vestimk

Честитка по повод Стара нова година и Св.Василиј – Василица од Македонското друштво „Илинден“-Тирана

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо ви честита Старана нова година 2019 и Св.Василиј – Василица со желба за многу лични успеси и бериќетна година!

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана 
Претседател Никола Ѓурѓај

 

Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо
Претседател Ули Халилај

 

Kатастрофална состојба од снегот во областа Голо Брдо и Гора

 

 

Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден“-Огранок Голо Брдо го повикува Владата, Општина Либражд, Општина Булќиза и Општина Кукс итно да преземат сите неопходни мерки за да се подобри тешката ситуацијата во областа Голо Брдо и областа Гора. Врнежите од снег во изминатите денови создаде тешка ситуација во областа Голо Брдо и Гора. Како резултат на големи врнежи од снег и ниски температури сите патишта што го поврзуваат областа Голо Брдо и областа Гора се целосно блокирани. Сите села се изолирани и нема доволно резерви на лекови во здраствените амбуланти. Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден“-Огранок Голо Брдо бара од Владта и од општините да преземат итни мерки за да се подобри ситуацијата.

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана 
Претседател Никола Ѓурѓај

 

Македонско друштво “Илинден“-Огранок Голо Брдо 
Претседател Или Халилај

Честитка по повод Божик од Македонското друштво „Илинден“-Тирана

 

 

Македонско друштво „Илинден“-Тирана, од името на сите Македонци во Албанија, по повод Христовото раѓање – Божик, упати честитка до Поглаварот на МПЦ-ОА, неговото блаженство архипископ Охридски и Македонски Г.г. Стефан и до сите православни верници.

Дозволете ми од мое лично име, од името на друштвото и на сите Македонци кои живат во Албанија, Вам лично, на членовите на светиот архиерејски Синод, на преподобното монаштво и свештенство како и на сите православни верници, да Ви го честитам големиот христијански празник, Раѓањето Христово – Божик, и да ви посакам здравје и среќа, стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај. Во неа се наведува дека Божик е празник кој секој христијанин го дочекува во кругот на семејството радувајќи се и славејќи го животот.

И оваа година Божик нека биде инспирација сплотени со отворени срца и чиста мисла да помислиме на сите оние на кои им е потребна материјална и духовна поткрепа и безрезервно да им ја понудиме нашата помош. Токму во духот на христијанството, дозволете уште еднаш да посакаме во срцата на сите верници да се всели мирот и спокојството, радоста и разбирањето и да продолжиме да даруваме безусловна љубов и почит кон ближните. Христос се роди! Навистина се роди!

Македонско друштво “Илинден”-Тирана упати честитка за Нова Година 2019

 

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо ви честита Божик и Нова Година 2019 година, со желба за многу лични успеси и бериќетна година!

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана 
Претседател Никола Ѓурѓај

 

Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо
Претседател Ули Халилај

Македонски весник “Илинден” стана дел од нај големата платформа за вести грид.мк

 

 

Македонски весник “Илинден” стана дел од нај големта платформата за вести грид.мк . Сега Македонски весникот “Илинден” ќе биде уште по блиску до читателите. На тој начин, Македонски весник “Илинден” стана прв весник на Македонци од Балканот што е дел од прекрасната платформа за вести. Никола Ѓурѓај, главен и одговорен уредник и познат публицист му се заблагодарува на тимот на грид.мк Првиот број на Македонски весникот „Илинден“ беше објавен на 8 февруари 2013 година, како двоброј за март и април и во изминатите години предизвика голем интерес кај читателската публика во Република Албанија, татковината Македонија и кај сите Македонци во сосеството и диаспора. Весникот пренесува и информации и за матичната земја Македонија. Сега, можноста е многу поголема, се она што објавува весникот се активностите на Македонците во Албанија, негувањето на традициите и обичаите, објвавени книги, монографии и публикации на Македонците, да прочитаат и да се запознаат сите Македонци каде и да се. Весникот е на македонското друштво „Илинден“-Тирана, чии основни заложби, се заштитата и афирмацијата на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет, континуитет и наследство на Македонците во Република Албанија.

10 декември Меѓународниот ден на човековите права

 

Универзалната декларација за човекови права е акт усвоен од Генералното собрание на ОН на 10 декември 1948 година, во Париз. Денес, нејзиното историско значење претставува инспирација за одбележувањето на човековите права ширум светот. Декларацијата е создадена во периодот после Втората светска војна  и означува прво глобално изразување на основни права на сите човечки суштества. Декларацијата се состои од 30 члена кои се вклучени во подоцнежни меѓународни договори, регионални инструменти за човекови права, национални устави и закони, а во неа се вградени Универзалната декларација за човекови права, Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права и Меѓународниот пакт за граѓански и политички права и неговите два Факултативни протоколи. Во 1966 година, се донесени два детални пакта од Генералното собрание кои ја комплетираат Меѓународната повелба за човекови права за во 1976 година со што Повелбата постанува меѓународен закон, а донесувањето на Декларацијата се воспоставува како ден со кој ќе се одбележуваат човековите права на глобално ниво затоа што како што промулгира Декларацијата: „Сите луѓе се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права“. Овој ден е добра пригодa ние бранителите на човековите права да ги потсетиме сите чинители на општеството дека човековите права и слободи се составен дел на моралната свест на луѓето со што  јасно е дефинирано како треба луѓето да се однесуваат едни кон други и дека истото го очекуваат од државата. Toa значи дека државата е таа која треба да ги овозможи сите предуслови граѓаните да се чуствуваат рамноправни. Во Албанија со децении, тие биле брутално прекршени од диктатури. По демократските промени во раните 1990-ти, Албанија ја ратификуваше конвенцијата за човекови права од 1996 година. Албанија треба да се обрне вниманието на правата на Македонците во Република Албанија.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви Честитат Св.Климент Охридски

Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо ви честитат Св.Климент Охридски. Св.Климент Охридски се упокоил мирно во Охрид, на 8 август 916 година. Неговите мошти се чуваат во охридската црква Св. Климент во Охрид, Македонија.

 

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана најостро ја осудуваат изјавата на Кристо Гоци

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тиран Огранок Голо Брдо најостро ја осудуваат изјавата на Кристо Гоци потпретседател во државниот комитет за малциства на Албанија, кој на својот профил на ФБ напиша република северна македонија и министерство за образование на северна макеоднија, Македонско национално малциство во Република Албанија е признато како Македонско малциство со свој мајчин јазик Македонски и своја матична земја Република Македонија а не како што тој го нарекува. Македонско друштво “Илинден”-Тирана смета дека изјавата на ФБ на Кристо Гоци, потпретседател во државниот комитет за малциства на Албанија, е крајно недолична и неодговорна, и претставува груба навреда на достоинството на Македонското национално малциство во Република Албанија. Поради недоличната изјава на Кристо Гоци бараме тој безусловно да се извини до македонско национално малциство во албанија.

Македонско друштво ”Илинден”-Тирана остро ги осудува анти македонски повици во Буларат

 

 

Една група на луѓе дојдени од Грција искористие смртната церемонија од државјанинот Костандин Кацифа, префрлајќиа неа во еден тензичен случај каде се изрази на омраза против македонскиот народ и албанскиот народ преку националистички пароли, лсенофобиата и екстррмизамот што става насилство и делење, касниви дела. Такви повикувања му припаѓаат на далечното минато немаат ништо заедничко со добрите соседски добри односи, како и со европјанските стандарти. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”- Тирана Огранок Голо Брдо ќе продолжи и во иднина да дава модестен контрибут за зајакнување на пријателската врска меѓу македонскиот народ и грчкиот против секоја форма на ксенофобиа и екстремизам што го труе здравата атмосфера за понатамошно интегрирање на Албанија во Европската Униа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”- Тирана Огранок Голо Брдо пренесуваат сочуство на блиските на фамилијата Кацифа.

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана средба со македонскиот новинар Саша Узунов

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана,и главен и одговорен уредник на Македонски весник “Илинден” г-дин Никола Ѓурѓај на 27.10.2018 година во Скопје, Република Македонија, оствари средба со г-дин д-р Саша Узунов македонскито новинар и независен режисер и фоторепортер во слободен весник во Австралија и активист на Македонците во Австралија. На средбата претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, го информира г-дин Саша Узунов за активностите на Друштвото и Македонски весник “Илинден”. На средбата се нагласи потребата за повеќе соработка меѓу Македонските малцинства на Балканот и Македонскота дијаспора ширум светот. Г-дин Саша Узунов долги години е во контакт со Македонците во соседните држави, има многу репортажи и вести пишано за Македонците во соседните држави но се прават напори тие контакт во иднина да се зајакнат со почести средби.