Во Охрид се промовира книгата “The Macedonian Language Origin of Language Root of Words”
Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо Ули Халилај и неколку члена на друштвото учестува на 04.05.2016 година во Охрид на промоција на книгата на Светлана Симоновска нејзината книга која е воедно и прва книга од таков вид. Книгата е насловена “The Macedonian Language Origin of Language Root of Words” или во превод “Македонски Јазик Потекло на Јазикот, Корен на Зборовите”. Истата е испечатена на англиски јазик и доколку биде добро прифатена од пошироката читателска публика, во иднина ќе се појави и во македонско издание. Оваа книгакакошто веќе е наведено е прва во историјата од свој вид што значи исклучително оргинална и во неа можат да се сретнат досега необјавени податоци за македонскиот јазик писменост и целокупната македонска цивилизација како таква. За првпат авторката прави напор да објасни-со посредство пред се на македонскиот јазик многу зборови кои ги знаеме дека влечат корења од Којне латинскиот или еврејскиот јазик. Како за илустрација ќе ги посочиме следните зборови од областа на кулинарството за кои може да се прочита: Баклава, Туршија, Раванија, Шеќерпаре или Мусака. Тоашто ние го знаеме зборот самар дека поаѓа од албанскиот јазик авторката тврди дека е македонски збор кој доаѓа од зборот слама. Со други зборови главните состојки на самарот се сламата, дрворото и јажињата/ортоми. Од зборот самар пак се произлезени следните топоними, Самара (Русија) Самара (Ирак) Самарканд (Бактрија) Самарија (Палестина) и др. Интересно е да се спомене како и зошто англиските зборови austerity и oyster се пресликуваат во имињата на голобрдските села Големо Острени и Мало Острени. Или да ја споменеме врската помеѓу голобрдското село Стеблево и странскиот збор стабилност. Според книгата, имењаци на македонската област Голобрдо се топонимите Lombardy во Италија, Bordeaux во Франција, Bardejov во Словачка, Brdy во Чешка, Бардовци во Македонија итн. Не треба ниту да се заборави на занимливото образложение дадено во книгата за селото Требиште и името на библиското дрво Terebinth. Топло ја препорачуваме да се прочита оваа книга, од која многу може да се дознае и научи.

www.ilinden-tirana.com