Славица Гаџова Свидерска
  11. Македонско друштво “Илинден”-Тирана доби верски календари од Македонската православна црква – Охридска Архиепископија за Македонците во Албанија
  12. Македонска алијанса за европска интеграција: Нема да замолчиме пред бугарските манипулации
  13. Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа
  14. Ѓурѓај: Извештајот на ФУЕН e десетгодишен труд на македонско друштво “Илинден“-Тирана
  15. За девет месеци на граничниот премин Џепиште – Требиште областа Голо Брдо минале 36.938 патници или 9 отсто повеќе споредено со лани
  16. Авантуристички парк во Студено областа Голо Брдо нов чекор за туристичко оживување на областа Голо Брдо
  17. Почна со работа Специјалната собраниска комисија “За административно-територијална реформа“

На први март 2011 година како двоброј (март/април) беше испечатен првиот број на весникот, од мај 2017 година весникот е и со електронско издание www.vesnik-ilinden.coм

Во септември истата година, е стандардизиран според меѓународните норми за печатени и електронски периодични списанија со ISSN 2522-6282 (online) и ISSN 2522-4514 (print) и дел од двата најголеми читачи на вести и клиентска датотека во Македонија: time.mk, grid.mk, daily.mk и vesti.mk

Македонски весник “Илинден” е член на платформата Алијанса за етички медиуми (АЕМ) каде членуваат 29 печатени и аудиовизуелни медиуми во Република Албанија

 

Резолуцијата поднесена од Македонско друштво “Илинден“-Тирана, усвоена од ФУЕН, доставена до албанските и меѓународните институции  

Резолуцијата усвоена од Федералната унија на европските националности а поднесена од Македонско друштво “Илинден“-Тирана, доставена е до сите албански и меѓународни институции, а заради запознавање и до македонските.

Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото очекува албанските институции да преземат соодветни активности а посебно внимание да посветат и меѓународните институции.

Со Резолуција, од име на Македонско друштвото “Илинден“ -Тирана и македонско национално малцинство во Република Албанија, ФУЕН ја повикува Република Албанија, Комитетот за малцинства, кој е владин орган, да се трансформира во министерство за национални малцинства. Исто така ја повикува албанската влада да ја ратификува европската карта за регионалните малцински јазици.

Резолуцијата едногласно беше усвоена на Генералното собрание на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), на 69-конгрес во Болзано, Јужен Тирол, Италија, на кој учествува претставници од 105 организации-членки од 36 земји во Европа.

Честитка од Македонско друштво “Илинден“ за 29 ноември денот на ослободувањето од наци-фашистичката окупација

Честитки по повод 29 ноември денот на ослободувањето од наци-фашистичката окупација на Република  Албанија упати македонското друштво “Илинден”-Тирана.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Ви ги честита 29 ноември 1944 – денот на ослободување од наци-фашистичката окупација. Честито празници.

Честитка од Македонско друштво “Илинден“ за 28 ноември 1912 денот на Независноста на Албанија

Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Ви ги честита 28 ноември 1912 Денот на независноста на Република Албанија. Честито празници, стои во честитката на друштвото потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.