Среќна Стара нова година и Св.Василиј – Василица
Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо ви честита Старана нова година2022 и Св.Василиј – Василица со желба за многу лични успеси и бериќетна година!
Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо ви честита Старана нова година2022 и Св.Василиј – Василица со желба за многу лични успеси и бериќетна година!
По повод Христовото раѓање – Божик, македонското друштво “Илинден”-Тирана упати честитка до поглаварот на МПЦ-ОА, неговото блаженство архиепископ охридски и македонски г.г.Стефан. Дозволете ми во мое лично име, од името на друштвото и на сите Македонците во Република Албанија, Вам лично и членовите на светиот архиерејски Синод, на преподобното монаштво и свештенство како и на сите православни верници, да Ви го честитам големиот христијански празник, Раѓањето Христово – Божик, и да ви посакам здравје и среќа, се вели во честитката од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај. Во неа се наведува дека Божик е празник кој секој христијанин го дочекува во кругот на семејството радувајќи се и славејќи го животот. Посакуваме, се додава понатаму, и оваа година Божик нека биде инспирација сплотени со отворени срца и чиста мисла да помислиме на сите оние на кои им е потребна материјална и духовна поткрепа и безрезервно да им ја понудиме нашата помош. Токму во духот на христијанството, дозволете уште еднаш да посакам во срцата на сите верници да се всели мирот и спокојството, радоста и разбирањето и да продолжиме да даруваме безусловна љубов и почит кон ближните. Христос се роди.
Од името на Македонците во Албанија и на членовите на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, го изразуваме неверувањето во измамите изнесени во соопштението на Бугарската амбасада која денес, на 6. 01. 2022 година објави недолична лага и една од многуте провокации. Со неколку фотографии и текст во кој ништо точно не пишува, објавена е најдрската досега бугарска измама. Имено, во денешното соопштение објавено на интернет страната на Бугарската амбасада се тврди, дека децата од областа Корча го прославиле „Божик на бугарски“ и дека Амбасадата на сите деца од градинка до 12 одделение во општина Пустец им поделија божикни и новогодишни подароци.
На ваквата изјава реагираат жителите од посочените области, како и единствената македонска политичка партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).Во своето соопштение МАЕИ најостро ги осуди најновите провокации и лаги на Бугарската амбасада во Тирана и ја информира целата јавност дека денеска во општина Пустец немаше никакво празнување на „Божик на бугарски“. Во продолжение пренесуваме дел од рекцијата на МАЕИ на бугарските лаги во врска со денешниот ден.
„Денес Македонците во Пустец и во другите делови на Албанија го празнуваат на традиционален македонски начин Бадник, а утре и Божик, со обичаи наследени со векови од нашите претци Македонци. Како што информираа и од заедничкото основно и средно училиште „Митре Колефски и Трајан Ѓорѓиофски” во Пустец денеска никој не донирал пакетчиња за децата и дека единствено на 23 декември 2021 година новогодишни пакетчиња додели општина Пустец и на децата и на наставниот кадар во училиштата им е соопштено дека овие подароци ги доделува општина Пустец.
Бугарската амбасада во Тирана во соопштението не го споменува името на заедничкото основно и средно училиште “Митре Колефски и Трајан Ѓорѓиофски” во Пустец затоа што знае дека херојот Трајан Ѓорѓиофски од Пустец, по кого денес го носи името училиште во Пустец, во 1942 година се приклучува на македонските партизани и загинува во 1944 година за слободата на Македонија во борба против бугарскиот фашистички окупатор на Македонија. Во училиштата во општина Пустец, 77 години непрекинато се изучува мајчиниот Македонски јазик!
Во врска со соопштението на бугарската амбасада дека и во областа на Гора, општина Кукс, бугарската амбасада обезбеди и додели новогодиши подароци за сите деца и дека децата го празнуваа „Божик на бугарски“ го сметаме за неумесна провокација.
Во девет села во областа Гора живеат Македонци со исламска вероисповед. И на последниот попис во 2011 година во областа Гора се изјаснати за Македонци, ниту еден не е изјаснат за Бугарин. Така да доделување на пакетчиња за децата во училиштата во Гора и измислување дека го слават „Божик на бугарски“ е само уште една примитивна перверзија и играње со верските чувства на Македонците со исламска вероисповед. Впрочем, ова не е ништо ново кога се работи за Бугарија. Познати се обидите на Бугарија во времето на Тодор Живков за асимилација на бугарските граѓани со исламска вероисповед со присилно преиминување на муслиманските имиња.
Македонците во областите Гора и Голо Брдо очекуваат официјално извинување од страна на Бугарија за злосторствата извршени за време на окупацијата на областите Гора и Голо Брдо од страна на Бугарија во Првата светска војна, злосторства кои се врежани во меморијата на Македонците. Ги осудуваме овие примитивни бугарски трикови од страна на Бугарија, која на секој начин сака да ја искористи сиромаштијата во областите каде живеат Македонците во Албанија, во намерата да ги прикажат како бугарска заедница.
Во областите Преспа, Голо Брдо, Гора, Полето и Врбник, каде што Бугарија „бара“ бугарско малцинство, има самоопределени и самоидентификувани Македонци кои го имаат истиот фолклор, традиција и јазик како и Македонскиот народ во целина, во сите држави на Балканот, живеат во компактни области на границата со Македонија и имаат територијален континуитет со државата Македонија, немаат никаква врска со Бугарија!
Во пресрет на престојниот попис на населението кое треба да се спроведе во октомври 2022 година, очекуваме да се засилат напорите на бугарските власти за асимилација на Македонската заедница во Албанија. Апелираме до Албанската Влада и надлежните министерства и органи, но и до меѓународната заедница во Албанија, да реагираат на овие активности на бугарската амбасада и на официјална Софија, заради прекршување на принципите на Виенската конвенција за дипломатските односи и грубо мешање во внатрешните работи на Република Албанија. Обврска е на институциите на власта, да ги заштитат своите сограѓани Македонците, од бугарската агресија, која со политики и практики против добрососедството, врши грубо мешање во внатрешните работи на Република Албанија!“
Почитувани Македонци и Македонки во Албанија и насекаде во светот, македонско друштво “Илинден“-Тирана упатуваме искрени честитки по повод Свети Наум Охридски, исцелител и просветител на македонскиот народ да го почитуваме и славиме овој голем ден
Македонски весник “Илинден” на сите свои читатели им посакува среќна Нова 2022 година, исполнета со спокој, слога, радости и добро здравје. Во Новата година, никој да не ви застане на патот и сите соништа да ви се остварат. Нека ви е среќна, весела и бериќетна 2022 година!
Бугарската амбасада во Тирана во континуитет реализира антимакедонска кампања во Албанија, но очигледно е дека поради последните тензии на Македонија и Бугарија поради блокадите на Софија за спречување на почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ, кампањата се зголемува и добива во интентензитет.
Оваа за Радио Слободна Европа го изјави политичкиот аналитичар Никола Ѓурѓај кој е главен уредник на македонскиот весник „Илинден“ кој излегува во Тирана. Тој нагласува дека Софија постојано работи Македонците во Албанија да ги прикаже како Бугари.
Последните активности на Бугарската амбасада во областа Голо Брдо со делење на новогодишни пактетчиња на ученици од страна на конзулот на Бугарија, се само продолжение на антимакедонските активности на Бугарија, вели Ѓурѓај. Ставот на Македонците во Голо Брдо и во цела Албанија е дека ваквите анктивности се недозволени.
„Македонците во Албанија секогаш биле Македонци а не Бугари“, истакнува Ѓурѓај потенцирајки дека на притисоците на Софија треба да се стави крај.
Главниот уредник на македонскиот весник „Илинден“ кој излегува во Тирана, Никола Ѓурѓај, за РСЕ ја изнесува оценката дека зголемувањето на притисоците и антимакедонската капамња деновиве во Албанија од страна Бугарската амбасада во области каде шти живеат Македонци, има за цел пред Европската унија да прикаже дека Македонци не постојат ниту во Албанија.
„Но, Софија мора да знае дека Македонците во Албанија се само Македонци а не Бугари, бидејки Бугари во Албанија никогаш не постоеле“ вели Ѓурѓај.
Македонската партија МАЕИ, македонските здруженија но и сите Македонци во Албанија никогаш нема да прифатат да бидат Бугари, додава Ѓурѓај и подвлекува дека Македонија и Албанија заслужуваат да се во ЕУ./https://www.slobodnaevropa.mk/a/31631165.html/Кенан Мимидиноски
Црногорската заедница во Албанија денеска одржа тркалезна маса со тема „Култот на Свети Јован Владимир од Дукла како симбол на мирот, братството и толеранцијата меѓу народите на Балканот“ што се одржа во рамките на подготвителната фаза на проектот „Одбележување на денот на Св. Владимир од Дукла“ која ќе биде финализирана на 3-4 јуни 2022 година во соработка со Матица Црногорска и со финансиска поддршка на Дирекцијата за соработка со црногорската дијаспора и иселеници. На оваа тркалезна маса со свој претсавник беше присутно и Македонското друштво “Илинден“-Тирана. Тоа беше претставено од г-ѓа Елса Џелили, координатор за регионот Елбасан, преку која се запознавме со целите на проектот и неговото значење.

Секоја година на 3 – 4 јуни православните верници од Албанија, Македонија, и Македонци од Албанија се собираат за да ја прослават оваа прослава во манастирот со името на светецот Свети Јован Бладимир. Светиот великомаченик Јован Владимир, зетот на царот Самоил за ќерка му Косара се здобил со силен култ во западна Македонија. На иконите и фреските во нашите цркви е насликан како главата си ја држи во рацете. Во традицијата на југозападниот регион на Македонија во минатото бил развиен култот кон Светиот великомаченик кнезот Јован Владимир. Тој бил кнез на областите Зета и Далмација, во еден период влегол во судир со царот Самуил при што бил заробен.
Додека бил во затвор во него се вљубила ќерката на Самуил Теодора Косара по што тој бил оженет со неа и вратен на престолот. Но подоцна, починал царот Самуил на 6 октомври 1014 година, а царскиот престол го наследил син му Гаврил Радомир. Св. Јован Владимир бил убиен на 22. мај 1016 година во Преспа и погребан бил во манастирот пред кој загинал. Брзо се расчуло дека молитвите пред неговиот гроб можат да исцелуваат многу болести и тој култ бил толку распространет што набргу потоа бил признат за светец и маченик и прогласен за светец од Православната црква. Постојат многу легенди и култни приказни поврзани со неговото име.
Неговите мошти денес се чуваат во манастирот на Сввети Јован Владимир во Елбасан, во православната Соборна црква во Тирана, на Света Гора и во црквата Сввети Никола Болнички во Охрид. Албанската православна автокефална црква Сввети Јован Владимир го празнува на 4. јуни секоја година и православните верници од Албанија, Македонија и целиот регион се собираат на прослава во манастирот каде го чествуваат името на светецот.
Деновите пред новогодишните празници од страна на бугарските пропагандисти во Република Албанија, беа искористени за нов обид за барање на Бугари во селата во Голо Брдо. Имено, конзулот на бугарската Амбасада во Република Албанија делел новогодишни пакетчиња на учениците од школото “Елез Кочи“ во Мало Острени и на учениците во школото “10 покојници” во Требиштe, област Голо Брдо.
На ваквите активности од страна на Македонците во Голо Брдо е остро реагирано, а бројни реакции пристигнаа и до Македонско друштво “Илинден“-Тирана.
Во нив се вели дека подла и необјаснива е акцијата на Бугарската амбасада во Тирана, која делењето на новогодишни пакети на учениците од школото “Елез Кочи“ во Мало Острени и на учениците во школото “10 покојници” во Требиштe, во областа Голо Брдо претставува уште еден акт за пропагандни цели од страна на претставниците на бугарската амбасада. Според реакциите на жителите на селата Острени и Требиште, со ваквата активност насочена директно кон учениците на училишта во селата во Голо Брдо, се скрнави и историската вистина дека во мугрите на 4 март 1916 година, томку бугарските сили за време на бугарската окупација на Голо Брдо, ги заробиле Елез Кочи и Ќазим Дука од селото Големо Острени и после брутално мачеше живи ги закопале во близина на реката во село Верница, Голо Брдо. Кога се има предвид дека едно од училиштата каде Бугарската амбасада ги делела пакетчињата на Македончињата го носи името на Елез Кочи, крвнички убиен од бугарските крвници, јасна е пораката дека Бугарите сакаат да им порачаат на младите генерации Македонци од Голо Брдо дека тие треба да си ја заборават историјата и жртвите од бугарските ѕверства.
Ваквата постапка на Бугарската амбасада, според Македонците во Голо Брдо, е недозволива и не смее да се повтори.
Македонско друштво “Илинден“-Тирана и весникот “Илинден“, како репрезенти на Македонците од Албанија се солидаризираат со бројните реакции на македонското население во Голо Брдо. Воедно, сметаме за потребно на светската јавност да ѝ ја пренесеме пораката на Македонците од Голо Брдо во која јасно се отсликува македонското чувство на Македонците од Голо Брдо, од кои беше побарано да признае дека е бугарско. Македонците во Република Албанија говорат дека отсекогаш биле Македонци и никогаш нема да бидат Бугари!
Меѓутоа, ниту теа јасно декларирање на Македонците во Албанија, не ја запре крајно подлата намера на Бугарската амбасада да ја замајува светската јавност дек Македонците се Бугари, а со ефтина пропагандистичка акција да се обидува на македонските деца со новогодишни пакетчиња да се обиде да им ја избрише меморијата за крвничките Бугари кои ги убивале патриотите како Елез Кочи и Ќазим Дука.
https://www.youtube.com/watch?v=fHS5Bsmk6Ow&feature=youtu.be https://www.youtube.com/watch?v=y7kDDIZYKfY&feature=emb_title