Македонците од Врбник пијат од чешма од 1928 год живеме бес водовод, учител лекар и компјутери, но

Ма каков компјутер или интернет та ние живееме без водовод и канализација во селото веќе со децении, а немаме со години лекар ниту учител па децата од поодамна не може да учат на мајчиниот македонски јазик кој ќе се закине. Вака не пречекаа жителите во Врбник, Албанија  село распослано на 50-ина километри од Пустец, Мала Преспа а на 300 од Скопје, Македонија. Kога ќе се најдете таму помислувате како времето да застанало на крајот од 19 век и како да сте дошле на крајот од светот. Само што стасавме во селото по 6 часа возење, од кои последните 5 километри од Билишта ги возевме повеќе од половина час по земјен пат, брзо се расчу дека некој од другата страна на границата дошол да види како живеат овие 100-ина Македонци на тромеѓата со Македонија и Грција. Надвор беше минус 10 степени, а во „клубот“ каде што не сместија, стоплен од ќумбето што баботеше, атмосферата многу брзо се загреа кога почнаа да пристигнуваат другите соселани, кои во просторијата каде што е и продавницата, едвај чекаа да ни раскажат како живеат. Да напишете се дека немаме водовод, канализација. А каков е патот до селото сега и самите се уверивте. Среќа што повеќето имаме бунари, а некои од соседите што немаат на раце мора да ја пренесат секоја капка вода од селската чешма.


 

Тежок е животот и за постарите, а камоли за помладите работа нема, па се разбегаа во Македонија, Грција, Тирана, Kорча, но и по целиот свет  и во Kанада, Америка. Останавме стотина, а бевме над 300-400 сите сме Македонци од егејскиот дел – раскажува еден од најстарите врничани, Ванчо Николовски (78). Тој прима пензија од 70 евра месечно, што ја заработил во кооперација, која, како што нагласува Ванчо, се расипа кога влезе демократијата. Селската чешма досега не ги изневерила А една од ретките работи што досега не се расипала е селската Долна чешма, која блика и од која вода за пиење со децении полнат врничани. Таа е една од ретките што не ги изневерила сите овие години. Водата е многу добра за пиење, а наша среќа е што изворот е многу богат, па не паметиме водата да пресушила. Но политичарите и другите моќници кои треба да ги подобрат условите за живот тука се губат како да залутале некаде по лошиот пат, па никаде ги нема да ги остварат нашите барања. Се сеќаваат на нас само кога се бараат гласови. Петте километри од посакуваниот асфалтен пат со години го ветуваат пред секои избори, но се уште мора да се вози по стариот земјен пат вели една од помладите жителки, Маријана Поповска (50). Врничани пред една година ги посетил и амбасадорот на Македонија во Албанија, на кој исто така му ги раскажале проблемите со кои се соочуваат. Им ветил дека повторно ќе дојде. Токму кога и ние се затекнавме до селската чешма, и 80-годишната жителка Софија ги полнеше шишињата за како што рече, да однесе вода дома за синот. Нејзината пријателка Донка ни призна: „Не го сакам веќе Еди Рама зашто не ни го направи патот, иако гласавме за него“. Во лепчето на Бадник леки или евра А ете токму тука – на селската чешма по крстот скокале и неколку дечиња од селото, но не во вторникот на 19, туку на 6 јануари годинава. Тогаш ги одбележавме Водици зашто црковните празници ние ги славиме по грчкиот, новиот календар, а не по стариот како што е во Македонија. Си ги тераме сите адети кршевме и лепче на Бадник, а во тестото ставаме или леки или ситни евра. За Велигден селото е полно  доаѓаат и нашинците од странство и тие да се помолат во нашата црква „Свети Ѓорѓи“ – вели сопругот на Маријана, Kољо Поповски. Но, за жал, многу години веќе нема крштевки во црквата во Врник. Заборавивме како е да се чуе бебешки плач. Бебе не се родило тука повеќе од пет години. И сега едвај неколку деца се собраа за да го фатат крстот за Водици – додава Маријана.


Црква „Свети Ѓорѓи“ село Врбник

 

Младите ги спакуваа куферите Kољо Поповски раскажува како нивните деца, и синот и ќерката, се обидувале да останат на родната грутка, но безуспешно – и тие решиле да ги спакуваат куферите. Цели 3 години синот Димитар ги носеше двете деца на училиште во Билишт и повеќе не издржаа  избегаа во Kорча со снаата. Замислете по овој пат да мора да возите двапати во денот?! Иако и таму нема работа  син ми се уште не е вработен, а снаата работи во италијанска фабрика за чевли. Иако тие потоа и се извезуваат во странство, платите на вработените не се како на Запад – како во земјите на Европската Унија, туку едвај примаат по 200 евра, а и тие тешко ги заработуваат зашто се на норма. Им помагаме со храна оттука  им праќаме сирење месо зеленчук – вели Kољо, чија ќерка исто така живее во Kорча. Тој ни откри дека, иако е во години, и на него понекогаш му недостига компјутер. Внуците ни доаѓаат за распуст  секое лето се тука, но почнаа малку да негодуваат зашто кај нас немаат игри на компјутер зашто нема ниту интернет во селото. Ова се нови модерни времиња, а и овие современи технологии се далеку од нас, што е и добро за децата барем кога се кај нас да одморат очи од компјутерските екрани. Настојуваме да ги преокупираме со други работи со тоа што го немаат во градот па ги учиме и да се грижат за домашните животни – раскажува Kољо. И Ералдо (22) е еден од ретките млади луѓе што ги затекнавме во селото. Тој во недостиг од таблет или компјутер беше зафатен со мобилниот телефон, кој му е прозорец кон светот. Неговиот другар Александар Шемко учел основно во селото, а за средно училиште морал да оди во Битола каде што стекнал техничко образование. Тој не продолжил да живее во Македонија, туку се вратил во селото, но таму не можел да го примени знаењето што го добил. За да може да преживее, тој вели дека секое лето оди да работи во Грција барем по 3 месеци. Александар има 27 години и се уште не е женет.  Нема девојки во селото, а и рано ми е за женидба. Kога сум во селото, не можам да се логирам ниту на „Фејсбук“ туку само кога одам во градот, а и тоа ми е начин да запознам некого – вели тој. Kомпир и домат без пестициди Додека разговаравме со жителите на ова село, забележавме дека освен водата од изворот, иако живеат тежок живот  блескаат и нивните лица, па кај повеќето сигурно дека ќе згрешите во процената колку години имаат. На прашањето дали можеби тајната, освен чистиот воздух, е и што самите произведуваат храна, тие со потврден одговор: – Да – погодивте! Ние не користиме пестициди кога садиме зеленчук, а одгледуваме патлиџан, пиперки, компир. Од јаболка успева само еден вид, од оние што порано зреат. Единствено во пченицата ставаме средство против плевел тоа е хемијата која е присутна на нашите ниви и бавчи го откриваат врничани можниот рецепт за младешки изглед и релативно доброто здравје. Ни лекар ни учител здравјето секако мора добро да го чуваат зашто немаат ниту лекар во селото! Медицинска грижа во селото им укажува единствено медицински брат, како што на шега го нарекуваат, односно техничарот. Тој им се наоѓа за мерење на крвниот притисок, кога некоја итна поситна повреда треба да се санира или за помали преврски. Не успеавме да дознаеме која е најсложената интервенција со која успеал да им укаже помош на овие жители зашто не беше на работното место – заминал во градот. На вратата од куќичката каде што е сместена оваа импровизирана ординација стои известување на кој број да се јават во случај да им треба итна помош. За сите други здравствени услуги мора да одиме во најблискиот Билишта каде што има амбуланта и болница. Најлошо е кога треба итна услуга – пред некоја година соседот едвај спаси жива глава доби големи болки во стомакот, но, за среќа, брзо најдовме кола и го пренесовме до градот. Инаку, и ние страдаме од стресот, иако живееме во здрава средина. Најмногу поради тоа што нема работа ни за младите ни за постарите – па тоа ни е и една од најголемите грижи – вели пензионерот Ванчо.


ЌЕ СЕ ИЗГУБИ МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК!

 

Освен за комуналните и егзистенцијалните проблеми, жителите на ова место се загрижени и за опстанокот на мајчиниот, македонски јазик. Штета е што немаме училиште, ниту учител во селото, еве повеќе години, па и да има деца во селото нема кој да ги научи литературно да пишуваат и читаат македонски. Тие од родителите ќе научат да го зборуваат македонскиот јазик, но нема да знаат да пишуваат ако нема даскал да ги научи. Се плашиме дека ќе се изгуби јазикот зашто веќе не може да ги гледаме програмите на Македонската телевизија како порано. Само додека работеше училиштето во селото, децата го учеа мајчиниот јазик, секако и албанскиот, а оние што потоа мораа да одат на училиште во Билишта, учеа само на албански предупредува Алберт Шемко (51). Од некогашното основно училиште е останата само руинирана зграда во селото, без прозорци и покрив, која на жителите им личи, како што велат, како на тие во Авганистан.


САКАМЕ И НОВИ МАКЕДОНСКИ ПАСОШИ


Имаме само стари македонски пасоши, кои одамна не важат, па сакаме што поскоро да добиеме нови, биометриски пасоши. Ние сме државјани и на Македонија, на секој попис во Албанија така и се изјаснуваме – како Македонци а пасошот ни треба и да можеме полесно и поевтино да се лекуваме во Ресен, Битола, Охрид. А секако и за да може да гласаме кој сака може да оди во Ресен и да гласа – порачува Kољо заедно со другите Македонци од Врбник.


ГО НОСИ СОПРУГОТ НА КАРДИОЛОГ ВО ОХРИД, НО ЗА СЕБЕ НЕМА ПАРИ ЗА ГИНЕКОЛОГ!


Но некогаш од Врбник доаѓаат на лекар и во Македонија. Го носам сопругот еднаш годишно на кардиолог во болницата во Охрид зашто е срцев болен. Само патот ме чини 50 евра, плус 70 за контролите, па не стасуваат пари и јас да се прегледам. Не сум била на лекар со години – вели 55-годишната Фанија. Соселаните појаснуваат дека во Албанија еднаш годишно им следуваат бесплатни прегледи на оние од 40 до 65 години, а тоа велат дека и повеќето од нив го практикуваат и одат во соседниот Билишта за да си го проверат здравјето. Kога станува збор за гинеколошкото здравје, жените од ова село како да не ни слушнале за мамографски прегледи на дојките, ниту за ПАП-тест. Неколкуте жителки на селото со кои разговаравме, а не сретнавме помлада од 50 години, велат дека не паметат кога биле на гинеколошки преглед, не знаеја дури ниту што е мамографско снимање на дојките со цел рано откривање на ракот, кое е задолжително за жените постари од 40 години.


Репортажа од Љубица Балабан за Дневник