Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана средба со македонскиот новинар Саша Узунов Печати
Петок, 02 Ноември 2018 10:57

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана,и главен и одговорен уредник на Македонски весник “Илинден” г-дин Никола Ѓурѓај на 27.10.2018 година во Скопје, Република Македонија, оствари средба со г-дин д-р Саша Узунов македонскито новинар и независен режисер и фоторепортер во слободен весник во Австралија и активист на Македонците во Австралија. На средбата претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, го информира г-дин Саша Узунов за активностите на Друштвото и Македонски весник “Илинден”. На средбата се нагласи потребата за повеќе соработка меѓу Македонските малцинства на Балканот и Македонскота дијаспора ширум светот. Г-дин Саша Узунов долги години е во контакт со Македонците во соседните држави, има многу репортажи и вести пишано за Македонците во соседните држави но се прават напори тие контакт во иднина да се зајакнат со почести средби.